Наслов: Ние не сме робови, ние сме динамит!
Автор: Анархисти
Датум: 2009/2013
Забелешки: Текст на плакатот за солидарност со Алфредо Бонано и Христос Стратигопулос, 2009. Појаснување на плакатот објавено во Horse Service #34, март 2013. Превод: Стефан Симоновски.

Ние не сме робови, ние сме динамит!

Постојат стари теми, од друг век. Сиромаштијата, за која се веруваше дека нејзиното ширење на Запад повеќе не е можно, се врати за да ни ги покаже забите. Банкарите сè уште не скокаат од прозорци, но сиромаштијата ги полни улиците. Продавниците и фабриките ги затвораат своите врати. Милиони луѓе се во ситуација во која не гледаат никаква иднина. Им беше ветувано дека ако животот го минат на колена, помеѓу работата од која профитира само газдата и покорноста кон оние на власт, ќе имаат сигурен и тивок опстанок. Сега на сите им е јасно дека и тоа беше лага.

Постојат стари теми, од друг век. Редиците пред народните кујни се сè подолги. Бројот на кражби во супермаркетите расте. Судските процеси се сè побројни. И додека оние на дното се обидуваат да не умрат од глад, оние на врвот се подготвуваат за најлошото во страв од социјалната експлозија. „Нулта толеранција“ важи за сите кои го кршат законот; се градат нови затвори за староседелци и за имигранти; војници и „волонтери“ патролираат низ населби кои се под видео надзор. И новиот и стариот слој на сиромашни мораат да знаат дека единствениот дозволен избор им е или да умрат од глад затоа што немаат основни средства за живот или самоубиство.

Постојат стари теми, од друг век. Денес сè повеќе и повеќе луѓе посегнуваат по богатство онаму каде што го има во изобилство. Но ги има и оние кои носат сон во своите срца, како двајцата анархисти, Христос и Алфредо, кои на 1 октомври беа уапсени во Грција за грабеж на банка. Христос извршил вооружен грабеж на банката, а за Алфредо тврдат дека му помогнал чекајќи да ги преземе парите. Сега обајцата, еден грчки и еден италијански анархист, се зад решетки. Затворот е судбина на сите кои ветиле дека нема да умрат во беда, на сите непријатели на експлоатацијата и авторитетот.

Постојат стари теми, од друг век. Уништена економија, огромна невработеност, сè полоши животни услови, војна наметната на сиромашните од страна на моќниците, забрзано ширење на расизмот, развој на технологијата кој ѝ се заканува на Земјата, наизменичното воведување на демократијата како награда и тоталитаризмот како казна од страна на државата... Во ова ненадејно враќање во минатото, сè уште недостига нешто: нарушеното достоинство кое ќе го отстрани очајот и ќе го претвори во акција. Недостига слободата која не е само право на послушност кон авторитетот, туку го предизвикува секој облик на моќ. Недостига желбата за живот во кој не сме задоволни од постоечкото и која покренува напад за да го оствариме она што никогаш не постоело.

Стара тема е тоа, од друг век: востание!

2009

 

Ние не сме робови

Ние не сме робови, ние сме динамит. Тоа беше наслов на еден плакат кој пред неколку години се појави на ѕидовите во знак на солидарност со двајца анархисти уапсени под обвинение за грабеж на банка.

Иако реченицата звучи заканувачки кон моќниците, сепак треба добро да се замислиме над неа. Затоа што не смееме да ја извртиме. Ние не сме динамит затоа што сме робови. Ние сме динамит затоа што нема да бидеме робови, затоа што не сакаме да бидеме робови. Цел еден свет ги раздвојува тие два изрази. Свет кој ги разликува анархистите од сите други струи кои се сметаат за револуционерни.

Условите за живот - пролетери или работници, сиромашни или доселеници - не се тие кои нè претвориле во бунтовници. Не се залажуваме со денешното влошување на животните услови, не мислиме дека сè ќе пропадне затоа што секој ден е сè полошо. Тоа се само слатки илузии со кои револуционерите се залажуваат. Власта го приковува човека за улогата која му ја наметнува општеството. Постојано ги создава и репродуцира условите на тие улоги за робот да не може да се ослободи од оковите. Но, за да постои смртоносна борба помеѓу власта и робот, најпрвин робот мора да одлучи.

Волја, тука лежи разликата помеѓу робот и бунтовникот. Волјата да се спротиставиш, да не прифатиш, да се соочиш со сè што сака да те потчини, да те претвори во роб. Власта никогаш нема да успее целосно да ја искорени волјата од затворениците, и од тоа постојано се плаши. Затоа што волјата докажува дека не смееме да чекаме, дека можеме да делуваме и тоа веднаш. Решителноста и истрајноста, без оглед колку се малцински, нека ја надвледаат инерцијата на толпата и постоечките општествени односи.

Не смееме да се плашиме од нашата волја. Ако тоа биде наша волја, ќе бидеме динамит и ќе ги срушиме сите столбови на власта.

Историјата не е след на настани кои ги произведува сеприсутниот закон. Историјата ја создаваат и репродуцираат волјите кои делуваат.

2013