Алфредо М. Бонано
Вооружена радост
Вовед
Оваа книга е напишана во 1977 година, во екот на револуционерната борба, која во тој момент се водеше во Италија, и треба да се чита токму од таа перспектива, земајќи ја предвид тогашната ситуација која денес е длабоко изменета.
Револуционерното движење, а во рамки на него и анархистичкото, беше во развојна фаза и сѐ делуваше можно, дури и генерализација на вооружениот судир.
Но беше нужно човек да се заштити од опасностите од специјализација и милитаризација, кои потесното малцинство на милитанти сакаше да ги наметне на десетиците илјади другари кои се бореа со сите можни средства против репресијата и обидите на Државата - иако прилично слаби - да го реорганизира начинот на управување со капиталот.
Таква беше ситуацијата во Италија, но нешто слично се случуваше во Германија, Франција, Велика Британија и во други држави.
Од клучно значење тогаш беше да се избегне многубројните акции, кои другарите секојдневно ги организираа против кадрите и структурите на власта и капиталот да бидат сведени на логиката на управување на исклучиво една вооружена партија, како што, на пример, беа Црвените бригади во Италија.
Тоа е духот на оваа книга. Да се покаже како од секојдневната практика на ослободување и уништување може да се изроди разиграна логика на борбата, наместо од убиствениот строго зацртан шематски метод во рамки на однапред воспоставените правилници на лидерската група.
Некои од овие проблеми денес повеќе не постојат. Беа разрешени од тешките историски лекции. Падот на реалсоцијализмот одеднаш им даде нова димензија на управувачките амбиции на маркистистите од сите струи и видови. Но не ја згасна, туку веројатно ја разгори желбата за слобода и анархокомунизам, која се шири насекаде, особено меѓу оние од младите генерации; дури и покрај тоа што во поголемиот број случаи не се повикуваат на традиционалните симболи на анархизмот и анархистичките теории, на кои исто така се гледа со чувство на гадење кое го разбирам, но не го споделувам, како на симболи и теории заразени со идеологија.
Денес оваа книга повторно е актуелна, но овојпат на поинаков начин. Повеќе не како критика на една тешка монополизирачка структура која повеќе не постои, туку затоа што може со радост да укаже на потенцијалниот капацитет на поединецот на неговиот пат кон уништување на сето она што го угнетува и владее.
На крај, треба да споменам дека во Италија беше наредено книгата да се уништи. Пресудата на италијанскиот Врховен суд наложи да биде запалена. Сите библиотеки кои имаа примерок од книгата добија налог од Министерството за внатрешни работи со кој беше наредено нејзино уништување. Не беа малкумина библиотекарите кои одбија да ја уништат книгата, сметајќи го тој чин достоен за нацистите или Инквизицијата, но книгата според законот не смее да се изнајмува и не смее легално да кружи низ Италија, а на многу другари им беа одземени примероци од книгата во текот на безбројните рации за таа цел.
Заради пишувањето на оваа книга бев осуден на една и половина година затвор.
Алфредо. М. Бонано, Катанија, 14 јули 1993
Вооружена радост
1
Во Париз 1848, револуцијата
беше празник без почеток или крај
Бакунин
Зошто, по ѓаволите, го застрелаа Монтанели[1] во нозете? Немаше ли да биде подобро ако стрелаа во главата?
Се разбира дека ќе беше. Но, исто така ќе беше и потешко. Поодмаздољубиво и помрачно. Да осакатиш ѕверка на тој начин може да има подлабока, позначајна страна којашто ја надминува одмаздата - онаа на казнување заради неговата одговорност, заради неговото фашистичко журналство и лакејствување на босовите.
Да го осакатиш значи да го принудиш да куца, да памти. Згора на тоа, осакатувањето е попријатна забава отколку стрелањето во глава со парчиња мозок кои летаат на сите страни.
Другарот кој секое утро се втурнува во маглата и зачекорува во задушливата атмосфера на фабриката или канцеларијата само за да ги види истите лица – шефот на одделот, контролорот на времето, шпионот на смената, стахановитот со седум деца за издржување – ја чувствува потребата од револуција, борба и физички судир, дури и смртоносен. Но тој исто така сака да искуси радост сега, веднаш. И тој во своите фантазии ја потхранува таа радост, додека чекори со наведната глава низ маглата, минувајќи часови во возови или трамваи, задушувајќи се во бесполезните документации или покрај бескорисните шрафови кои служат да ги држат заедно бескорисните механизми на капиталот.
Платена радост, слободни викенди или годишни одмори платени од шефот, исто како да платиш за да водиш љубов. Изгледа исто, но нешто недостасува.
Стотици теории се натрупани во книги, памфлети и револуционерни списи. Мораме да направиме вака, онака, да гледаме на нештата како што рекол оној или овој, затоа што тие се вистинските толкувачи на ова или она нешто од минатото, оние со големи букви кои ги пополнуваат задушливите томови на класиците.
Дури и потребата да се држат при рака е дел од литургијата. Да се немаат би бил лош знак, би било сомнително. Корисно е да се чуваат при рака за секој случај. Како што се тешки, би можеле да бидат фрлени во лице на некој тапаџија. Не нова, но секогаш здрава потврда на валидноста на револуционерните текстови од минатото (и сегашноста).
Во тие томови никогаш нема ништо за радоста. Строгоста на манастирот нема на што да ѝ завидува на задушувачката атмосфера што човек ја вдишува од нивните страници. Нивните автори, свештениците на револуцијата на одмазда и казнување, го минуваат своето време вагајќи вина и одмазда.
Од друга страна, овие девици во фармерки дале чесен збор, па истото и го наметнуваат. Тие сакаат да бидат наградени за својата жртва. Најпрвин, тие го напуштија удобното опкружување на нивното класно потекло, а потоа своите капацитети ги ставија на располагање на лишените од наследство. Се навикнаа да употребуваат зборови што не се нивни и да се справуваат со валкана облека и ненаместени кревети. Оттаму, човек би требало барем да ги ислуша.
Сонуваат за уредни револуции, педантно исцртани принципи, анархија без турбуленција. Доколку нештата земат поинаков тек тие почнуваат да врeскаат, да се дерат доволно гласно за полицијата да ги чуе.
Револуционерите се нежни. Револуцијата не е.
2
Мачката ја нарекувам мачка
Боало
Сите сме преокупирани со револуционерниот проблем за тоа што и како треба да се произведува, но никој не посочува дека производството е револуционерен проблем.
Ако производството е во сржта на капитализмот, менувањето на начинот на производство ќе го промени и начинот на угнетување.
Мачката, дури и ако ја обите црвена, е мачка.
Производителот е светиња. Рацете настрана. Величајте ја неговата жртва во име на револуцијата и приказната е завршена.
„А што ќе јадеме?“ прашуваат загрижените луѓе. „Леб и маст“, велат реалистите, со едно око на чинијата, а друго на нивната пушка. „Идеи“, заклучуваат конфузните идеалисти, со едно око на соновникот, а другото на човештвото.
Секој што ќе го отвори прашањето за производство ќе си го добие.
Капитализмот и оние што се борат против него ќе седнат едни до други врз лешот на производителот, но производството мора да продолжи.
Критиката на политичката економија е рационализација на начинот на производство (од оние кои ги уживаат сите негови удобности). Сите останати, оние коишто се угнетени, мораат да се погрижат ништо да не недостига. Инаку, како би живееле?
Кога ќе излезе на светлина, синот на темнината ништо не гледа, исто како и кога се глупирал во мракот. Радоста го заслепува. Го убива. Оттаму, тој вели дека таа е халуцинација и ја проколнува.
Дебелиот, масен буржуј си го тополи во мрзливост. Оттаму, уживањето е грешно. Тоа би значело споделување на истите чувства како и буржоазијата и предавство на произведувачкиот пролетаријат.
Тоа не е вистина. Буржујот многу се труди за да го одржи процесот на производство. Тој исто така е под стрес и никогаш не наоѓа време за уживање. Неговите крстарења се прилики за нови инвестирања, неговите љубовници петоколонаши за добивање информации за конкурентите.
Богот на продуктивноста ги убива и неговите верни следбеници. Им ги откинува главите, нема да остане ништо освен куп ѓубре.
Гладниот несреќник негува чувства на одмазда кога ќе ги види богаташите опкружени со нивните газолижачи. Непријателот мора да биде уништен. Но сочувајте го пленот. Богатството не смее да биде уништено, тоа мора да биде искористено. Не е важно што е тоа, каква форма има или какви можности за вработување нуди. Она што е важно е навреме да се грабне од оној што го има, за сите да имаат пристап до него.
Сите? Се разбира, сите.
А како ќе се случи тоа?
Со револуционерно насилство.
Добар одговор. Но навистина, што ќе правиме откако ќе исечеме толку многу глави што тоа ќе ни стане здодевно? Што ќе правиме кога повеќе нема да има газди, дури и ако ги бараме со ламби во мракот?
Тогаш ќе завладее револуцијата. Секому според потребите, секој според можностите.
Само малку, другар. Овде ми смрди на сметководство. Зборуваме за потрошувачка и производство. Сè уште сè е во рамки на производството. Математиката прави да се чувствувате сигурно. Два и два се четири. Кој ќе ја оспори оваа „вистина“? Бројките владеат со светот. Ако тоа го правеле досега, зошто и понатаму да го прават истото?
Сите имаме потреба од нешто сигурно и истрајно. Камења со кои ќе изградиме ѕид кој ќе ги запре импулсите кои почнуваат да нè задушуваат. Сите имаме потреба од објективност. Газдата се колне во неговиот паричник, селанецот во неговата мотика, револуционерот во неговата пушка. Пуштете зрак на критицизам и целата конструкција ќе се распадне.
Со неговата вознемирувачка објективност, секојдневниот свет нè условува и репродуцира. Сите ние сме деца на секојдневната баналност. Дури и кога зборуваме за „сериозни“ нешта како револуција, нашите очи сè уште се залепени за календарот. Газдата стравува од револуција бидејќи таа ќе го лиши од неговото богатство, селанецот ќе ја изведе за да дојде до парче земја, револуционерот за да ја испроба својата теорија.
Ако проблемот се согледа во оваа рамка, не постои разлика меѓу паричникот, земјата и револуционерната теорија. Сите овие нешта во голема мера се имагинарни, ништо повеќе од одрази на човековата илузија.
Само борбата е стварна.
Според неа се разликуваат газдата и селанецот, и преку неа се воспоставува врската помеѓу селанецот и револуционерот.
Облиците на организација што го презема производството се идеолошки средства за прикривање на илузорниот индивидуален идентитет. Овој идентитет се пренесува на економскиот концепт на вредноста. Системот ја воспоставува својата дефиниција. Газдите контролираат делови од овој систем, како што можеме да видиме кај потрошувачката. Технологиите на психолошката војна и целосното угнетување исто така придонесуваат кон зацврстување на идејата дека човекот е човек во услови кога произведува.
Другите делови од системот можат да бидат модифицирани. Тие не можат да бидат подложни на револуционерна промена, но затоа одвреме-навреме се модифицираат. На пример, земете ја масовната потрошувачка којашто изминативе години го зазема местото на луксузната потрошувачка.
Потоа, тука се и порафинираните начини, како самоуправувачката контрола на производството. Уште еден елемент во системот на експлоатација.
И така натаму. Секој што ќе одлучи да го организира мојот живот во мое име, никогаш не може да биде мој другар. Ако се обидат да го оправдаат тоа со изреката дека некој мора да „произведува“, инаку би го загубиле нашиот идентитет како човечки суштества и со нас би завладеала „дивата, сурова природа“, ние ќе одговориме дека односот човек-природа е производ на просветената марксистичка буржоазија. Зошто ли сакаа мотиката да ја претворат во трактор? Зошто човекот мора постојано да се стреми да биде различен од природата?
3
Луѓето, ако не го добијат она што е
нужно, се истоштуваат со она
што е непотребно.
Гете
Човекот има потреба од многу нешта.
Оваа изјава најчесто се толкува со значење дека човекот има потреби, дека тој е обврзан да ги задоволи.
На тој начин луѓето се трансформираат од историски детерминирани единици во дуализам (истовремено средства и цел). Тие се реализираат себеси преку задоволување на своите потреби (т.е. преку работа) и оттаму стануваат инструмент на сопствената реализација.
Секој може да воочи колку митологија се крие зад ваквите изјави. Ако луѓето се разликуваат од природата преку работата, како можат да се реализираат себеси преку задоволување на своите потреби? За да го сторат тоа, тие веќе треба да се „Луѓе“, значи веќе ги задоволиле своите потреби, што значи дека не би имало потреба од работа.
Стоката има длабоко симболичко значење. Таа станува референтна точка, мерна единица, заменска вредност. Започнува спектаклот. Улогите се делат и репродуцираат до бесконечност. Актерите продолжуваат да ги играат своите ролји без некои значајни модификации.
Задоволувањето на потребите станува само рефлекс, маргинална последица. Она што е значајно е трансформацијата на луѓето во „објекти“, а со нив и сето останато. Природата станува „објект“. Истрошена, таа станува корумпирана, а заедно со неа и човечките витални инстинкти. Помеѓу природата и човекот се отвора празнина која треба да се исполни, а за тоа се грижи стоковиот пазар преку експанзија. Спектаклот се шири до таа мера што се проголтува себеси заедно со своите контрадикторности. Публиката и сцената припаѓаат на истата димензија, стремејќи се кон повисоко, далекусежно ниво на репродуцирање на истиот тој спектакл, и така сѐ до бесконечност.
Сите кои ќе успеат да побегнат од кодирањето на стоката го избегнуваат опредметувањето и запаѓаат „надвор“ од вистинската област на спектаклот. Тие се етикетираат. Тие се изолираат. Ако го одбијат калапењето или некој од другите облици на кодифицирање, тие се криминализираат. Мора да се луди! Во свет кој илузијата ја претворил во основа за својата стварност, забрането е да се одбива илузорното.
Капиталот управува со спектаклот според законите на акумулација. Но ништо не може да се акумулира бесконечно. Ниту капиталот. Неограничениот квантитативен процес е илузија, квантитативна илузија. Босовите тоа совршено го разбираат. Експлоатацијата поприма различни облици и идеолошки модели токму за да ја осигура оваа акумулација на квалитативно поинаков начин, бидејќи таа не може да продолжи до бесконечност само во нејзиниот квантитативен аспект.
Фактот што целиот процес станува парадоксален и илузорен не му пречи многу на капиталот, бидејќи токму тоа е она што ги држи конците и создава правилата. Доколку треба илузијата да ја продава како стварност, а притоа заработува пари, тогаш ајде да продолжиме со тоа без да поставуваме многу прашања. Угнетените се оние кои ја плаќаат сметката. Оттаму, останува на нив да го увидат трикот и да се грижат за распознавање на стварноста. Бидејќи за капиталот работите се во ред такви какви што се, иако се засноваат на најголемата измама во светот.
Угнетените се речиси носталгични за оваа измама. Тие се привикнати на своите окови и се приврзани за нив. Тук-таму имаат по некоја фантазија за востание или крвопролевање, за потоа да бидат заведени од говорите на новите политички лидери. Револуционерната партија ја проширува илузорната перспектива до хоризонти кои самата таа никогаш не би можела да ги достигне.
Квантитативната илузија повторно доведува до колеж.
Угнетените се здружуваат, се пребројуваат. Жестоките слогани прават срцата на буржуите да подрипнуваат. Колку поголем е нивниот број, толку повеќе водачите се перчат и мамат. Изнесуваат големи програми за преземање на власта. Таа нова моќ се подготвува да се постави себеси на остатоците од старата. А духот на Бонапарта задоволно се смее.
Се разбира, длабоките промени се програмираат во илузорниот код. Но сѐ мора да остане потчинето на симболот на квантитативната акумулација. Како што расте бројот на воените сили се зголемуваат барањата за револуција. На ист начин мора да расте и стапката на општествен профит која го зазема местото на приватниот профит. На тој начин капиталот влегува во нова, илузорна, спектакуларна фаза. Старите потреби постојано притискаат, носејќи нови етикети. Богот на продуктивноста продолжува да владее непредизивикан.
Колку е добро да се пребројуваме. Тоа прави да се чувствуваме силни. Синдикатите се пребројуваат. Партиите се пребројуваат. Исто и ние. Сите во круг.
А кога ќе престанеме да се пребројуваме, се обидуваме да ги одржиме нештата какви што претходно биле. Ако промената не може да се избегне, ќе ја спроведеме без некого да вознемириме.
Повремено политиката одново избувнува. Капиталот често измислува генијални решенија. Тогаш на глава ни паѓа социјалниот мир. Гробната тишина. Илузијата се распространува до толкаво ниво што спектаклот ги апсорбира речиси сите расположиви сили. Ниту звук. А потоа се откриваат недостатоците и монотонијата на претставата. Завесата се крева кога настаните се непредвидени. Капиталистичката машина прима удар. Револуционерната активност повторно се открива. Тоа се случи ’68. Очите им испаднаа речиси на сите. Сите беа крајно бесни. Доволно летоци за да се удавиш во нив. Планини од летоци, памфлети, документи и книги. Старите идеолошки разлики подредени како лимени војници. Дури и анархистите повторно се открија себеси. А тоа го сторија историски, според потребите на моментот. Сите беа многу тврдоглави, вклучувајќи ги и анархистите. Некои луѓе кои се разбудија од спектакуларниот сон, барајќи наоколу простор и воздух за дишење, кога ги видоа анархистите си рекоа: Конечно! Еве со кого сакам да бидам. Набрзо ја сфатија својата грешка. Дури и во таа насока нештата не се развија онака како што би требало. И таму, тврдоглавост и спектакл. Затоа и побегнаа. Се затворија во себе. Се распаднаа. Ја прифатија играта на капиталот. Или ако не ја прифатија беа протерани, дури и од анархистите.
Машинеријата од ’68 ги произведе најдобрите цивилни слуги на новата технобирократска држава. Но исто така ги произведе и антителата. Процесот на квантитативната илузија стана видлив. Од една страна, тој се здоби со свежа лимфа за да ја изгради новата визија на спектаклот на стоката, а од друга страна се случи раскол.
Неефективноста на конфронтацијата на ниво на производството стана јасна. Заземете ги фабриките, полињата, училиштата и маалата и самоуправувајте со нив, повикуваа старите револуционерни анархисти. Ќе ја уништиме моќта во сите нејзини облици, додаваа. Но не се зафатија веднаш со коренот на проблемот. Иако свесни за неговата гравитација и големина, тие повеќе сакаа да го игнорираат, полагајќи ја својата надеж во креативната спонтаност на револуцијата. Но тие сакаа да ја задржат контролата врз производството додека ги чекаат резултатите од таа спонтаност. Тие инсистираа дека без оглед што и да се случи, без оглед какви креативни облици да преземе револуцијата, мораме да ги поседуваме средствата за производство. Инаку непријателот ќе не порази на тоа ниво. А со цел да го остварат тоа, тие почнаа да прифаќаат секаков вид на компромиси. Оттаму, завршија создавајќи уште еден, поужасен, облик на спектакл.
Илузијата на спектаклот има сопствени правила. Оние кои сакаат да ја насочуваат мора да се придржуваат до нив. Тие мора да ги знаат, да ги применуваат и да се заколнат пред нив. Првото од нив е дека производството влијае врз сѐ. Оној кој не произведува не е човек, револуцијата не е за нив. Зошто да толерираме паразити? Треба ли да работиме за нив? Треба ли да се грижиме за нивниот опстанок како и за нашиот? Покрај тоа, зарем овие луѓе со празни идеи кои полагаат право на тоа да прават што сакаат, во еден момент нема да бидат „објективно“ корисни за контрареволуцијата? Во тој случај, подобро веднаш да ги нападнеме. Знаеме кои се нашите сојузници и на чија страна сакаме да бидеме. Ако сакаме да застрашуваме, тогаш сите заедно да го сториме тоа, организирани и во совршен ред, не дозволувајќи никому да седне на нашата маса.
Да организираме наши посебни структури. Да обучиме милитанти кои ги познаваат техниките на борба во производството. Произведувачите ќе бидат оние што ќе ја извршат револуцијата, ние ќе бидеме таму едниствено за да се погрижиме да не сторат нешто будалесто.
Не, тоа не е во ред. Како ќе ги спречиме да не погрешат? На спектакуларното ниво на организација се наоѓаат оние кои се способни да кренат многу поголема врева од нас. А имаат и инспирација која можат да ја споделат. Борба на работното место. Борба за одбрана на работните места. Борба за производство.
Кога ќе се ослободиме од овој магичен круг? Кога ќе престанеме да трчаме по сопствените опаши?
4
Деформираниот човек секогаш наоѓа огледала
кои го прават убав
де Сад
Каква болест е љубовта кон работата!
Со голема театарска вештина, капиталот успеал да ги натера угнетените да ја сакаат експлоатацијата, бесените јажето и робовите своите окови.
Сѐ досега, оваа идеализација на работата претставуваше смрт за револуцијата. Движењето на угнетените беше корумпирано со буржоаскиот морал на производство којшто не е само туѓ, туку и спротивен на него. Не е случајно што работничките синдикати беа првиот сектор што беше корумпиран, токму поради нивната блискост со управувањето со производствениот спектакл.
Време е на работната етика да ѝ се спротивстави неработната естетика.
На задоволувањето на спектакуларните потреби наметнати од страна на потрошувачкото општество мораме да го спротивставиме задоволувањето на човековите природни потреби согледани во светло на примарната, суштествена потреба: потребата за комунизам.
На овој начин, се извртува квантитативната евалуација на потребите. Потребата за комунизам ги трансформира сите останати потреби и нивните притисоци врз човекот.
Сиромаштијата на човекот, последица на експлоатацијата, е согледана како основа за идниот спас. Христијанството и револуционерните движења оделе рака под рака низ историјата. Мораме да страдаме со цел да го освоиме рајот или да се здобиеме со класна свест која ќе нѐ одведе до револуција. Без работната етика марксистичкото поимање на „пролетаријатот“ не би имало никаква смисла. Но, работната етика е производ на истиот буржоаски рационализам кој ѝ овозможил на буржоазијата да ја освои моќта.
Корпоративизмот повторно оживува преку врските на пролетерскиот интернационализам. Сите се борат внатре својот сектор. Во најдобар случај тие контактираат преку синдикатите со слични на нив во други земји. На монолитните мултинационални компании им се спротивставени монолитните синдикати. Ќе ја изведеме револуцијата, но ќе ја задржиме машината, инструментот на работа, митскиот објект кој ја репродуцира историската доблест на буржоазијата, овојпат во рацете на пролетаријатот.
Наследникот на судбината на револуцијата е субјект предодреден да стане потрошувач и главен актер во идниот капиталистички спектакл. Идеализирана на ниво на судирот како корисник на својот резултат, револуционерната класа исчезнува во идеализмот на производството. Кога угнетените се затворени во една класа, тоа значи дека сите елементи на спектаклот веќе постојат, исто како и за класата на угнетувачи.
Единствениот начин експлоатираните да го избегнат глобализирачкиот проект на капиталот е преку одбивање на работата, производството и политичката економија.
Но одбивањето на работата не смее да се помеша со „недостигот од работа“ во општество кое се заснова на ова второто. Маргинализираните бараат работа. Тие не ја наоѓаат. Тие се потиснати во гетото. Тие се криминализирани. Потоа, сето тоа станува дел од менаџирањето на производствениот спектакл како целина. Производителите и невработените му се подеднакво нужни на капиталот. Но рамнотежата е чувствителна. Контрадикторностите избувнуваат предизвикувајќи разни видови кризи, а токму во тој контекст се одвива револуционерната интервенција.
Оттука, одбивањето на работата, уништувањето на работата, е афирмација на потребата за неработа. Афирмација дека човекот може да се репродуцира и материјализира себеси во неработата преку разни видови на трагања кои неработата ги стимулира во него. Идејата за уништување на работата изгледа апсурдна доколку се посматра од гледна точка на работната етика. Но како? Толку многу луѓе бараат работа, има толку многу невработени, а вие зборувате за уништување на работата? Се појавува лудичкиот дух и ги стаписува сите револуционери кои ги прочитале сите класици. Ригидниот модел за фронтален напад врз капиталистичките сили не смее да се промени. Минатите неуспеси и страдања се неважни: исто како и срамот и предавството. Напред другари, ќе дојдат подобри денови, само напред!
За да ги заплашат пролетерите и наведат да се придружат на статичното опкружување на работничките организации (партии, синдикати и нивните приврзоци), доволно е да се присетиме на што денес е сведен концептот на „слободно време“, односно привременото запирање на работата. Спектаклот понуден од големите организации за слободно време е смислено дизајниран да ги депримира и најплодните имагинации. Но тоа не е ништо повеќе од идеолошка маска, еден од многуте инструменти на сеопштата војна која го сочинува спектаклот во целина.
Потребата за комунизам трансформира сѐ. Преку потребата за комунизам, потребата за неработа преминува од негативниот аспект (опозиција на работата) кон позитивниот: можноста поединецот целосно да го користи својот капацитет во своја полза, моќ да се изрази, апсолутно слободно, напуштајќи ги сите модели, дури и оние кои се сметаат за фундаментални и нужни, како оние за производство.
Но револуционерите се предани луѓе и се плашат да раскинат со сите модели, вклучително и со оној „револуционерниот“, кој претставува пречка кон целосната реализација на самото значење на концептот. Се плашат дека можат да завршат без сопствена улога во животот. Сте запознале ли некогаш револуционер без револуционерен проект? Проект кој е добро дефиниран и јасно претставен на масите? Каков револуционер би бил оној кој сака да го уништи моделот, пакувањето, самите темели на револуцијата? Преку напаѓање на концептите како квантификација, класа, проект, модел, историска задача и други слични на нив, ризикуваме да нема што да правиме, да бидеме обврзани да делуваме во стварноста, скромно, како и сите останати. Како и милиони други кои ја градат револуцијата ден за ден без да чекаат на знаците за краен рок. А за да го правите тоа, потребна е храброст.
Со ригидни модели и мали квантитавни игри останувате во царството на нестварното, илузорниот проект на револуцијата, засилување на спектаклот на капиталот. Преку укинување на етиката за производство директно влегувате во револуционерната стварност.
Тешко е дури и да се зборува за такви нешта затоа што нема никаква смисла за нив да се зборува преку страниците на студии. Да се редуцираат овие проблеми на целосна и конечна анализа би значело да се промаши поентата. Најдоброто нешто би било неформална дискусија способна да ја изведе суптилната магија на играта со зборови.
Вистинска контрадикторност е за радоста да се зборува сериозно.
5
Летните ноќи се тешки,
Човек тешко спие во тесните соби.
Предвечерје е на Гилотината.
Зо д’Акса
Угнетените наоѓаат време и за игра. Но нивната игра не е радост. Таа е морничав ритуал. Очекување на смртта. Запирање на работата со цел да се фрли светло на насилството акумулирано за време на производствената активност. Во илузорниот свет на стоката, играта исто така е илузија. Ние замислуваме дека играме, а сѐ што всушност правиме е монотоно повторување на улогите кои ни ги доделил капиталот.
Кога стануваме свесни за процесот на угнетување, првото нешто што го чувствуваме е желбата за одмазда, радоста е последна. Ослободувањето се сфаќа како воспоставување на одамна нарушена рамнотежа преку злоделата на капитализмот, а не како свет на игра кој ќе го замени светот на работа.
Тоа е првата фаза од нападот врз газдите. Фазата на непосредна свесност. Она што нѐ зауздува се оковите, камшикот, затворските ѕидови, половите и расни бариери. Сето мора да се сруши. Затоа се вооружуваме и го напаѓаме непријателот за неговата одговорност.
Во ноќта на гилотината се поставуваат основите на новиот спектакл. Капиталот повторно добива сила: најпрвин летаат главите на босовите, а потоа оние на револуционерите.
Не е можно револуцијата да се изведе само со гилотина. Одмаздата е предворје на моќта. Сите оние што сакаат да се одмаздат имаат потреба од водач. Водач кој ќе ги одведе до победа и повторно ќе ја воспостави нарушената правда. А секој оној кој сака да се одмазди посакува да го поседува она што му било одземено. Сѐ до врвната апстракција: присвојувањето на вишок вредност.
Светот од иднината мора да биде свет во кој сите работат. Во ред! Значи ќе наметне ропство врз сите, освен на оние кои ќе го обезбедат неговото функционирање и кои, токму поради оваа причина, ќе станат новите босови.
Без оглед на сѐ, босовите мораат да „платат“ за нивната одговорност. Во ред! Затоа ќе ја спроведеме христијанската етика на гревот, судење и простување внатре револуцијата. Како и концептите на „долг“ и „отплата“, кои без сомнение имаат меркантилни корени.
Сето ова е дел од спектаклот. Дури и тогаш кога тој не е директно управуван од структурите на моќ, тој лесно може да се освои. Замената на улоги е дел од драмската техника.
На одредено ниво од класната борба можеби ќе биде потребно да се нападне користејќи ги орудијата на одмаздата и казната. Движењето не поседува други. Оттаму, време е за гилотина. Но, револуционерите мораат да бидат свесни за ограничувањата на таквите орудија. Не треба да се залажуваат себеси и останатите.
Во параноидната рамка на рационализирачката машина каква што е капитализмот, концептот на одмаздничка револуција можно е да стане дури и дел од спектаклот, бидејќи постојано се адаптира. Очигледното движење на производството се изведува преку благословот на економската наука, но тоа сѐ уште се заснова на илузорната антропологија на поделбата на задачите.
Не постои радост во работата, дури ниту во самоуправуваната работа. Револуцијата не смее да се редуцира на едноставна реорганизација на работата. Не само на тоа.
Нема радост во жртвувањето, смртта, одмаздата. Исто како што нема радост во пребројувањето на сопствената бројност. Аритметиката е негација на радоста.
Секој оној што сака да живее не произведува смрт. Транзициското прифаќање на гилотината води кон институционализација. Но истовремено, никој оној кој го сака животот не го прифаќа угнетувачот. Да се стори тоа значи да се биде против животот, во полза на жртвување, самоказнување, работа и смрт.
Вековите работа акумилирале голема планина од одмазда во гробницата на работата. Водачите на револуцијата смирено седат врз оваа планина. Тие го проучуваат најдобриот начин на којшто можат да профитираат од тоа. Оттаму, налетот на насилство мора да биде насочен кон интересите на новата каста на моќници. Симболите и знамињата. Слоганите и комплицираните анализи. Идеолошкиот апарат ја користи својата моќ да го стори она што е потребно.
Работната етика е она што ја овозможува оваа употреба. Секој оној што ја сака работата и сака да ги преземе средствата за производство, не сака нештата да се одвиваат непланирано. Тој од искуство знае дека газдите на своја страна имаат силна организација со цел да го овозможат угнетувањето. Тој смета дека исто толку силна и совршена организација може да го оствари ослободувањето. Треба да се стори сѐ што се може за по секоја цена да се сочува растот на производството.
Каква измама. Работната етика е христијанската етика на жртвување, етиката на газдите која е темел за масакрите низ историјата кои следеле еден по друг со загрижувачка редовност.
Овие луѓе не можат да сфатат дека е можно да не се произведува вишок вредност, или дека човек може дури и да одбие да го стори тоа. Дека е можно да се афирмира волја да не се произведува, способна да се бори и против економската структура на газдите и против идеолошките структури со кои е проткаена сета западна мисла.
Од суштинско значење е да се разбере дека работната етика е во основата на квантитативниот револуционерен проект. Секој аргумент против работата би бил бесмислен доколку е искажан од револуционерни организации со нивната логика на квантитативен раст.
Замената на работната етика со естетика на радост не би го попречила животот, како што изјавуваат многу загрижени другари. На прашањето: „Што ќе јадеме?“ може едноставно да се одговори: „Она што ќе го произведеме“. Единствено што производството повеќе нема да биде димензија во кој човекот се детерминира себеси, бидејќи таа ќе биде префрлена во сферата на играта и задоволството. Производството на човекот ќе стане природно. Тој ќе може да го запре производството во секој миг кога ќе има доволно. Единствено радоста не може да се контролира. Сила која илјадакратно ќе го мултиплицира креативниот импулс на револуцијата.
Би било невозможно да се измери општественото богатство на комунистичкиот свет преку акумулација на вишок на вредност, дури и ако тој биде управуван од малцинство кое себеси се нарекува партија на пролетаријатот. Таквата состојба репродуцира моќ и ја порекнува самата суштина на анархијата. Комунистичкото општествено богатство доаѓа од потенцијалот за живот кој се остварува преку револуцијата. Капиталистичката акумулација не смее да биде заменета со квантитативна акумулација (дури и ако таа е управувана од партијата), туку со квалитативна. Револуцијата на животот го зазема местото на чистата економска револуција, производствениот потенцијал го зазема местото на кристализираното производство, радоста го зазема местото на спектаклот.
Негацијата на спектакуларниот пазар на капиталистичката илузија ќе создаде друг вид на размена. Од фиктивна квантитативна промена кон вистинска квалитативна. Дистрибуцијата нема да се заснова на објекти и на нивното илузионистичко материјализирање, туку на значењето што објектите го имаат за животот. А тоа мора да биде значење на животот, не на смртта. Оттаму, овие објекти ќе бидат ограничени само на мигот во кој се разменуваат, а нивното значење ќе варира зависно од состојбата во која се разменуваат.
Еден ист објект би можел да има значително различни „вредности“. Тој ќе биде персонифициран. Нема да има ништо со производството какво што денес го познаваме во димензии на капиталот. Самата размена ќе има поинакво значење кога ќе биде согледана преку одбивањето на неограниченото производство.
Не постои такво нешто како ослободена работа. Не постои такво нешто како интегриран труд (мануелен-интелектуален). Она што постои е поделба на трудот и продажба на работната сила, т.е. капиталистичкиот свет на производство. Револуцијата е негација на трудот и афирмација на радоста. Секој обид да се наметне идејата за работа, „праведна“ работа, „самоуправувана“ работа каде што угнетените треба да се издвојат себеси од продуктивниот процес без угнетувањето, претставува мистификација.
Концептот на самоуправување на производството е валиден единствено како облик на борба против капитализмот, всушност тој не може да биде одвоен од идејата на самоуправување на борбата. Доколку борбата згасне, самоуправувањето нема да биде ништо повеќе од самоуправување на сопственото угнетување. Доколку борбата е успешна, самоуправувањето на производството станува излишно, бидејќи по револуцијата организацијата на производството станува излишна и контрареволуционерна.
6
Сѐ дури го фаќаш она што самиот си го фрлаш,
тоа е само вештина и придобивка без која можеш;
дури кога одненадеш ќе станеш фаќач на топката
која вечната девојка соиграч
ја фрлила кон тебе, во еден од оние лакови
на Големиот Божји мост:
само тогаш твојот способност да фаќаш е моќ,
и тоа не твоја, туку на целиот свет.
Рилке
Сите ние веруваме дека сме искусиле радост. Секој од нас верува дека уживал барем еднаш во животот.
Единствено искуството на радост отсекогаш било пасивно. Ние едноставно се радуваме. Не можеме да ја „посакуваме“ нашата радост исто како што не можеме од радоста да бараме да се појавува кога ние ќе посакаме.
Сета оваа одвоеност меѓу нас и радоста зависи од нашата „одвоеност“ од себеси, растргнати од процесот на угнетување.
Работиме преку целата година за да ја доживееме „радоста“ на одморите. Кога ќе дојде време за нив ние се чувствуваме „обврзани“ да „уживаме“ во фактот дека сме на одмор. Одблик на измачување како и секој друг. Истото важи и за неделите. Ужасен ден. Разредувањето на илузијата за слободното време ни ја покажува празнината на меркантилниот спектакл во кој живееме.
Истиот вкочанет поглед може да се види и во полупразната чаша, телевизијата, фудбалскиот натпревар, хероинската доза, кино екранот, сообраќајниот метеж, неонските светла, монтажните домови кои го надополнија убивањето на пејзажот.
Да се бара „радост“ во длабочините на кое било „исцртување“ на капиталистичкиот спектакл би значело целосно лудило. Но, капиталот токму тоа го сака. Искуството на слободно време програмирано од нашите угнетувачи е смртоносно. Тоа прави да сакате да одите на работа. Наместо очигледниот живот завршуваме преферирајќи ја сигурната смрт.
Никаква вистинска радост не може да допре до нас од рационалниот механизам на капиталистичкото угнетување. Радоста нема фиксни правила за да може да биде категоризирана. Дури и да е така, ние мораме да бидеме способни да посакуваме радост. Инаку би биле загубени.
Оттаму, потрагата по радост е акт на волја, цврсто одбивање на фиксираната состојба на капиталот, т.е. неговите вредности. Првото од овие одбивања е она на вредноста на трудот. Потрагата по радост може да се оствари единствено преку потрагата за игра.
Оттаму, играта значи нешто поинакво од она што сме навикнати да го сметаме за игра во димензии на капиталот. Како и спокојната мрзливост, играта којашто се спротивставува на одговорностите на животот е лажна, искривена слика на она што навистина претставува. На сегашното ниво од судирот и релативната редукција во борбата против капиталот, играта не е разонода туку оружје.
Улогите се заменети преку чудниот сплет на иронијата. Доколку животот е нешто сериозно, смртта е илузија, во смисла дека онолку долго колку што сме живи смртта не постои. Денес, владеењето на смртта, т.е. владеењето на капиталот, коешто го порекнува нашето сопствено постоење како човечки суштества редуцирајќи нѐ на „предмети“, изгледа многу сериозно, методично и дисциплинирано. Но неговиот посесивен пароксизам, неговата етичка строгост, неговата опседнатост со „правењето“ кријат една голема илузија: целосна празнина на спектаклот на стоката, бескорисноста на бесконечната акумулација и апсурдност на угнетувањето. Тоа значи дека големата сериозност на светот на работа и продуктивност крие целосен недостаток од сериозност.
Спротивно на тоа, во својот деклариран „недостаток од сериозност“, одбивањето на овој малоумен свет, потрагата по радост, соништа, утопија, го приркива најсериозното нешто во животот: одбивањето на смртта.
Дури и на оваа страна од оградата, физичката конфронтација со капиталот, играта може да преземе различни облици. Многу нешта можат да бидат изведени на „игрив“ начин, а сепак повеќето од нештата што ги правиме, ги правиме многу „сериозно“, носејќи ја маската на смртта којашто сме ја позајмиле од капиталот.
Играта се карактеризира со витален импулс кој секогаш е нов, секогаш во движење. Делувајќи во контекст на играта, ние на нашите дејствија им го додаваме тој импулс. Се ослободуваме себеси од смртта. Играта прави да се чувствуваме живи. Ни го дава чувството на живот. Во другиот модел на делување сѐ правиме во контекст на задачата, како тоа да сме „морале“ да го сториме како некој вид на обврска.
Токму во секогаш новата чувствителност на играта, спротивно на отуѓувањето и лудилото на капиталот, сме во можност да ја идентификуваме радоста.
Во тоа лежи можноста да раскинеме со стариот свет и да ги идентификуваме новите цели и различните вредности. Дури и ако радоста не може да се смета за цел на човекот, таа несомнено е димензија која судирот со капиталот го прави поинаков.
7
Животот е толку здодевен
што нема што да правиме
освен да ги трошиме нашите плати
на најновите фустани или блузи.
Браќа и сестри,
кои се вашите вистински желби?
Да седите во драгстор,
да изгледате студено,
празно, здодевно,
да пиете бесвкусно кафе?
Или можеби
ДА ГО КРЕНЕТЕ ВО ВОЗДУХ
ИЛИ ЗАПАЛИТЕ.
Angry Brigade
Големиот спектакл на капиталот нѐ проголтал сѐ до нашите шии. И актерите и публиката. Ги менуваме улогите, или зјапајќи со отворени усти во другите или предизвикувајќи другите да зјапаат во нас. Ја осветливме стаклената бина, иако знаеме дека таа е само обична тиква. Магијата на волшебникот ја измами нашата критичка свест. Сега мораме да ја играме играта. Барем до полноќ.
Сиромаштијата и гладта сѐ уште се движечките сили на револуцијата. Но капиталот го проширува спектаклот. Сака нови актери на сцената. Најголемиот спектакл на светот ќе продолжи да нѐ изненадува. Станувајќи сѐ покомплексен и сѐ подобро организиран. Нови кловнови се подготвуваат да се искачат на говорницата. Нови видови диви ѕверки ќе бидат припитомени.
Поддржувачите на квантитетот, љубителите на аритметиката, ќе бидат оние кои ќе се искачат и кои ќе бидат заслепени од тетарските светла. Со себе ќе ги доведат и мисите за нужноста и идеологијата на уцена.
Но она од што нема да можат да се отарасат ќе биде нивната сериозност. Најголемата опасност со која ќе се соочуваат ќе биде смеата. Во спектаклот на капиталот, смеата е смртоносна. Сѐ е мрачно и тажно, сѐ е сериозно и уредно, сѐ е рационално и програмирано, токму затоа што сето е лажно и илузорно.
Покрај кризите, како и останатите проблеми на неразвиеноста, сиромаштијата и гладта, последната битка којашто ќе ја води капиталот, онаа одлучната, ќе биде битката против здодевноста.
Револуционерното движење исто така ќе мора да води свои битки. Не само оние традиционалните против капиталот, туку и новите, против самото себе. Задодевноста го напаѓа однатре, го расцепува, го прави задушливо, непривлечно.
Да ги оставиме настрана оние што го сакаат капиталистичкиот спектакл. Оние кои се среќни да ги играат своите улоги докрај. Тие луѓе сметаат дека реформите навистина можат да ги променат нештата. Но тоа пред сѐ е идеолошка маска. Тие многу добро знаат дека менувањето улоги е едно од правилата на системот. Малото подобрување на нештата со тек на времето се покажува како корисно за капиталот.
Потоа, тука е револуционерното движење, каде што не недостигаат оние кои вербално ја напаѓаат моќта на капиталот. Овие луѓе предизвикуваат голема конфузија. Тие истапуваат со големи изјави, но повеќе никому не оставаат впечаток, а најмалку на капиталот кој препредно ги користи за најтешката улога на неговиот спектакл. Кога има потреба од солист, тој на сцена поставува еден од овие изведувачи. Резултатот е жалосен.
Вистината е дека спектакуларниот механизам на стоката мора да се разбие преку влегување во доменот на капиталот, во неговите центри за одлучување, внатре самото јадро на производството. Помислете на тоа каква величествена експлозија на радост, колку голем креативен скок напред, колку извонредно бесцелна цел.
Единствено што е многу тешко со симболите на животот весело да се влезе во механизмот на капиталот. Вооружената борба честопати е симбол на смртта. Не затоа што им носи смрт на газдите и нивните слуги, туку затоа што се стреми да ги наметне структурите на доминација на самата смрт. Замислена поинаку, тоа навистина би била радост во акција, способна да ги разбие структурните состојби наметнати од спектаклот на стоката како што се воената хунта, освојувањето на моќта, авангардата.
Тоа е другиот непријател на револуционерното движење. Несфаќањето. Одбивање на новата состојба на судир. Инсистирањето да се наметнат стари модели кои сега станале дел од спектаклот на стоката.
Игнорирањето на новата револуционерна стварност води до недостаток од теориска и стратешка свест за револуционерниот капацитет на самото движење. Нема смисла да се вели дека има непријатели кои се толку близу до нас и дека тоа прави да биде нужно веднаш да се интервенира без да ги разгледаме прашањата од теоретска природа. Зад сето ова се крие неспособноста од соочување со новата стварност на движењето и избегнување на грешките од минатото кои имаат сериозни последици врз сегашноста. А ова одбивање поттикнува секаков вид на рационалистички политички илузии.
Категориите како што се одмазда, водач, партија, авангарда, квантитативен раст, имаат значење единствено во димензиите на ова општество, а тоа значење е во полза на овековечувањето на моќта. Доколку нештата се посматраат од револуционерна гледна точка, што подразбира целосна елиминација на сета моќ, овие категории стануваат бесмислени.
Преку преминување во недојдијата на утопија, преобратувајќи ја работната етика во актуелна реализација на радоста, се наоѓаме себеси во еден вид на движење коешто е далеку од историските облици на организација.
Оваа структура постојано се менува и на тој начин ја избегнува нефлексибилноста. Таа се карактеризира со самоорганизирање на произведувачите на работното место, како и самоорганизирање на борбата против работата. Не станува збор за преземање на средствата за производство, туку за одбивање на производството во организациските облици кои постојано се менуваат.
Истото се случува и со невработените и нередовната работа. Структури кои изникнуваат врз основа на самоорганизирањето, стимулирано од здодевноста и отуѓувањето. Воведувањето цели програмирани и наметнати од надворешна организација би го убило движењето и би го предало на спектаклот на стоката.
Повеќето од нас се приврзани на оваа идеја за револуционерна организација. Дури и анархистите, кои ја одбиваат авторитарната организација, не ја отфрлаат. Врз основа на тоа, сите ние ја прифаќаме идејата дека контрадикторната стварност на капиталот може да биде нападната со слични средства. Тоа го правиме затоа што сме уверени дека тие средства се легитимни и изникнуваат од истото поле на борба како и капиталот. Одбиваме да признаеме дека НЕ сите ги гледаат нештата онака како што ние ги гледаме. Нашата теорија е идентична со практиката и стратегијата на нашите организации.
Разликите меѓу нас и авторитарците се многубројни. Но сите тие паѓаат во вода пред заедничката верба во историската организација. Анархијата ќе биде постигната преку делувањето на овие организации (значајните разлики се јавуваат единствено во методите на приодот). Но оваа верба демонстрира нешто многу значајно: стремежот на сета наша рационалистичка култура стварноста да ја објаснува преку прогресивистички поими. Оваа култура се заснова себеси на идејата дека историјата е неповратна, како и на онаа за аналитичкиот капацитет на науката. Сето тоа нѐ наведува сегашноста да ја согледаме како точка во која се спојуваат сите минати напори, точката на кулминација на борбата против моќта на темнината (капиталистичкото угнетување). Како резултат на тоа, ние сме убедени дека сме многу понапредни од нашите предци и способни да елаборираме и спроведеме на дело теории и организациски стратегии кои се одраз на сето минато искуство.
Сите оние кои го отфрлаат ваквото толкување, автоматски се наоѓаат себеси надвор од стварноста која по дефиниција е историја, прогрес и наука. Секој оној кој ја отфрла таквата стварност е антиисторичен, антипрогресивен и антинаучен. Осуден без можност за жалба.
Зајакнати со овој идеолошки оклоп, излегуваме на улиците. Тука навлегуваме во стварноста на борбата која е структуриана многу поинаку - од поттик кој не влегува во нашата рамка на анализа. Едно убаво утро, за време на мирни демонстрации, полицијата започнува да пука. Структурата реагира, другарите возвраќаат, страдаат полицајци. Анатема! Тоа беа мирни демонстрации. За тие да прераснат во индивидуални герилски акции мора да постои провокација. Ништо не може да излезе надвор од совршената рамка на нашата идеолошка организација, бидејќи таа не е само „дел“ од стварноста, таа е „сета“ стварност. Сѐ надвор од тоа е лудило и провокација. Уништени се супермаркети, продавници, опљачкани се магацини за храна и оружје, запалени се луксузни автомобили. Тоа е напад врз спектаклот на стоката во својот највоочлив облик. Новите структури се движат во таа насока. Тие одненадеш се обликуваат, со минимална нужна стратегиска ориентација. Без декорации, без долги аналитички проценки, без комплексни теории за поддршка. Тие напаѓаат. Другарите се идентификуваат со овие структури. Тие ги отфрлаат организациите кои отстапуваат моќ, рамнотежа, чекање, смрт. Нивното делување е критика на чекањето и посочува на суицидните позиции на овие организации. Анатема! Мора да постоела провокација.
Постои напуштање на традиционалните политички модели. Тоа станува критика на самото движење. Иронијата станува оружје. Не затворена во студиите на авторот, туку en masse, на улиците. Како резултат на тоа, не само слугите на босовите туку и револуционерните водачи од далечното и блиско минато се наоѓаат себеси во непријатна положба. Менталитетот на ситниот газда и предводничката група се доведени во криза. Анатема! Единствената легитимна критика е онаа против газдите, а таа мора да се покорува на правилата поставени од историската традиција на класната борба. Секој кој излегува од одредените граници е провокатор.
На луѓето им е преку глава од состаноци, класици, бесцелни маршови, теоретски дискусии и цепидлачење, бескрајни одлагања. Преку глава им е од монотонијата и сиромаштијата на одредени политички анализи. Тие повеќе сакаат да водат љубов, да пушат, слушаат музика, шетаат, спијат, смеат, играат, убиваат цајкани, осакатуваат новинари, креваат во воздух касарни. Анатема! Борбата е единствено легитимна кога е разбирлива за водачите на револуцијата. Оттаму, бидејќи постои ризик да ја испуштат ситуацијата од контрола, мора да постои и провокација.
Побрзај другар, застрелај го полицаецот, судијата, газдата. Сега, пред да те спречи некој нов полицаец.
Побрзај да кажеш НЕ, пред новата репресија да те убеди дека велењето не е бескорисно, лудо и дека треба да ја прифатиш гостопримливоста на болницата за умоболни.
Побрзај со нападот врз капиталот, пред некоја нова идеологија да го претвори во твој светец.
Побрзај со одбивањето на работата пред некој нов софист повторно да ти каже дека „работата те ослободува“.
Побрзај да играш. Побрзај да се вооружаш.
8
Нема да има револцуија
сѐ додека Козаците повторно не слезат.
Курдерој
Дури и играта е загадочна и контрадикторна внатре логиката на капиталот, кој ја користи како дел од спектаклот на стоката. Таа стекнува двосмисленост која самата не ја поседува. Оваа двосмисленост потекнува од илузорната структура на капиталистичкото производство. На тој начин, играта станува запирање на производството, прекин на „мирот“ во секојдневниот живот. Затоа играта станува програмирана и се користи театарски.
Кога е надвор од доминацијата на капиталот, играта хармонично се структурира преку сопствениот креативен импулс. Таа не е поврзана со ниту едно претставување кое го изискуваат силите на светот на производство, туку се развива автономно. Единствено во таа стварност играта е весела и овозможува радост. Таа не ја „запира“ тагата од раздорот предизвикан од угнетувањето; но ја остварува докрај, поставувајќи ја како учесник во стварноста на животот. На овој начин се спротивставува на триковите кои ги користи стварноста на смртта - дури и преку играта - за тагата да ја направи помалку тажна.
Уништувачите на стварноста на смртта се борат против митолошката власт на капиталистичката илузија, власт која стремејќи се кон вечност се прпелка во правта на несигурноста. Радоста изникнува од играта на деструктивната акција, од препознавањето на длабоката трагедија што ја содржи во себе и од свеста на силата на ентузијазмот кој е способен да ги раскине пајажините на смртта. Не станува збор за спротиставување на ужасот со ужас, на трагедијата со трагедија, на смртта со смрт. Тоа е судир помеѓу радоста и ужасот, радоста и трагедијата, радоста и смртта.
За да се убие цајкан не е потребно да се облече робата на судијата која набрзина била измиена од крвта на претходните пресуди. Судовите и казните секогаш се дел од спектаклот на капиталот, дури и ако револуционерите се оние кои учествуваат во нив. Кога некој полицаец е убиен неговата одговорност не се мери на скала, судирот не станува прашање на аритметика. Човекот не ја програмира визијата за односите помеѓу револуционерното движење и угнетувачите. Човекот непосредно реагира на потреба која мора да биде структуирана внатре револуционерното движење, потреба којашто сите анализи и оправдувања на овој свет никогаш не би можеле да ја наметнат сами по себе.
Таа потреба е напад врз непријателот, угнетувачот и неговите слуги. Таа бавно созрева во структурите на движењето. Единствено кога ќе излезе на отворено, движењето преминува од одбранбена фаза во фаза на напад. Анализите и моралните оправдувања се на прво место, а не на последно, пред нозете на оние кои излегуваат на улиците, обидувајќи се да ги препнат. Тие постојат низ вековите на систематско насилство коешто капиталот го применувал врз угнетените. Но тие нужно не излегуваат на светлина во облик кој е целосен и подготвен за употреба. Тоа би претставувало понатамошна рационализација на целите, нашиот сон на наметнување модел врз стварноста кој не ѝ припаѓа.
Нека слезат Козаците. Не ја поддржуваме улогата на реакцијата, тоа не е за нас. Одбиваме да ја прифатиме двосмислената покана на капиталот за контрола. Наместо да пукаме во нашите другари или едни во други, секогаш е подобро да се пука во полицајци.
Постојат времиња во историјата кога науката постои во свеста на оние што се борат. Во такви времиња нема потреба од толкувачи на вистината. Таа изникнува од нештата какви што се. Стварноста на борбата ја создава теоријата на движењето.
Раѓањето на стоковиот пазар го потврди создавањето на капиталот, преминот од феудални во капиталистички облици на производство. Со влегувањето на производството во својата спектакуларна фаза, стоката се прошири на сѐ што постои: љубов, наука, чувства, свест, итн. Спектаклот значително е проширен. Втората фаза не претставува корумпирање на првата, како што велат марксистите. Таа е сосем поинаква фаза. Капиталот сѐ проголтува, дури и револуцијата. Доколку револуцијата не се одвои од моделот на производство, доколку се стреми само да наметне алтернативни облици, капитализмот ќе ја проголта во спектаклот на стоката.
Единствено борбата не може да биде проголтана. Некои од нејзините облици, кристализирајќи се себеси во уредни организациски ентитети, можат да бидат проголтани од спектаклот. Но кога ќе се одделат од длабокото значење што капиталот му го дава на производството, тоа станува екстремно тешко.
Во втората фаза, расправата за аритметика и одмазда нема значење. Доколку се споменат, тие имаат метафорично значење.
Илузорната игра на капиталот (спектаклот на стоката) мора да биде заменета со вистинската игра на вооружен напад против неа за уништување на нестварното и спектаклот.
9
Направи сам.
Прирачникот „Направи сам“
Лесно е, можеш сам да го направиш. Сам или со неколку доверливи другари. Не се потребни големи средства. Дури ниту големо техничко знаење.
Капиталот е ранлив. Доволно е да се биде одлучен.
Од многу зборење отапевме. Не станува збор за страв. Не се плашиме, единствено сме наивно наполнети со префабрикувани идеи. Не можеме да се ослободиме од нив.
Секој оној што е одлучен да ги оствари своите цели не е храбра личност. Тој едноставно е личност која ги обзнанила своите идеи, која ја сфатила бесполезноста на трудот потребен да се одигра улогата во претставата која ни ја доделил капиталот. Целосно свесни, тие напаѓаат со ладнокрвна одлучност. А правејќи го тоа, тие се реализираат себеси како човечки суштества. Дури и ако создаваат уништување и ужас за босовите, во нивните срца, и во срцата на угнетените, има радост и мир.
Револуционерните организации имаат проблем да го сфатат тоа. Тие наметнуваат модел кој ја репродуцира стварноста на производството. Квантитативната судбина на производството ги спречува да преземат квалитативен чекор на ниво на естетската димензија на радоста.
Овие организации вооружениот напад го согледуваат од чисто квантитативен аспект. Целите се одредуваат во услови на фронтален напад.
На тој начин капиталот може да ја контролира секоја опасност. Дури може себеси да си го дозволи и луксузот на прифаќање на контрадикторностите, да посочи на целите на спектаклот, да ги искористи негативните ефекти на произведувачите со цел да го прошири спектаклот. Капиталот го прифаќа судирот на квантитативното поле, бидејќи таму веќе ги знае одговорите. Тој има монопол врз правилата и сам ги произведува решенијата.
Од друга страна, радоста на револуционерното дело е заразна. Се шири како капка масло. Играта добива смисла кога делува врз стварноста. Но тоа значење не се кристализира во модел кој ја управува одозгора. Таа се распарчува на илјада значења. Внатрешните врски на играта се задоволуваат во дејствието на нападот. Но севкупното значење опстанува, смислата што играта ја има за оние кои се отсечени и кои сакаат да го избегнат тоа. Оние кои први ќе одлучат да играат и оние кои ги „набљудуваат“ ослободувачките последици на играта, се суштествени за самата играта.
Заедницата заснована на радост е структурирана на овој начин. Тоа е спонтан начин на стапување во контакт, фундаментален за реализација на најдлабокото значење на играта. Играта е колективен акт. Таа ретко се изразува како една изолирана акција. Во таков случај, таа често ги содржи негативните елементи на психолошката репресија, а тоа не претставува позитивно прифаќање на играта како креативен момент на борба.
Чувството на заедништво на играта е она што ја спречува произволноста во изборот. Во отсуство на колективен однос, поединецот би можел да ги наметне сопствените правила и значења кои би биле неразбирливи за сите останати, едноставно правејќи играта да биде привремено запирање на негативните последици на неговите индивидуални проблеми (проблемите на работа, отуѓување, угнетување).
Во заедничкиот договор, играта е збогатена со приливот на реципрочни акции. Креативноста е поголема кога произлегува од заемно искажана и ослободена имагинација. Секој нов пронајдок, секоја нова можност, може да се искуси колективно без претходно утврдени модели и да има значајно влијание дури и со тоа што едноставно ќе биде креативен момент, дури и ако се соочи со илјадници потешкотии при своето реализирање.
Традиционалната револуционерна организација на крајот ги наметнува своите техничари. Таа неизбежно тежнее кон технократија. Големата важност која се придава на инструменталното тајмирање на делувањето ја осудува на пропаст.
Револуционерната структура која го бара моментот на радост во делувањето насочено кон уништување на моќта, средствата што ги користи со цел да го оствари тоа уништување не ги смета за ништо повеќе од алатки. Оние кои ги користат овие алатки не смеат да станат нивни робови. Исто како што не смеат и оние кои не знаат како да ги користат, да станат робови на оние кои знаат.
Диктатурата на алатките е најлоша диктатура.
Најзначајните оружја на револуционерите се нивната одлучност, нивната свест, нивната решителност да делуваат, нивната индивидуалност. Оружјата сами по себе се само алатки, и како такви, би требало да бидат постојано подложни на критичка процена. Нужно е да се развие критика на оружјето. Премногу често сме биле сведоци на осветувањето на автоматската пушка и воената ефикасност.
Вооружената борба не подразбира само оружје. Оружјето само по себе не може да претставува револуционерна димензија. Опасно е комплексната стварност да се редуцира на едно единствено нешто. Всушност, играта подразбира ризик. Таа може да направи животното искуство да не биде ништо повеќе од играчка, претворајќи го во нешто магично и апсолутно. Не е случајно тоа што автоматската пушка е дел од симболизмот на многу борбени револуционерни организации.
Мораме да одиме подалеку од ова со цел да го разбереме длабокото значење на револуционерната борба како радост, избегнувајќи ги илузиите и замките на спектаклот на стоката преку неговата употреба на митски и митологизирани објекти.
Капиталот својот завршен напор го презема кога е соочен со вооружена борба. Се труди до последен здив. Потребна му е поддршката на јавното мнение со цел да делува на поле каде што не е премногу сигурен во себеси. Затоа покренува психолошка војна користејќи ги најпрефинетите орудија на модерната пропаганда.
Во основа, начинот на којшто капиталот денес е физички организиран го прави ранлив кон секоја револуционерна структура способна да одлучи кога и со какво оружје да нападне. Тој е свесен за оваа слабост и презема мерки да надокнади за неа. Полицијата не е доволна. Ниту војската. Тоа изискува постојана будност од самите луѓе. Дури и од најскромниот дел од пролетаријатот. Оттаму, за да го оствари тоа, тој мора да го подели класниот фронт. Мора да го распространи митот за опасноста од вооружени организации меѓу сиромашните, заедно со оној за светоста на државата, законот и така натаму.
Индиректно ги втурнува организациите и нивните милитанти да преземат точно одредени улоги. Штом ќе ја преземе таа „улога“, играчот повеќе нема никакво значење. Сѐ станува „сериозно“, илузорно; влегува во доменот на спектакуларното и станува стока. Радоста станува „маска“. Поединецот станува анонимен, ја живее својата улога, неспособен повеќе да прави разлика помеѓу појавноста и стварноста.
Со цел да излеземе од магичниот круг на стоковите театралности, мораме да ги одбиеме сите улоги, вклучувајќи ја и онаа на „професионален револуционер“.
Вооружената борба не смее да дозволи да стане професионална, токму онаа поделба на задачи којашто надворешниот аспект на капиталистичкото производство сака да му ја наметне.
„Направи сам“. Не уништувајте го глобалниот аспект на играта преку тоа што ќе го редуцирате на улоги. Бранете го своето право да уживате во животот. Попречете го смртоносниот проект на капиталот. Тој може да навлезе во светот на креативноста и играта единствено преку трансформирање на оној кој игра во „играч“, на живиот креатор во мртва личност, која е во заблуда дека е жива.
Не би имало никаква смисла да се зборува за игра доколку „светот на играта“ стане централизиран. Мораме да ја предвидиме оваа можност на капиталот повторно да го преземе револуционерниот проект кога ќе го изнесеме нашиот аргумент на „вооружена радост“. Еден од начините на којшто тоа може да се случи е преку управување со светот на играта однадвор. Преку етаблирање на улогата на играч, реципрочни улоги и митологијата на играчката.
Преку раскинувањето на оковите на централизацијата (воената хунта) успеваме да ги збуниме идеите на капиталот кои се темелат на кодексот на спектакуларно производство на квантитативниот пазар. Координираното делување од радост претставува енигма за капиталот. Тоа е ништо, нема одредена цел и е надвор од стварноста. Тоа е затоа што суштината, целта и стварноста на капиталот се илузорни, додека суштината, целта и стварноста на револуцијата се конкретни.
Потребата за заедништво ја заменува потребата за производство. Во светло на оваа нова потреба одлуките на поединецот добиваат значаење во заедницата на игра. Недостатокот од стварност и илузорната конзистентност на минатите модели на смртта се разоткриени.
Уништувањето на газдите е уништување на стоката, а уништувањето на стоката е уништување на газдите.
10
Буфот полета.
Атинска поговорка
„Буфот полета“. Многу дела кои лошо започнале добро завршиле. Нека револуцијата, толку долго одложувана од револуционерите, се оствари и покрај нивната ненадмината желба за општествен мир.
Капиталот последните свои зборови ќе им ги остави на белите мантили. Затворите нема да траат уште долго. Како тврдини кои опстануваат само во фантазиите на некои величани стари револуционери, тие ќе исчезнат заедно со идеологијата заснована на општествената ортопедија. Повеќе нема да има осуденици. Криминализацијата што ја создава капиталот ќе биде процесуирана преку лудници.
Кога сета стварност е спектакуларна, да се одбие спектаклот значи да се биде надвор од стварноста. Секој што одбива да се покори на кодот на стоката е луд. Одбивањето да се клекне пред стоковиот бог ќе резултира со праќање во лудница.
Таму третманот ќе биде радикален. Повеќе нема инквизициска тортура или крв на ѕидовите: такви нешта го вознемируваат јавното мислење. Тие предизвикуваат правдољубивите да интервенираат, поттикнуваат оправдување и обештетување и ја нарушуваат хармонијата на спектаклот. Целосното уништување на личноста, кое се смета за единствениот радикален лек за болните умови, не вознемирува никого. Сѐ додека луѓето на улица чувствуваат дека се опкружени од непропустливата атмосфера на капиталистичкиот спектакл, тие ќе се чувствуваат безбедни од тоа дека вратите на лудницата ќе се затворат зад нив. Ќе им се причинува дека светот на лудилото е на друго место, иако постои достапна лудница до секоја фабрика, наспроти секое училиште, зад секое парче земја, среде секоја резиденцијална област.
Во нашата критична неукост мораме да внимаваме да не им го расчистиме патот на државните службеници во бели мантили.
Капиталот програмира кодекс на толкување кој ќе циркулира на масовно ниво. Врз основа на тој кодекс, јавното мнение ќе се навикне оние што го напаѓаат поредокот на газдите да ги гледа како луди. Оттаму и потребата тие да бидат ставени во лудници. Затворите исто така се рационализираат според германскиот модел. Најпрвин, тие ќе се трансформираат во специјални затвори за револуционери, па во поправни затвори, па во вистински логори за манипулација со мозокот, и конечно, во ментални болници.
Однесувањето на капиталот не е предодредено од потребата да се брани себеси само од нападите на угнетените. Тоа е предодредено од логиката на кодот на стоково производство.
За капиталот лудницата е место каде што глобалноста на функционирањето на спектаклот е нарушена. Затворите очајно се трудат до го сторат тоа, но не успеваат бидејќи тоа е блокирано од нивниот стремеж за „рехабилитација“.
Лудницата, спротивно на тоа, нема ниту почеток ниту крај, таа не може да мутира како спектаклот. Таа е место на тишината.
Спротивно на тоа, другото „место“ на тишината, гробиштата, имаат моќ да говорат гласно. Мртвите зборуваат. А нашите мртви зборуваат гласно. Тие можат да бидат напорни, многу напорни. Затоа капиталот ќе се обидува да има што помалку од нив. А следствено на тоа, бројот на „гостите“ во лудницата ќе се зголемува. „Татковината на социјализмот“ може многу да нѐ научи за ова.
Лудницата е совршена терапевтска рационализација на слободното време, запирање на работата без траума за структурата на стоката. Недостигот од продуктивност без нејзино одбивање. Лудиот нема потреба да работи, а со тоа што не работи тој потврдува дека мудроста на работата е спротивна на лудилото.
Кога велиме „не е време за вооружен напад против државата“, ние ги отвораме вратите од болницата за умоболни за другарите кои го изведуваат тој напад; кога велиме „не е време за револуција“, ние ги стегаме јазлите на лудачката кошула; кога велиме „овие акции објективно се провокација“, ние на мачителите им ги облекуваме белите мантили.
Во време кога противниците билее малубројни, автоматската пушка била ефективна. Државата може да толерира десетици мртви. Триесет илјади, сто илјади, двесте илјади, би означиле пресвртна точка во историјата, револуционерна карактеристика со толкава заслепувачка светлина која би ја нарушила мирната хармонија на спектаклот на стоката. Покрај тоа, капиталот има уште лукавства. Лековите поседуваат неутралност којашто куршумите ја немаат. Тие имаат алиби дека се терапевтски.
Да му го влепиме в лице статусот за лудило на капиталот. Да ги превртиме спротивставените страни.
Во опредметениот тоталитет на капиталот, неутрализацијата на поединецот е постојана практика. Менувањето на мислења е терапевтски процес, смртоносна машина. Во спектакуларниот облик на капитализмот ова менување е суштинско: без него производството не би можело да се одвива. А доколку одбивањето на сето тоа, изборот на радоста во лице на смртта, е знак на лудило, тогаш е време сите да почнаат да ја сфаќаат замката којашто се наоѓа зад ова.
Сиот апарат на западната културна традиција е смртоносна машина, негација на стварноста, владеење на фиктивното кое ги акумулирало сите видови на зло и неправда, угнетување и геноцид. Доколку одбивањето на оваа логика се осудува како лудило, тогаш мораме да направиме разлика помеѓу лудилото и лудилото.
Радоста се вооружува. Нејзиниот напад е надминување на стоковата халуцинација, машинерија, одмазда, водачот, партијата, квантитетот. Нејзината борба ја раскинува логиката на профитот, архитектурата на пазарната економија, програмирањето на животот, последниот документ во последната архива. Нејзините насилни експлозии го превртуваат поредокот на зависност, номенклатурата на позитивно и негативно, кодот на стоковата илузија.
Но сето ова мора да биде способно да комуницира. Преминот помеѓу светот на радоста и светот на смртта не е лесен. Кодовите се исклучени и завршуваат бришејќи се еден со друг. Она што се смета за илузија во светот на радоста е стварност во светот на смртта и обратно. Физичката смрт како преокупација во светот на смртта е помалку смртоносна отколку што е контролираниот живот.
Оттаму и способноста на капиталот да ги мистифицира пораките на радоста. Дури и револуционерите со квантитативна логика се неспособни длабоко да ги разберат искуствата на радост. Тие понекогаш колебливо прават безначајни обраќања. Во други случаи, тие си дозволуваат осуди не многу поинакви од оние на капиталот.
Во стоковиот спектакл стоката е она што се смета за значајно. Активниот елемент на оваа акумулирана маса е работата. Надвор од овие компоненти на производствената рамка, ништо не може истовремено да значи нешто позитивно и негативно. Можно е да се афирмира неработа, не нејзина негација туку привремено запирање. На истиот начин можно е да се афирмира нестока, т.е. персонализиран предмет, но само во контекст на „слободното време“, т.е. нешто што е произведено како хоби, во време отстапено од производствениот циклус. Во таа смисла, овие знаци, неработата и нестоката, очигледно се во функција на општиот модел на производство.
Единствено преку разјаснување на значењата на радоста, како и соодветните значења на смртта, како елементи на два спротивставени света кои се борат еден против друг, можно е да се поврзат елементите на делување на радоста. Без да се залажуваме себеси дека можеме сите да ги поврземе. Секој кој започнува да искусува радост, дури и во перспектива која не е директно поврзана со нападот врз капиталот, е поподготвен да го прифати значењето на нападот, барем повеќе од оние кои остануваат врзани за застарената визија на судир кој е заснован врз квантитативна илузија.
На тој начин буфот секогаш може да полета.
11
Сите напред!
Со оружје и срце,
Збор и налив,
Бодеж и пушка,
Иронија и клетва, кражба,
Труење и пљачкање,
Да објавиме...
Војна на општеството!
Дежак
Да завршиме со чекањето, сомнежите, соништата за општествен мир, бедните компромиси и наивноста. Со сето метафорично ѓубре кое ни е достапно во продавниците на капитализмот. Да се отарасиме од големите анализи кои сѐ објаснуваат до последниот детаљ. Огромни томови исполнети со здрав разум и страв. Да се отарасиме од демократските и буржоаски илузии за дискусиите и дијалогот, дебатата и собранието и просветените можности на мафијашките босови. Да се отарасиме од здравиот разум и мудроста коишто буржоаската работна етика ги всадила во нашите срца. Да се отарасиме од вековите христијанство кои нѐ едуцирале да се жртвуваме и покоруваме. Да се отарасиме од сите свештеници, газди, револуционерни водачи, како од оние помалку револуционерните така и од оние нереволуционерните. Да се отарасиме од броевите, илузиите, квантитетот, пазарните законитости на понуда и побарувачка. Да седнеме за миг врз руините на историјата на прогонетите, и да размислиме.
Светот не ни припаѓа нам. Ако тој има господар доволно глупав да го сака ваков каков што е, нека си го добие. Нека почне да ги брои урнатините наместо зградите, гробиштата наместо градовите, калта наместо реките и гнилата тиња наместо морињата.
Најголемиот илузионистички спектакл на светот повеќе не нѐ плени. Сигурни сме дека од нашата борба ќе произлезат заедници на радост, овде и сега.
И за првпат, животот ќе триумфира над смртта.
[1] Индро Монтанели (Indro Montanelli) се смета за еден од најголемите италијански новинари на 20 век. 1977 е застрелан со четири куршуми во нозете од страна на Црвените Бригади заради неговите реакционерни и десничарски ставови. (заб. на прев.)