Наслов: Изјава за преземање одговорност
Поднаслов: Одлучноста во борбата и нашата солидарност се нашите единствени „убиствени оружја“
Датум: 2014

Драги другари и храбри бунтовници, се наоѓам во затвор како и многумина, погоден од репресијата на државата која сака да нѐ уништи.

Не заради она што го правиме туку затоа што сме се „осмелиле“ да бидеме, да кажеме или да мислиме.

Се наоѓам со Адријано[1] и многумина други на инквизиторската вртелешка на медиумскиот антитерористички столб на срамот на демократијата.

Како прво, сакам да им се заблагодарам на сите другарки и другари кои ми пружија солидарност од другата страна на границата, непосредно или посредно, затоа што сум уверен дека и сопствениот борбен живот е облик на поддршка.

Го носиме истиот бес против ова сиво и мизерно постоечко кое нѐ гази и ги чувствуваме истите рани, но би ја почувствувале и истата радост од преубавата стварност на нашите соништа и желби.

Се наоѓам во ситуација на непријателски поединец, фатен и заробен во кафез. Затворот и страдањата на кои сум подвргнат се смислени со предумисла од други човечки битија и зависат од опстанокот на системот на моќ кој ми ги наметнува.

Да, затворен сум, но духот и идеите продолжуваат; не можам да ги заклучам ниту припитомам, и тоа ми дава сила за и понатаму да истрајам.

Со радост и при полна свест ја избрав анархијата и ќе продолжам по истиот пат, сакајќи ја земјата заради она што е, во непрекината потрага по дивината и за еманципација од комфорот, вклучувајќи ги и парите.

Во анархијата гледам диво и исконско пулсирање, веќе успиено, можеби дури и мртво во човекот кого напредокот го цивилизирал.

Никогаш не сум вртел одоколу, ниту во зборовите ниту во однесувањето, го прифаќам ризикот за стекнување храна, одгледување и собирање количина доволна да се прехранам.

За да го постигнам тоа, ќе го користам секое потребно средство за да ги уверам другите поединци, после што ќе можам да се откажам од перото и мастилото со кои го запишувам мојот бес.

Отсекогаш сум го поддржувал отпорот на домородците, антиавторитарците и староседелците кои со конкретна сила се борат против државата и мултинационалите, практикувајќи активен отпор, саботажа и директна акција.

Ги поддржувам сите другари и другарки кои сакаат да се ослободат од авторитетот и одлучно учествуваат во меѓународната антикапиталистичка и антиимперијалистичка борба.

Оставајќи го настрана доброто и лошото или исправното и погрешното, поими кои им прилегаат на калуѓерки и попови, моите ставови, како и ставовите на други поединци, се придвижувани од моите сопствени инстинкти, во рамки на можностите на моите сопствени средства и заедно со можните ризични последици.

Отсекогаш сум имал единствена визија за ослободување на човекот од сите господари и од неговите ментални и реални кафези, и за ослободување на животните од структурите на измачување и смрт, и од секое друго место кое ги претвора живите суштества во производ, предмет или хоби.

Јас сум анархист, не припаѓам на ова доба на механизиран неживот кое го користат и конзумираат властите. Не признавам никаква држава, суд или која било друга институција и авторитет, ниту правосудни ниту војни ниту граѓански ниту религиозни системи.

За судиите и правосудните органи во халата на инквизицијата, ја сум само еден бирократски предмет кој ги оправдува нивните плати. Не ме интересираат судовите, пред сѐ оние кои не знаат да ја сакаат земјата, да се борат и да сонуваат, кои знаат само да ја извршуваат својата работа и наредбите; а не ме интересира ниту судот на народот, кој отсекогаш го поткрепувала гнилата утроба на државата и кој по секоја цена е врзан за демократијата, збор кој сѐ уште поседува хипнотизирачки ефект.

Овие луѓе на законот си играат со своите фашистичко-демократски закони за да изблујат пресуди, а во мојот случај „припаѓање“ на организирана терористичка организација, што всушност се државата, војската и мултинационалите.

Во параноичниот и неподнослив лов на вештерки, наречен и правосудно прашање, дури и еден натпис на ѕид политичката полиција го каталогизира како „терористичко дело/чин за извршување на субверзивната програма (?) на Н.А.Ф. (Неформална анархистичка федерација; F.A.I.)…“, во различни случаи индивидуално или со другарот и брат Адријано, на кој можам да му ја искажам мојата наклоност и мојата солидарност само преку мојата решителност, која тој веќе ја возврати со својата храброст и сила на духот.

Овие игри можам да ги оставам пострана. Ќе се поштедев од многу „формални“ проблеми, бидејќи неформалноста е мојата стварност, но не сум сам (во случајот) во непријателските раце.

Конкретните акции на кои се однесуваат, кои не извршуваат никаква „програма“, ги извршив лично јас и ги објавив преку изјави на МЕЃУНАРОДЕН РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ФРОНТ – НЕФОРМАЛНА АНАРХИСТИЧКА ФЕДЕРАЦИЈА/Субверзивна антицивилизациска индивидуалност, и добро знаат, благодарение на нивните сакани видеокамери, дека ги извршила една единствена личност, односно, како одговор на девастацијата, по логика на профитот, на планетата и земјата на која живеам и во знак на солидарност со бунтовниците во судир со постоечкото.

GPS-от и останатите направи, кои војниците љубезно ги инсталирале на автомобилот кој го користам веќе неколку години, наводно ме поврзуваат, посредно, со други директни акции и саботажи. Во некои случаи човек се присетува на саканиот велосипед, но треба да сфатиме дека се бориме против систем кој веројатно ќе сака да инсталира сателитски детектори директно во главите на луѓето.

Додека некој ги топлел сопругите на овие шпиони, забележав како го каталогизирале запленетиот материјал и како ги извршиле своите задачи на политичка полиција обликувајќи ги, дури и со здебелени букви и со copy-paste, детално своите документи – различни дела против енергетски/индустриски и трговски компании, вклучувајќи и една имагинативна кражба на пари, како и останати безначајности. За да не ги нагризам својот интегритет, храброст и жртвување, нема да се повинам на поимите „виновен-невин“ – тоа е навистина премногу.

Не е важно дали се триесет или сто дела, тогаш значи дека во Италија ги има илјада, а во светот десет илјади!

Впрочем, смешно е и банално да се расправа за фактите. Тоа е како да се поништи вистинската визија на судирот и отпорот, и да се признае демократската логика на „лошо завршена игра“ или на добри против лоши.

Судиите на животот и смртта на своите блиски сега нека уживаат во своите ловни трофеи, додека планетата умира, а човекот пропаѓа. Но сѐ има свој почеток и свој крај, исто како и нивните органи и коски, и законот и поредокот ќе падне, а ќе останат само пепел и урнатини.

Општеството денес се состои само од исфорсирани вредности, тук-таму закрпени и поткрпени, покрај напорната присила која ги држи заедно, а истовремено се користат за уништување на поединците кои им се непријателски настроени.

Со векови во име на бог и моќта, авторитетот ги наметнува цивилизацијата, редот и доктрината. Го претвора човекот во машина за работа, во даночен обврзник и заморче за науката; оние малкумина кои го зачувуваат вроденото дивјаштво и конфликтуалната идеја ги прегазува со насилство, терор и ги затвора во затвори или лудници за да ги „превоспита“, сѐ додека над нив не се здобие со целосна контрола.

Столбовите на цивилизацијата се рушат под ударите на нејзините сопствени неуспеси. Има сѐ помалку простор за живот, сѐ помалку незагадени места, војните се водат насекаде со сите свои последици и сѐ повеќе претставуваат закана за истребување со технолошко оружје и надмоќ над поразените.

Сите тие насилни и произволни состојби на моќ и тиранија на цивилизираниот човек се сѐ погнасни, како што општеството технолошки е „понапредно“.

Отпорот кон технолошко-индустриската машина живее само во насока на ослободување од секој авторитет и поредок, ита кон хоризонтот на случувањата каде што сè уште ништо не е запишано. Тоа е одговорот на новиот див и неформален отпор – и презема иницијатива против насилството на власта, сѐ поблиндирана и понемилосрдна во задушување на противникот – како што се другарките и другарите погодени и прогонувани во антианархистичките и антиинсурекционистичките „операции“ на прогон/репресија.

Другари кои не ги покориле ниту мачењата и изолациите во специјалните затворски оддели, ниту раните во нападите, па дури ниту смртта.

Горд сум на мојот интегритет на духот и што трчам по овие тешки патишта кои нѐ очекуваат, рамо до рамо со непокорните и без закони, АНАРХИСТИТЕ.

Вечните заговорници, сонувачи обликувани од храброст, кои се соочуваат со титанските и ТИРАНСКИ сили и животот на еден непишан Живот. Со основни и многу ограничени средства, а сепак поседувајќи несовладлива решителност.

На крај би сакал да ги охрабрам сите со една метафора на она што го чувствувам во сите вас: државата и поредокот ги гледам како осамен цивилизиран човек изгубен среде шума, во немилост на дивите ѕверки. Кога сред ноќ го забележува доаѓањето на бурата, тој човек повеќе не се плаши да стане оброк на ѕверките, туку трепери пред бурата што доаѓа.

Од котлини до планини, од села до шуми, за ослободување на планетата и нејзините суштества. Затоа што земјата вреди повеќе од валканите пари!

СМРТ НА ЦИВИЛИЗАЦИЈАТА!

ДА ЖИВЕЕ АНАРХИЈАТА!


Џанлука Јаковачи

Анархистички затвореник

Затворот Сан Микеле, 14 јануари 2014.


[1] Џанлука Јаковачи (Gianluca Iacovacci ) и Адријано Антоначи (Adriano Antonacci) беа уапсени на 18 септември 2013 во операција на специјалната единица на италијанската полиција (ROS). Двајцата анархисти се обвинети за 13 напади извршени од страна на различни ќелии на директна акција (“Animal Liberation Front”, “Direct Action for the Defense of the Earth”, “Informal Anarchist Federation – International Revolutionary Front”) против банки, продавница за крзно, подружници на ENI и ENEL (енергетски компании) и против проектот за депонијата Албано, како и според членот 270bis од кривичниот закон кој вели: ’здружување со цел тероризам и субверзија на демократскиот поредок‘.