Придонес на членот на грчката анархистичка група Заговор на Огнените ќелии, Христос Цакалос[1] за списанието “Nihilistic March” и контраинформацискиот блог Parabellum.

Продолжение од дискусијата започната со италијанскиот другар Никола Гаи.[2]

1. Произведувачи на чуда за општествен спас

Живееме во мрачна, предвидлива и механичка ера. Живееме во диктатура на броеви на финансиските кризи, статистика на невработени, пазарни анализи на акции и сеопшт општествен страв.

Истовремено, човекољубивите трговци на „прогресивните“ идеологии бараат нови клиенти. Лутајќи, произведувачите на чуда ги рекламираат своите идеолошки производи и ветуваат општествен лек. Алтернативни извори на енергија, „зелен“ раст на индустријата, праведно оданочување, почитување на работничките права, здравствено осигурување, социјална држава...

Сето тоа е проследено и од разни „анархистички“ шарлатани кои рекламираат дополнителни слободарски измами за утопијата која надоаѓа. Социјална правда, самоуправување со средствата за производство, директна демократија, работнички совети...

Но, дури и „анархистичките“ лекови за општествен спас, и покрај ветувањата за ослободување на нашите животи, едноставно го репрограмираат општествениот апарат користејќи само малку послободарски прирачник. Мачката засекогаш останува мачка, дури и ако е обоена во црно и црвено.

Но, зошто во анархистичките средини постои потреба некој да се претстави како исцелител на општествениот сифилис? Анархијата не е општествен аналгетик, таа е отров. Таа ниту ја ублажува болката ниту нè смирува со идните ветувања за „праведно“ општество. Напротив, таа ги труе мислата и делото, со цел да го уништи постоечкото и да креира неистражени страсти и тензии, кои немаат никаква врска со стариот свет.

Сите лекови кои предлагаат небулозна идна револуција не кажуваат ништо за уништувањето на цивилизацијата на Моќта. Во својата малку „поанархистичка“ верзија задоволно предлагаат уништување на некои материјални инфраструктури (затвори, министерства итн.) од стариот свет. Тоа, со неколку зборови, значи дека остатокот од воениот плен ќе биде спасен. Технологијата, работното место, цивилизацијата, моќта на мнозинството, сето тоа ќе ја прогонува новата утопија на нашата егзистенција.

Но, за нас, новата анархистичка урбана герила, не се работи само за уништување згради или личности, туку за уништување на сите општествени односи. За нас, политичките предлози на општествените движења кои сакаат само еден поправеден, порамноправен, но исто така и предвидлив и тмурен свет, не се доволни.

Ние не сакаме повторно да бидеме робови на возможното, на бројките и анализите. Затоа не бараме веќе подготвени и револуционерни програми и одговори на сè. Каква вредност би имал животот ако исчезнат прашањата?

Постојано читаме анализи, предлози, програми, дури и во анархистичките текстови, полни со дефиниции, комплицирани поими и бескрајни библиографии, кои се обидуваат да ги објаснат своите утопии, да понудат решенија, да ги убедат луѓето за сопствената валидност. Ни сервираат бајат марксизам и вежби за интелектуална сила. Напишаа премногу зборови за да го докажат своето знаење. Некои добро ги познаваат игрите со зборови и се восхитени од себеси...

Но, најинтересното прашање е како ќе нападнеме денес и како сега ќе живееме на поопасен и послободен начин.

2. Напад, напад, напад

Затоа сакам да ја продолжам дискусијата, започната со другарот Никола Гаи од затворот во Италија, за директната недоложност на нападот.

Значи, зборувајќи за постојаниот анархистички напад, сметаме дека свесноста е почетна точка. Но, бидејќи пречесто, како изговор за прекин на нападот, се крадат најубавите зборови, потребно е да дефинираме што подразбираме под зборовите анархистичка свесност.

За нас, свесноста не се постојаните анализи, приказите на правливото историско знаење, академските собири со политички говори, бескрајните монолози и глупавите економски истражувања. Не ни се потребни ниту помпезни говори ниту експресивни орнаменти за да ја убедиме публиката или за да го засилиме митот за романтичниот, сонувачки и свесен „револуционер“ кој го жртвува сопствениот живот за да ги спаси другите. Не ни е грижа за масовноста или прифаќањето.

Свесноста започнува со една обична мисла, директно согледување, поединечен бунт.

Свесноста е начин на кој се поимаме себеси и нашата единственост, начин на кој ги градиме односите и комуницираме меѓусебно, начин на кој ги живееме нашите животи, не како предоредена и предвидлива ситуација туку како низа конфликти од кои откриваме нови вредности, искуства и емоции... Анархистичката свест е начин на кој се смееме, заљубуваме, уживаме во нас самите, начин на кој сонуваме...

Тие нешта не можат да се пронајдат само во книгите и во политичките говори, кои сакаат сè да анализираат. Меѓу другото, во војна сме, а не на конференција за економија или на книжевен натпревар.

Во ситуација кога вооружена личност е во конфликт со моќта, таа ги претвора своите зборови во значајни дела, а не онаа која говори со преубави зборови.

Затоа нашиот напад е резултат на нашата свест и нашите желби, да побегнеме од правилата и компромисите на општествениот апарат, и да го уништиме.

Нападот на системот, експлозиите, грабежите, егзекуциите, саботажите, пожарите не се само средства на невидлива борба, туку тоа е самата борба, нашиот начин на слободен живот, овде и сега. Не се работи за фетиш на оружјето, туку за поинаков пристап на „различноста“ на борбата, која ги удира теоретските сопирачки и ги укинува експертите на насилството.

Анархистичкиот грабеж на банки или егзекуција на полицајци не е спектакуларна слика како што ни ја претставуваат медиумите, како во некоја детективска приказна. Тоа е една цела процедура помеѓу другари кои размислуваат, разговараат, предлагаат, одлучуваат, планираат и своите зборови ги претвораат во дело. Тоа е жива ситуација во која се тестираат односите, силата и емоциите...

Тоа е желба во движење. Тоа е изложување на ризик, а не постои живот без ризик. Сите работни часови на академски разговори се неспоредливи со само еден момент на директна акција.

Анархијата живее во искуството, во моментот кога поединецот се вооружува, кога ќе стави капа и кога еднаш засекогаш ќе го запре програмираниот часовник на својот живот.

3. Тажната лага за посредуваната општествена борба

Се разбира, добро ни е познато дека во историјата само малцинството поединци биле спремни да живеат и умрат за она во што веруваат. Но, тоа не ја намалува ниту вредноста ниту задоволството на борбата.

Освен тоа, бескрајните мечтаења за подготовката на широките маси, како предуслов за напад на авторитетот, можат да доведат само до одложување.

За нас анархијата пред сѐ е посебен избор, од што произлегува изострување на борбата за колективна буна. Тоа е избор кој ќе го искусиме сега и овде, користејќи ги со сета сила и смелост сите средства за напад кои ни стојат на располагање.

Од друга страна, „граѓанските“ анархисти очајнички бараат освестена работничка класа, која ќе се претвори во авангарда на „општествената револуција“, со само еден пријателски гест. На тој начин ветераните на теоријата се кријат зад вечното одложување, чекајќи зрели и објективни услови.

Истовремено упатуваат остри критики и бесно го напаѓаат секој другар кој ќе ја премине линијата на она што е општествено прифатливо, на логиката на мера и медиокритетство. На пример, сите „социјални“ анархисти се подготвени да прифатат мали симболични напади, бидејќи ги засолнува учеството на толпата (затоа што ако нешто тргне наопаку, секој може да мисли дека нема токму него да го фатат), бидејќи не постојат сериозни правни последици (затворот ги тероризира наводните идни уништувачи на постоечкото) и, се разбира, затоа што не сакаат да ги уплашат луѓето (не треба да бидеш изборен кандидат за да бидеш политичар).

На тој начин се создава безбедна рутина на „анархистичка милитантност“, која се троши во мали дози учествувајќи во бесмислени улични борби, одвреме-навреме, за време на јавни протести. Не сакам да бидам погрешно сфатен, во секој фрлен молотов коктел го гледам здивот на востанието внатре затворот на метрополата. Впрочем, на сите нам првото востаничко искуство ни било токму во такви улични борби, меѓу солзавец, пожари и полициски потери.

Меѓутоа, да се искористат таквите мирољубиви јавни протести како можност за саботажа и напади е едно нешто, додека тие конфликти на можности да се сметаат за прифатливиот лимит и единствената можност за „општествена побуна“ е нешто сосема друго.

Никој и ништо не може да ги ограничи нашите желби и чинови на напад во име на нешто што е општествено прифатливо.

Општеството кое не се плаши од етиката на ропство, од диктатурата на парите, од студенилото на технологијата, од уништувањето на природата, но затоа се плаши од фактот дека некој цајкан или владин службеник може да биде покосен од истрели на калашњиков на анархистичките урбани герилци, за нас нема никаква вредност и е наш непријател.

Оттаму, мислам дека сега би требало да се осврнам на класните односи и посредната борба. За жал, многу другари анархисти-инсурекционисти сѐ уште го носат општественото наследство на традиционалните анархисти. Во бројни анархистички текстови читаме за „потребата за поврзување со општеството“. А таа фраза го крие комплексот на чувство на вина заради својата различност. Зошто да се поврзуваме со општеството? Ние сме дел од општеството откако сме се родиле и откако сме ги научиле неговите правила. Но сега, како анархисти, ние го отфрламе и се бориме против него, затоа што единственото нешто што може да ни го понуди е компромис, угнетување и здодевност. Зошто тогаш да се вратиме во утробата и да се поврземе со сето она што веќе сме го отфрлиле? Поимот за поврзување со деловите од општеството кои се „борат“, како предуслов за поттикнување субверзија и востание, сличен е на желбите на комунистичките партии, кои ги водат масите во општествена револуција. Ни не веруваме во авангарди ниту пак ќе ја чекаме инертната маса да научи слободно да дише.

Како што пишува Р. Новаторе: „Ја чекаш револуцијата? Нека ти биде! Мојата започна многу одамна!“.

Освен тоа, ако сакаме да зборуваме за класна борба мораме да признаеме дека поврзаноста на работничката класа се темели само на присилните економски услови, во кои живеат угнетените, а не на некоја сродност во сфаќањата, изборите, вредностите и практиката. Тоа значи дека општествениот поредок повеќе е присилна норма на моќта отколку свесна заедница на луѓе.

Ние не бараме сојузници во рамки на присилите, туку во изборот на поединецот.

Не нѐ задоволуваат краткотрајните „партнерства“ со оние кои еден ден може да ги сретнеме на улица или зад барикадите затоа што им биле намалени платите или затоа што добиле отказ, без воопшто, ниту за момент, да се посомневаат или отфрлат самата етика на работата. Накратко, камењата кои ги фрлаат масите за да остварат право на работа, добра плата и загарантирана пензија, не се исти како нашите. Ние ја одбиваме работата и целиот свет на газди.

Затоа не ги бараме оние кои сакаат да ги вратат погодностите на работничките права, изгубената социјална држава, туку оние кои се желни да изгубат сѐ за да ги вратат своите животи во свои раце. Згора на тоа, меѓу првите ќе наидеш на најголемите издајници, кои први ќе те остават, продадат, па дури и завртат против тебе кога ќе се најдат соочени со замката на ветувањата кои финансиски ќе ги спасат.

А спротивно на тоа, кај вторите ќе наидеш на некои од најискрените и најблиски пријатели и другари.

Но тоа не значи дека остануваме неутрални во име на некаква идеолошка чистота додека е во тек некоја општествена борба. Напротив, ја користиме секоја можност да нападнеме, одново и одново. Но ние не се губиме во масата на работници и народни пленуми за да уверуваме или бидеме уверени.

Ние ја исцртуваме мапата на градот и ја пренесуваме војната секаде каде што сакаме. Додека цајканите се зафатени со улични борби во центарот на градот, некои од нас не треба да бидат таму за да дадат придонес фрлајќи уште еден молотов. Го користиме военото отсуство на полицајците од други делови на градот за да нападнеме полициски станици, банки, луксузни продавници, пренесувајќи го насекаде хаосот на анархистичкото востание.

4. FAI-IRF Мрежата на ќелии

[Неформална анархистичка федерација - Меѓународен револуционерен фронт]

Предлогот на FAI-IRF ја задоволува нашата желба и ја претвора директната неодложност на нападот во практично искуство сега и овде.

FAI-IRF не го следи часовникот на општествените борби. Сказалките на нејзиниот сопствен часовник се застанати на сега и овде.

Преку практичната теорија, сите ние - анархонихилистите, антицивилизациските анархисти, хаотичарите - ја создаваме нашата сопствена меѓународна мрежа на заговор и директна акција, и први напаѓаме.

Создаваме мали флексибилни ќелии, распространети низ проѕирниот општествен затвор на метрополите, напаѓајќи координирано и одненадеш. На тој начин FAI и ЗОЌ ја ткаат сопствената мрежа, чија цел е да го затруе функционирањето на системот. Не постојат протоколи ниту статути, така што секој може да учествува во авантурата на новата анархистичка урбана герила. Секој поединец може да се обедини со најблиските другари и да создаде ќелии на FAI за да учествува во меѓународната побуна на Црната интернационална на Анархисти од Практика.

На тој начин се создаваат ќелии кои без меѓусебно да се познаваат, развиваат односи на афинитет и поттикнуваат директна акција, антиопштествена тенденција и меѓународна солидарност. Тоа се трите клучни поими кои ја сочинуваат FAI. Што не значи дека FAI-IRF е централизирана организација која ја апсорбира секоја различност во име на униформноста. Напротив, ќелиите на FAI ги откриваат своите согласувања и своите продуктивни несогласувања преку своите акции. На тој начин, преку различни изјави, започнува значаен дијалог, кој нема за цел да ја открие едната и единствена вистина, туку да поттикне еволуција на практичната теорија.

Само преку несогласување и дијалектика помеѓу другарите се достигнува еволуција на поединците и изострување на интензитетот на животот.

Ние и другарите кои учествуваат во проектот FAI-IRF доаѓаме од различни земји, но исто така припаѓаме и на различни анархистички тензии. Меѓу нас има анархонихилисти, хаотичари, антисоцијални, антицивилизациски анархисти, антиспецисти, кои го откриваат својот идентитет преку своите акции. Бидејќи, како што веќе беше напишано, „зборовите често нѐ разделуваат, но преку нашите акции повторно се сретнуваме“. FAI нема идеолошки етикети, не трпи догми, туку ја препознава својата разновидност и тензии и го поттикнува постојаното анархистичко востание.

Текстовите како „Неодложноста на нападот“, кој го напиша другарот Никола Гаи, ни нудат терен за разговор и подобро запознавање. Затоа е важно тој дијалог да се продолжи со текстови, писма на затворениците и коминикеа за директни акции.

FAI секојдневно станува сѐ посилна, новата анархија се шири на места каде што сѐ до вчера Црната интернационала беше само глас. Австралија, Русија, Белорусија, Бразил, Еквадор, Перу, Финска, Боливија се придодадоа на земјите кои FAI веќе ги „зарази“, како што се Италија, Индонезија, Грција, Обединетото Кралство, Чиле, Мексико, Шпанија...

Сега влогот е уште посилен. Директната акција на анархисти од практика ги уништува инхибициите и кукавичлукот на традиционалните анархисти, кои се плашат да ризикуваат затоа што не сакаат да ги изгубат своите илузии за вечниот момент на масовен бунт.

И затоа кога FAI и ЗОЌ ја практикуваат анархистичката акција сега и овде, сите поданици на анархистичкото движење реагираат со страв, се бранат и клеватат кога се работи за акции кои ја надминуваат нивната псевдоанархистичка реторика.

Ние завршивме со изговорите на кукавиците.

Лагите за позрели објективни услови, исчекувањето општеството да се освести и алибито на малите симболични акции, со цел сите да ги користат тие средства на борба, станаа прездодевни.

Ние самите ги создаваме нашите услови, не чекаме да прејдеме во напад и да се судриме со авторитетот и засигурно не е потребен експерт за насилство за да се изработи запалива направа или да се повлече орозот на пиштолот. Анархистичката свест и желба за директна неодложност на нападот е сѐ што ни треба.

FAI и ЗОЌ, заедно со сите анархисти од практика, го напаѓаат мирот на многумината и создаваат можности за реализација на слободен и анархистички живот.

„Ако си дошол на овој свет само за да ги броиш деновите и потоа умреш, немаш од што да се плашиш. Мирниот човек нема никогаш да се повреди. Но грдотијата на овој свет е дело на мирните луѓе. Бидејќи мирните луѓе со својата апатија помагаат грдотијата да стане уште полоша.“

СОЗДАВАМЕ 10, 100, 1.000 ЌЕЛИИ НА FAI-IRF

ДА ЖИВЕЕ ЦРНАТА ИНТЕРНАЦИОНАЛА НА АНАРХИСТИ ОД ПРАКТИКА

НИШТО ПОМАЛКУ ОД СЀ

Христос Цакалос

член на Заговор на Огнените ќелии - FAI/IRF

Затворот Коридалос, септември 2013

Адреса: DIKASTIKI FILAKI A’ PTERIGA — KORIDALLOS — T.K. 18110 — ATHENS — GREECE

 

 

[1] Заговор на Огнените ќелии (Conspiracy Cells of Fire) е грчка анархистичка група на урбана герила, чии членови (Јоргос Никопулос, Михалис Никопулос, Христос Цакалос, Герасимос Цакалос, Олга Економиду, Дамјанос Болано, Панајотис Аргиру, Јоргос Полидорос, Теофилос Маврополус, Харис Хаџимихелакис) се уапсени, притворени и под судски процес, обвинети за 250 експлозивни напади на банки, автомобилски претставништва, трговски центри, владини институции, амбасади, полициски станици, партиски седишта, станови на политичари, судии, криминолози и новинари, приватни фирми за обезбедување, компании кои градат затвори итн. [заб. на Е.]

[2] Никола Гаи, член на италијанската анархистичка Ќелија Олга (Економиду, затворена припадничка на ЗОЌ), осуден во ноември 2013 на 9 години затвор за ранувањето на извршниот директор на италијанската компанија Ansaldo Nucleare, Роберто Адинолфи. [заб. на Е.]