Кевин Такер
Што претставува тоталитетот?
Тоа се високите количества остатоци од опасни и потенцијално смртоносни хемекалии внатре твоите масни ќелии. Тоа си ти како седиш внатре и го вклучуваш телевизорот или компјутерот на убав ден. Тоа си ти како купуваш кога си депримиран. Тоа е чувството што го имаш дека нешто недостасува. Тоа се твоите грижи дека пожар може да ги уништи сите твои нешта што ги поседуваш и твоите планови да се обидеш и да ги земеш со себе. Тоа е мислата што ти вели да бидеш на диета. Тоа се вишокот маснотии на твоето тело. Тоа е главоболката што не минува. Тоа е внатрешното крварење предизвикано од годините полни болка, ублажувана со дрога. Тоа се вродените недостатоци на твоите деца. Тоа е твојот убиец кога ќе умреш во сообраќајна несреќа. Тоа е твојот спасител кога се обидува да ја пополни празнината за тебе. Тоа е твојот тумор. Тоа е твојот скап ковчег и погребна одора. Тоа е дрогата што ја земаш кога ти треба излез. Тоа е булдожерот што ја уништил шумата која можеби толку добро си ја познавал. Тоа е високиот облакодер што прави да се чувствуваш толку мал и немоќен. Тоа е твојот шеф. Тоа е минималниот личен доход, тоа е максималниот личен доход.
Тоа е твојот затвор, некогаш со решетки, некогаш без. Тоа се сите твои стравови. Тоа е она што не ти дава да заспиеш навечер. Тоа е бравата на твојата врата. Тоа е куршумот во твојот пиштол. Тоа е твојата јака и вратоврска. Тоа е она што не сакаш да го направиш, но чувствуваш дека мораш. Тоа е другиот образ. Тоа е ладното раме. Тоа е рeкламата што ти вели дека интернетот ќе ти обезбеди љубов. Тоа е новиот апарат што не си знаел дека воопшто постои, а без кој не можеш да живееш. Тоа е сиромаштијата. Тоа е нееднаквоста. Тоа е „удави се или пливај“ економијата. Тоа е она што те категоризирало. Те спречило да го правиш она што сакаш. Тоа е она што те прави љубоморен. Тоа е твојата омраза. Тоа е твојата љубов. Тоа се твоите средства за чистење за кои мислиш дека се по малку чудни. Тоа е твојата стисната тупаница. Тоа е твојот џебен солзавец.
Тоа е полицијата. Тоа е пендрекот. Тоа е демонстрантот и медиумите коишто ти велат да не ги слушаш. Тоа е корпорацијата којашто создава нова вистина за тебе секој ден, онаа што ти го обезбедува знаењето да го купиш она што тие го прават со самодоверба. Тоа е златната значка што си ја добил во градинка. Тоа е петката што си ја добил во средно училиште. Тоа е твојата факултетска диплома. Тоа е твојата плата. Тоа е твојот терапевт. Тоа е сметката од лекот што си го купил да ти го „опраи мозокот“.
Тоа е болката во твојот грб. Тоа се твоите отечени колена. Тоа е влошениот вид од вжарениот сјај на нашите институции. Тоа е губењето на твојот слух. Тоа е бучавата што те збудалува. Тоа е твојот адреналин. Тоа се твоите солзи после тажен филм. Тоа е твојот копнеж за драматична романса со среќен крај. Тоа е твојата страст за секс. Тоа е жената посматрана како предмет, тоа е безмоќниот маж. Тоа силувачот. Тоа е убиецот. Тоа е крадецот. Тоа е профитерот. Тоа е работникот. Тоа е мртвиот синдикалец.
Тоа е војникот спремен да убива и умре за поефтина нафта. Тоа се владините жртви распалени од неволноста да го следат сопствениот начин на живот. Тоа е обесениот активист, зашто рекол дека не сака да биде убиван за профит. Тоа е гумениот куршум. Тоа е солзавецот. Тоа се истребените видови. Тоа е светот што изумира. Тоа е загадениот воздух. Тоа е загадената вода. Тоа е несреќата во нуклеарната централа. Тоа е истекувањето на нафта. Тоа е пукнатината во гасоводот. Тоа се кочниците што откажале. Тоа е намалениот биодиверзитет. Тоа е патентираното семе. Тоа е фармерот кој се убива себеси со пестициди што ќе го направат животот подобар. Тоа е автомобилскиот појас кој те осакатил, но не те убил. Тоа е крвта што тече од исекотината што си ја здобил на работа, но не можеш да си дозволиш да ја оставиш да заздрави. Тоа е бетонот под твоите нозе. Тоа се скалилата по кои паѓаш. Тоа е возот што излетал од шини. Тоа е авионот што експлодирал. Тоа е бродот што потонал. Тоа е пијалокот што го пиеш за едноставно да заборавиш сè. Тоа е твојата несреќа. Тоа е твојот свет.
Тоа е сè за тебе. Тоа е цивилизираното постоење и умствениот систем којшто го одржува.
Тоа е она што прави уништувањето да не изгледа толку шокантно. Те одржува до следниот ден. Те опушта навечер. Ти предизвикува кошмари, ти дава соништа. Тоа е твоето чувство дека не си постигнал доволно. Тоа е твојата желба да имаш дете за да се докомплетираш. Тоа се физичките и ментални бариери на цивилизираниот живот. Тоа е цивилизацијата, а тоа си ти. Тоа е умствен сет. Тоа е моќ. Тоа е физички зајакнато да ја блокира стварноста од сопствената немоќност, посредувајќи меѓу човечкото постоење и природниот свет. Тоа е чувството на супериорност, коешто ја создава причината за уништување на сè друго. Тоа е неприродно. Тоа ќе пропадне, но дали и ти ќе пропаднеш со него? Тоа е лично и индивидуално. Тоа може да се порази, а неговиот пораз е потребен за нашето ослободување, како и на сето останато што човековиот вид си поставил за задача да го освои и покори. Слободата е само за мисла оддалечена. Ослободи го умот и телото ќе те следи.