Л
Фрагмент: волчица
Ова е уште еден текст од серијата критички написи во врска со „граѓанскиот анархизам“, кои ги започнаа Венона К. и изданијата на Dark Metter. Посветено на Edizioni Cerbero, Parole Armate, FAI Olga Nucleus и Заговор на Огнените ќелии.
Нихилистката-анархист не мора да се преправа дека припаѓа на Историја или Движење, но избира како ќе го живее својот живот, по сопствен избор и заедно со блиските околу себе. Не дава изговори зошто се организира во интимна група од 2-3 блиски пријатели. Нејзиниот креативен излив циркулира на ниво кое таа го избира и одредува, во соработка со оние кои одлучиле дека ќе бидат заедно во одредени активности и врски. Алегалноста и неформалноста најдобро ѝ одговараат и таа нема претензии кон демократија, одобрување од масите или масовни акции. Животот веќе го овозможува просторот за нејзините смислени акции. Таа е толпата, а во себа ги има анулирано времето и општеството, може да прави сè што сака, ако тоа го науми и ги прифаќа последиците. Никој не заминува жив од животот. Да живее или да умре, да го држи животот на непријателот во свои раце - да го притисне чкрапалото, или не, изборот е нејзин. Нејзиниот живот е нејзин. Таа не е жртва туку агресор. Непријателот ќе умре или ќе живее по нејзин избор, а не обратно. За сè одлучува нејзината волја, која е само нејзина. Нејзината единствена стратегија е да ги искористи можностите, а единствената тактика нејзиното достоинство и одлучност да успее во својата цел.
Со методи кои одговараат на поединецот, поврзувајќи се преку делување наместо преку идентитет, таа ги следи своите лоши страсти[1] до пеколот и никој не може ништо да стори во врска со тоа.
[1] Види Edizioni Cerbero, “Bad Passions – The Rights of the Ego – From an anti-Christian point of view”, 325.nostate.net