Ниту заборав ниту обред: против култот на мршата
„Ми се чини дека би било позадоволувачки почит да се изрази преку дела, со оглед дека се работи за личности кои својата храброст ја искажале преку дела.“
Тукидид, Историја на Пелопонеската војна, 411 п.н.е.
Опасно е да ѝ се објави војна на државата и на овој свет, затоа што можат да се направат само две нешта: да се напредува и да се води борба, против сѐ што би можело да го уништи, ослабе или спречи напредувањето. Како анархисти, под што подразбираме и како револуционери, свесни сме за нашите избори и одговорности кои произлегуваат од нив. Кога велиме дека сме револуционери, не зборуваме за некоја вера во совршен и безгрижен свет, ниту се занесуваме со идеалите за некоја можна сеопшта антиавторитарна револуција, која можеме само да ја сонуваме во нашите мастурбирачки соништа, во нашиот или во некој друг живот. Зборуваме за трајна тензија кон продлабочување на процесот на раскинување со моќта и нејзините институции, преку радикална критика и деструкција.
На 22 мај 2009 год., Маурисио Моралес (Mauricio Morales), почитуваниот другар од Сантијаго, Чиле, падна во борба од оваа општествена војна, кон која настојуваме да придонесеме, тој како и бројни други анархисти низ светот, со свои средства и своја етика, со своја жестина и сопствени копнежи. Експлозијата на рачно изработената бомба, која ја носел со себе, ја предизвика неговата сурова смрт, иако таа била наменета за блиското Жандармериско училиште. Иако во тој момент бевме многу далеку, овде во срцето на старата Европа, веста за неговата смрт нѐ погоди затоа што се работи за смрт на еден наш брат. Не го познававме директно Моралес, но дали тоа воопшто е важно? Се препознавме во него, како што секојдневно се препознаваме во сите напади против доминацијата, и тоа ни е доволно. Како и многу други и ние ја запаливме ноќта во знак на сеќавање. Затоа што, според нас, единствениот облик на почит достоен за спомен на еден другар е: да продолжиме да се бориме од солидарност; да, но и многу повеќе: низ светот да ја шириме критиката преку дела и да го охрабруваме нејзиното ширење.
Во суштина, нашите напади врз постоечкото не се примарно насочени на оддавање почит на паднатите другари, ниту на посвети на овој или оној другар во затвор, ниту на фронтален дијалог гради в гради со моќта. За нас нападот е потреба, затоа што зборовите имаат свое значење и затоа што нашите идеи не се само поими. И ја сметаме за секундарна, сосема одвишна, потребата за намигнување или постојана автореференцијалност. Оние на кои им се наменети тие намигнувања нема потреба да се прозиваат, доколку се препознаваат во она што произлегува од делата. Посветувањето на нападот на еден другар значи истовремено на другите да им се оддалечи можноста за присвојување, и одземање на нас самите на бескрајните можности за присвојување и репродуцирање, како и анонимноста која, за нас, го карактеризира анархистичкиот потфат во сета своја скромност. Да прецизираме, она што ние го подразбираме под скромност се нашите напади кои ги сметаме за скромни придонеси кон општествената војна, која е постојано во тек, а не на херојските дела, бидејќи како што секогаш велиме, лесно е да се нападне и неважно е кој бунтовник ќе го стори тоа. Затоа нашите другари паднати во борба за нас не се херои.
Нашите напади се секојдневни, тие не чекаат и не им е потребен никаков повик за солидарност. Тоа е нашиот единствен облик за оддавање почит: преку постојана конфликтуалност. Затоа што останатите облици на сеќавање не се од никаква помош за нашите побунети срца, затоа што плачењето никогаш не срушило ниту еден ѕид. Припаѓале на божествена или земска вера, апостолите на овој свет не нудат никакво решение за нашите несреќи. Бдеењето, обредите, славопојките, маршевите, годишниците, пригодните говори и евтиниот лиризам, со драга волја ги оставаме зад себе и продолжуваме да го исцртуваме нашиот пат. Не нѐ интересира ниту слава ниту чест, туку достоинство, љубов и омраза. Тоа се трите сестри покрај кои чекориме секој ден. Ќе беше подобро да не почувствуваме потреба да ги напишеме овие неколку редови, но го сторивме тоа од страв вредностите од религиозно и воено потекло, кои не ни припаѓаат, да се помешаат со нашите.
„Култот на мртвите е навреда на вистинската болка. Одржувањето на мала градина, облекувањето црно, носењето превез, не ја докажуваат искреноста на тагувањето. Впрочем, тоа мора да исчезне. Поединците треба да реагираат во очи на неповратноста и неизбежноста на смртта. Треба да се бориме против страдањето наместо да го искажуваме, истакнувајќи го со гротескни поворки и лажни сочувства [...] Мораме да ги срушиме пирамидите, некрополите, гробниците. Треба со плуг да ги изораме полињата со гробишта за човештвото да се ослободи од она што го нарекуваат почит за мртвите, а што всушност е култ на мршата.“
Алберт Либертад во „L’anarchie“, 31 октомври 1907.
Нема никаква слава за оној кој ќе загине во борба. За нас кои избравме да бидеме борци, моќта ни подготвила морбидни последици, како што се затвор, мачење или смрт. Сите тие грди вести се дел од договорот кој сме го потпишале со нас самите, избирајќи ја војната против постоечкото. Знаеме што можеме да очекуваме, од најубавото до најтрагичното, и подготвени сме на тоа, без оглед на исходот. Овојпат тоа беше кобно, но тоа не го прави Маурисио поангажиран или повреден другар од останатите борци. Таа ноќ одлучил да ризикува, како и многу други секоја ноќ, но несреќниот случај ни го одзеде. Но, тоа исто така си можел да бидеш ти, јас, тој, таа или, неважно, некој друг поединец, за кој анархијата не е работа на зборови и позерство.
Многу наши другари паднале во борба. Равашолите, Филипите и Моралесите на нашата историја се бројни, а сеќавањето на нив е повеќе или помалку силно, и сѐ уште живее во секој удар, во секој напад против доминацијата. Но тие не се маченици, не загинале заради идеологија, не се жртвувале. Загинале во обид да го остварат сонот, не се предале и биле убиени. И тоа е сѐ. Ништо нема да ни ги врати, ниту песните, ниту поезијата, ниту говорот, бидејќи не постои задгробен живот, не постојат херои, не постои „друг свет“ ниту извлекување од ова „овде“.
Другари, не препуштајте се на сирените на обожување, харизма и општествени вредности. Анархистите не би смееле да бидат канонизирани. Да му го препуштиме тоа на шоубизнисот и религиозната идолатрија. Секој поединец нека биде свој сопствен херој, наместо да бараме величина во другите. Маурисио не е статуа, плакат или икона. Тој е извор на инспирација, тој е наш брат.
Против култот на мршата.