Никола Гаи
Изјава пред судот во Џенова на 30 октомври 2013 година
„Никој не може да ме суди,
Ниту ти,
Вистината те боли, знам.“
C. Caselli
Само неколку зборови за да потврдам неколку едноставни факти пред „вистината“ да биде одредена во судницата; доколку поимот „вистина“ не е јасен, го употребив во иронична смисла, затоа што не признавам ниту еден друг суд освен мојата совест. Единствените одговорни личности за она што се случи во Џенова на 7 мај 2012 година сме јас и Алфредо. Никој друг, од нашите пријатели и другари, не беше запознаен со нашиот план и неговата реализација. Колку и да се трудите да копате по нашите животи и нашите односи за да ги пронајдете соучесниците на тоа „недело“, никогаш нема да успеете да го докажете спротивното, сигурно дека ќе се обидете, но во тој случај ќе се работи само за лаги и обид за фаќање некој друг постоечки непријател. Разбирам дека на личностите кои го посветиле својот живот служејќи му на авторитетот не им е лесно да ја прифатат идејата дека двајца поединци, вооружени само со сопствената одлучност, можат да одлучат да се обидат да ги заглават тркалата на техноиндустрискиот систем, наместо дисциплинирано да придонесат, со нивно вртење, но нештата не се такви. По години минати во набљудување на систематското уништување на природата и сите аспекти кои животот го прават вреден, од страна на никогаш доволно опеаниот технолошки развој. Години минати следејќи ги со внимание, но секогаш како гледачи, искуствата на бунтовниците кои во овој свет, навидум помирен, продолжуваат да ја креваат главата за да ја афирмираат можноста на еден слободен и див живот. По катастрофата во Фукушима, кога Алфредо ми предложи да му помогнам да ја реализира акцијата против инженерот Адинолфи, прифатив без двоумење. Најпосле можев конкретно да го изразам мојот отпор кон техноиндустрискиот систем, да престанам да учествувам во симболични манифестации кои премногу често се само манифестации на немоќ. Никој, со барем малку разум, не може да биде измамен дека резултатот од еден референдум или говорите на некој гуру на зелената економија може макар да ги избрише вродените штетни аспекти од светот во кој сме принудени да живееме. На сите ни е пред очите, секој што сака да гледа, дека Finmeccanica, со своите компании, и понатаму произведува оружје за масовно уништување; но, тоа едноставно го прави надвор од италијанските граници, како радијацијата да ги почитува тие омразени граници. Во Романија (несреќното место Црна вода, познато по бројните инциденти во централата), Словачка и Украина, само да ги споменеме неодамнешните и најнепосредни инвестиции. Ansaldo Nucleare и понатаму шири смрт и придонесува за уништување на природата. Како што на сите би требало да ви биде јасно, проблемот не лежи во прашањето дали може да се случи уште еден Чернобил со останатите 190 нуклеарни централи само во Европа, туку кога ќе се случи. И како тоа да не е доволно, не смееме да заборавиме дека таквите чудовишта не убиваат само кога се во функција, туку и со својот отпад. Отпадот се пренесува насекаде низ Европа, без никој да знае што да направи со него. Нуклеарниот отпад од италијанските централи, исклучени веќе со децении, и ден денес сè уште се превезува во Франција за да се закопа на „сигурно“: од него добиваат гориво за напојување на други реактори, а и по некој килограм плутониум кој може да се користи само за производство на бомби (ова само да се потсетиме дека кога зборуваме за нуклеарната енергија нема разлика помеѓу цивилната и воената употреба), a потоа ни ги враќаат опасни, речиси како и претходно. Во тој поглед, којзнае што ќе направат повторно Американците со отпадот пренесен во САД ова лето, во голема тајност, од единствениот склад за нуклеарен отпад во регионот, Базиликата. Би можел да зборувам со часови за штетите и уништувањата кои ги нанела нуклеарната енергија, да наведам безброј примери, да потсетам на она што се случува во Фукушима (каде, според нечии зборови, ниту една жртва не може да ѝ се припише на централата…), но не се наоѓам тука за да барам оправдувања. Нуклеарната енергија е можеби елемент на овој цивилизиран свет во кој бесмисленоста и монструозноста на техноиндустрискиот систем може секому да му бидат јасни, но треба да бидеме свесни дека на олтарот од технолошкиот развој ја жртвуваме секоја заштита на нашата индивидуална слобода и можноста да живееме живот вреден за живеење. Одлуката дали да се биде послушен поданик или да се обидеме да живееме, е на секој од нас, сега и овде, отпор кон постоечкото. Јас избрав, радосно и без каење.
Ние одовде ќе излеземе етикетирани како терористи; забавен е фактот дека вие можете да го тврдите тоа без да се чувствувате смешно: така вели кривичниот закон. Тоа што можеме да го кажеме со сигурност е дека збровите веќе немаат никакво значење; ако ние сме терористи, како би го дефинирале оној што произведува оружје, ракетни системи, дронови, ловци, реквизити за лов на личности кои се обидуваат да ја поминат границата, нуклеарни централи, кој дискутира на исто ниво со убијците во униформа и познатите диктатори, накратко, како би ја дефинирале Finmeccanica? Се разбира, ниту вашите управители не се многу креативни, кои, за да го избришат можниот сомнеж за реалната улога на оваа компанија, неодамна на главното место поставија еден поранешен полицаец Џиани де Џенара: земајќи ја предвид неговата одговорност во тортурите во Болзането и масакрот во училишитето Диаз за време на Г-8 во 2001 година, бидејќи беше шеф на полицијата, логично заклучија дека е вистински човек за вистинското место.
Враќајќи се на причината за оваа моја изјава, би сакал да прецизирам неколку точки од оваа „одлична“ операција која доведе до нашето апсење. Којзнае колку честитања и тапкања по рамениците добиле лукавите прогонители кои успеаја да ја искористат нашата единствена, фатална грешка, направена од неискуство и брзање за да направиме нешто по катастрофата во Фукушима. Всушност, не ја забележавме видео камерата која ја поставил еден ревносен сопственик на едно кафуле за да ги заштити своите сендвичи. За жал, не ја видовме додека го проучувавме патот кој води од местото на кое го оставивме моторот до автобуската станица, со кој, по еден преседан, се превезовме до периферијата на градот во правец на Арензано, каде беше паркиран мојот автомобил, кој го користевме за доаѓање и заминување од Џенова. Ако сакаме да бидеме искрени, видеокамерата не беше единствената направена грешка, изгубивме драгоцени моменти и во моментот кога го напуштавме местото на акцијата, нè парализираше бесното рикање на надриврачот на атомот: „Проклетници, знам кој ве прати!“. Не е мое да го погодувам значењето на таа реченица, моментот не дозволуваше сталожено расудување, а уште помалку, не сум навикнат да градам кули од карти на зборовите што ги изговорила некоја друга личност, но самостојно заклучив дека ги пикнавме рацете во куп гомна. Сите други елементи кои го оправдаа нашиот притвор или се искривени или, едноставно, се лажни. Фамозното прислушкување за „пиштолот“, според кое јас наводно тврдам дека сум пукал, е неразбирливо, и непотребно е да се ангажираат вештаци за да се докаже тоа, бидејќи јас го возев моторот и едноставно е невозможно јас да го држам пиштолот, а згора логички ми е апсурдно тоа да сум ѝ го зборувал на личноста која со мене учествувала во акцијата, т.е на Алфредо. За принтерот, запленет во куќата на моите родители, за кој форензичарите тврдеа дека на него е испечатен летокот, немам многу да кажам, затоа што јас ги купив компјутерот и принтерот, а потоа заедно ги уништивме по употребата (интересно е дека и форензичарите, откако преиспитувањето го потврдило нашето апсење, забележале дека веројатно не се работи за истиот принтер). Што се однесува до крадењето на моторот, за што е отворен предмет против нас и наводните непознати, работите се многу поедноставни отколку што вие ќе се трудите да ги претставите. Кружевме низ градот обидувајќи се да го решиме проблемот, затоа што немавме никакви искуства со тоа. Како што знаеме, среќата е на страната на одважните, и во живописното местенце Болзането наидовме на скутер со клуч, кој го земавме и одлучивме да го вратиме неколку дена со заштитниот шлем. Моторот и понатаму беше паркиран на истото место, доволно ми беше да седнам на него, да го запалам и да го однесам до гробиштата во местото Стаљиено, каде остана петнаесет дена пред стореното дело, кога го преместив до куќата на инженерот Адинолфи. Му се извинувам на сопственикот што го фрлив заштитниот шлем и останатите работи кои беа под седиштето и што го фрлив страничниот багажник, затоа што, за жал, ни пречеа и навистина не ќе беше мудро да се обидам да ги вратам. Уште еден елемент над кој истражителите ги градеа теориите и кој, се плашам, како вистински инквизитори ќе ги искористат во иднина, е прислушувањето кое го извршија во социјалниот центар во Наполи, во кој наводно неколку другари го коментирале летокот што го добиле, прв во светот, преку електронска пошта. Не знам за што зборувале, нема да објаснувам дека тешко е да се разбере дијалогот, ниту ќе се задржам на очигледната сличност помеѓу зборовите „Валентино“ и „волантино“ (на италијански „леток“), но добро знам дека коминикето е испратено преку обична пошта (кога се враќавме со автобусот, уфрливме писма во поштенското сандаче кај пристаништето за траекти), оттаму, невозможно е да го добиле преку електронска пошта.
Многу добро знам дека ќе го употребите нашиот случај за да дадете пример, дека одмаздата ќе биде драконска, дека ќе направите сè за да нè изолирате (доволно е да се каже дека нашата пошта повеќе од една година е подложна на цензура), но сакам да ви соопштам една лоша вест: се работи за бескорисни напори. Веќе барем 150 години, судиите, и поостри од вас, се обидуваат да ја избришат идејата за можниот живот без авторитет, но со незначителни резултати. Можам со сигурност да ви гарантирам дека вашите репресивни акции, колку и да биде широк нивниот спектар, колку и да бидат индискриминирачки, нема никогаш да успеат да уништат или да искоренат нешто. Ако мислите дека, благодарение на нас, ќе стигнете до другите анархисти кои одлучиле да експериментираат со хаотичната, спонтана и неформална можност на FAI, многу грешите, и ќе направите само уште една грешка; ниту јас, а ниту Алфредо не познаваме никого кој се одлучил за таков избор. Вие ловите дух кој не можете да го затворите во тесната кутија на вашите закони. Затоа што тој се појавува во моментот во кој деструктивните тензии на оние што го оживуваат ќе се обединат за да делуваат, во моментот во кој слободните жени и мажи ќе одлучат да експериментираат, конкретно со анархијата. Сега, кога искуството на нуклеусот Олга е завршено, можам да ви гарантирам дека пронајдов нови причини за јакнење на мојата омраза и причини заради кои го сакам уништување на постоечкото, составено од авторитети, експлоатација и уништувања на природата.
Љубов и соучесништво за сестрите и браќата кои со своите акции, на сите страни од светот, го остваруваат лудиот сон на FAI/FRI.
Љубов и соучесништво за другарките и другарите кои, анонимно или не, и понатаму напаѓаат во име на можниот живот без авторитети.
Љубов и слобода за сите анархистички затвореници.
Да живее црната интернационала на сите кои му се противат на смртоносниот проект на цивилизацијата.
Да живее анархијата!
Никола Гаи
Ферара, септември 2013