Никола Гаи
Неопходноста од напад
Фактот дека живееме во еден посран свет во кој државата и капиталот ни ги наметнуваат, и тоа непречено, сите можни облици на ужас, веќе одамна е потврден. Меѓутоа, неоспорно е дека само едно мало малцинство настојува да се спротивстави, повеќе или помалку свесно, на бришењето на секој самостоен и слободен простор кој го прави животот вреден да се живее. Дел од тоа малцинство, ние анархистите, свесни сме дека неодложно треба да го уништиме она што нѐ угнетува: зошто не сме поодлучни и попродорни?
Една од нашите најголеми и најсериозни кочници за нашето делување секако е стравот својот сопствен живот навистина да го ставиме во игра. Тоа е еден од средишните аспекти на револуционерната борба (често недоволно анализиран), затоа што нѐ тера да се соочиме со себеси и со нашите слабости. Ги величаме таканаречените „мали акции“, кои можат едноставно да се репродуцираат и кои засигурно нема да го уплашат народот, и иако сме свесни дека деструктивниот напад на авторитарниот-технолошки систем е потребен и неодложен, се воздржуваме докрај да го ставиме нашиот живот во игра, да признаеме дека сме во војна и да делуваме согласно тоа. Секако е полесно да се биде со стотици/илјадници луѓе во одбрана на подрачје на кое му се заканува екоужас, отколку сами да го чекате проектантот пред куќа. Не зборувам за храброста, во секој од нас постои страв и секој од нас користи сопствена стратегија за да го контролира и владее со него; и оние кои учествуваат во таканаречената „општествена борба“ ризикуваат затвор или ранување (има стотици такви примери), мислам дека разликата не е во тоа, се работи за нешто покомплексно, односно се работи за одлука околу изборот на обликот на борби, во кои не постојат никакви шанси на посредување со власта, кои се израз на целосно отфрлување на постоечкото. Учествуваме на собранија/пленуми на кои се лажеме дека придонесуваме за донесувањето на некои одлуки, иако обично се прилагодуваме на предлозите на харизматичните другари. Компромисот, неизбежно, секогаш претставува пораз, впрочем треба сите заедно да растеме (секојпат) и притоа никого да не уплашиме. Се залажуваме дека придонесуваме кон заедничкиот проект иако многу често тој не ниту наш; кога ќе се најдеме „меѓу луѓето“ се залажуваме дека правиме нешто конкретно за идната револуција. Можеме да ги поделиме нашите одговорности со другите и да се надеваме дека нема да останеме сами ако работите тргнат на лошо. Не сме ни свесни колку губиме од нашата индивидуална слобода, напротив, дури се чувствуваме сигурни помеѓу границите кои ни ги наметнува собранието/пленумот, можеме да ја сокриеме нашата неодлучност зад ризикот дека нашата нестрпливост би можела да му наштети на заедничкиот проект. Меѓутоа, само кога одлучуваме да го ставиме нашиот живот целосно во игра и кога, поединечно или со нашите сродни другари, ја нападнеме моќта на најранливото место, само тогаш поседуваме вистинска контрола и можеме да тврдиме, радосни и весели, дека водиме наша револуција. Реализацијата на директната акција нѐ ослободува од јамката на одбранбените борби, ни овозможува бескрајни перспективи на акција и слобода. Ова не е само обична естетска егзалтација на индивидуалниот чин, свесен сум за фактот дека востанието е колективен чин кој ќе се случи кога угнетените ќе се вооружат и ќе кренат бунт. Но, суштината се наоѓа во методата со која ќе придонесеме востанието да избие. Нашиот живот е краток, а работата на уништувањето преголема и итно потребна за да чекаме сите да бидат подготвени. Всушност, јас сум убеден дека само со разгорување на пожарите и со примери на акции можеме да го доближиме тој момент.
Дополнителна кочница на анархистичките напади гледам во пристапот на многу другари кон општественото прашања за таканаречените „општествени борби“. Според мене, погрешен е и самиот појдовен став: чувството дека сме поинакви во однос на народот, од што произлегува дека општественото е нешто на што треба да работиме, да му пријдеме внимателно за да не се уплаши и малку по малку да го доведеме до напредни идеи, а кога еднаш ќе биде спремно да се најдеме со него на барикадите на востанието.
Јас сум уверен дека анархистите се дел од општеството и дека треба да се постават во рамноправен однос со „другите“, да ги разбијат сите „патерналистички“ однесувања кои неизбежно водат во политика. Анархистите треба да делуваат и напаѓаат со сите сили. На другите, со слични тензии, тоа ќе им биде пример, ќе откриеме нови соучесници и кога, конечно, сите угнетени ќе се одлучат на бунт, ќе избие востание. Ние сме тие кои треба да ги одредуваме моментите на борба, колку сме повпечатливи и поспособни да ги нападнеме вистинските точки, толку поголеми шанси ќе имаме за ширење на практиката на директен напад. Тоа не значи дека не треба да учествуваме во спонтаните борби, но треба да користиме наши методи: саботажа и директна акција. Кога во некое место луѓето ќе излезат на улица за да се спротивстават на нешто што нанесува штета, не треба сите до еден да ги запознаеме и да готвиме бакрдан, за педа по педа да ја подигнеме повисоко барикадата која сме ја изградиле. Тоа нема да ни ја приближи востаничката перспектива, напротив, ќе ги омлитави нашите сили. Треба да ја нападнеме компанијата која гради, проектантите, инвеститорите: треба јасно да покажеме дека секој може да го земе животот во свои раце и да го уништи она што уништува. Треба да се судриме со полицијата, но не само кога се обидува да растера вообичаен протест, треба да провоцираме и напаѓаме, да покажеме дека е можно, дека може/мора први да тргнеме во напад на она што нѐ задушува. Некој би можел да каже дека начинот на кој го согледувам и поимам делувањето во себе може да го носи вирусот на авторитаризам и авангардизам. Напротив, сметам дека во себе го носи противотровот за овие две зла кои ја јадосуваат револуционерната акција. Не смееме да ги маскираме нашите вистински желби, треба јасно да кажеме кои сме и што сакаме, и пред сѐ, во рамноправен однос со другите, да докажеме дека со своите вооружени страсти секој може конкретно да се спротивстави на постоечката состојба на нештата. Политиката, според мене, се изразува токму во самоограничувањето за да го задржиме чекорот со другите, во отстранувањето на одредени идеи за да не ги „уплашат“ оние кои не се подготвени да ги разберат. Треба да биде јасно дека анархистите бараат соучесници за востание, а не јавно мислење благо наклонето кон магловити приказни за слобода и самоуправување. Уште една критика која често им се упатува на луѓето кои практикуваат напади против државата и капиталот, на повеќе или помалку паметен и прикриен начин, е запаѓањето во вртлогот на акција/репресија со апаратот на власт, без напредок кон востание. Тешко е да се оспори фактот дека колку повеќе стануваме опасност за власта, толку повеќе таа ќе настојува да нѐ задуши, но тоа, за жал, е нормално и таквата ланчана реакција на причини и последици може да се прекине само со размножување и ширење на нападот, што би довело до пресврт, односно востание. Да се мисли дека револуцијата ќе биде плод на освестената угнетена маса, после децении „обука“ во вежбалните на посредните борби, водени од едно малцинство на просветлени кои ги водат за рака, само еден чекор напред, непрестано одложувајќи го моментот на вооружен судир, е чиста илузија. Таа тактика е двоен губитник, бидејќи ако се откажеме од директната акција, се откажуваме и од тоа во целост да го живееме нашиот живот, да ја водиме овде и сега нашата револуција. А губитник е и затоа што подразбира дека државата на угнетените ќе им остави доволно време да се освестат за својата состојба, да се запознаат, организираат, а потоа, можеби, да кренат востание, пред таа да ги прегази. Како мал пример би можела да послужи Слободната Република Мадалена[1], збришана пред кој било да се залаже дека претставува реална опасност за државната власт. Згора на тоа, државата поседува уште едно оружје, можеби уште посилно од воените сили: надоместок. Пример: ако проблемот со домувањето стане итен и борбите и окупациите се мултиплицираат, а иселувањата не успеваат да го решат проблемот, власта може да игра на картата на легализација. Штом еднаш добие кров над глава, што ќе правиме со угнетената личност со која сме се бореле рамо до рамо? Можеби ќе бара повеќе, можеби ќе го продолжи бунтот, но поверојатно е дека ќе биде задоволна, додека ние ќе бидеме принудени да се фрливме главечки во следната борба, со надеж дека таа ќе биде поуспешна... Единствено кога нашето делување не го зема предвид посредувањето, кога цел на нашата борба е да го уништи она што нѐ угнетува, државата не може да нѐ измами со надоместоци: или има сила да нѐ прегази или ќе мора да потклекне. Ако сме кадри да ја шириме практиката на напад и директна акција, ако знаеме да долеваме масло на огнот на општествените тензии, заострувајќи ги и настојувајќи да го избегнеме престројувањето, можеби навистина ќе успееме да го запалиме полето.
Пред да завршам, би сакал накратко да се задржам на уште еден елемент кој понекогаш ја кочи нашата акција: анализата на последиците и трансформациите на моќта. Изгледа дека таа баш и не ни помага да пронајдеме подобар начин на делување, туку често ни влева страв и чувство на немоќ во однос на величината на предизвикот и страшните тешкотии со кои треба да се соочиме. Колку повеќе ги анализираме тоталитарните и погубни аспекти на технологијата, колку повеќе ги обзнануваме авторитарните планови на моќта, толку повеќе отапува нашето оружје. Поединците кои сакаат да делуваат ги тероризираме со повеќе или помалку длабински истражувања за последните изуми на контролата. Не тврдам дека анализата и продлабочувањето не се потребни, туку дека не смеат да станат цел самите на себе, вежба на вештини одвоени од директната акција. Зошто да се објавуваат бескрајни листи на компании одговорни за уништување на природата ако никој не ги напаѓа? Само заради опсегот и силината на државните и економските апарати често се сомневаме дали сме способни делотворно да ги нападнеме. Еколошките катастрофи како реката од нафта во Мексиканскиот залив или Фукушима, како да сакаат да ни кажат дека никако не можеме да ја запреме војната на индустриското општество против човекот и природата. И покрај сето тоа, не остануваме беспомошни, анализата, директната акција и одлучноста на неколкумина можат да докажат дека не сите сме се помириле пасивно прифаќајќи, додека истовремено на другите угнетени им покажуваме како отпорот сепак е можен. На пример, делото на другарите од Нуклеусот Олга од FAI/FRI[2] ни кажува како можеме да се солидаризираме со оние кои се изложени на нуклеарна катастрофа на другата страна од светот, преку директен напад на индустријата на атомот.
Се надевам дека моите размисли ќе послужат за отворање расправа меѓу другарите, која на виделина ќе го изнесе и отфрли сето она што нѐ ограничува во анархистичката акција. Храброст и сила на другарите кои изведуваат анонимни акции, храброст и сила на оние кои го именуваат сопствениот бес, храброст и сила на оние кои со своите акции вдахнуваат живот на FAI/FRI: постои цел еден свет кој треба да се разори.
Никола Гаи (анархистички затвореник обвинет за ранување на менаџерот на атомот, Роберт Адинолфи)
Адреса: Nicola Gai — C.C. via Arginone 327 — 44122 Ferrara — Italia
[1] Слободната Република Мадалена беше основана на 22 мај 2011, за време на борбите против изградбата на супербрзата железница на подрачјето на Вал Суса, во близина на Торино (Италија), со цел да се оневозможи почетокот на работите сѐ до 30 јуни, за Италија да го изгуби правото на европските средства за изградба на геогностички тунел. Слободното окупирано подрачје преживеа до 27 јуни, кога после долги судири беше заземено од 2.500 полицајци, со масовна употреба на боен отров, односно токсичен солзавец CS (хлоробензилиденемалононитрил), штетен за белите дробови, срцето и црниот дроб (забранет во воените дејствија според конвенцијата за хемиско оружје од 1993, но дозволен на полицијата за сузбивање нереди).
[2] Нуклеусот Олга, од Неформалната анархистичка федерација - Меѓународниот револуционерен фронт (FAI/FRI), на судењето во Џенова, ноевмри 2013, ја презеде одговорноста за ранувањето на извршниот директор на италијанската компанија Ansaldo Nucleare. Нејзините членови, Алфредо Коспито и Никола Гаи, се осудени на 10 и 9 години затвор.