Никос Романос
Изјава пред судот во Атина на 29 ноември 2013
Денес започнува театарот на сенките кои вие го нарекувате судење. Повеќе од очигледно е дека се работи за судење на кое им се суди на револуционерни анархисти кои го отфрлиле системот и неговите удобности за да прејдат во напад на истиот. Затоа осмислија на десеттина „специјални државни удари“ за да се соочат со нас. Специјални затвори, специјални преместувања, специјални антитерористички закони, специјална „заштита“ од полицијата. Сите овие примери се тајни признанија прикриени зад флексибилноста на дволичните приказни кои ни ги нуди системот, но во суштина се толку кукавички што ја прикриваат целата пародија со уште посмешни аргументи, не сакајќи да го признаат она што е очигледно.
Фактот дека сме во војна, дека сме непријатели и дека нѐ разделува воена линија. Револуција и Контрареволуција.
Ах, не сме толку наивни да веруваме дека вие ја обожувате вашата „специјална“ улога заради некоја света должност. Пресудите кои ќе ни ги доделите се политички диктат на вашите шефови политичари, на кои верно им служите за да се искачувате во оваа мафијашка хиерархија и да стигнете до повисоки позиции кои толку многу ги посакувате.
Вие сте обични „експерти“ кои тие ги избрале во име на своите интереси, во овие лоши времиња. Денес тука дојдоа импозантни и свечени, како што доликува на вакви „специјални“ моменти. Бидејќи не се работи само за носење правдина и заштита на законите, со оглед на тоа дека вашите надредени политичари сигурно ќе ве наградат.
Што се однесува до нас, барем ќе имаме среќа официјално да бидеме осудени. Затоа што, за разлика од илјадниците заробеници и семејства кои во страв очекуваат што ќе изговорите, вашите пресуди можат да зависат од разни критериуми.
Многу е важно дали менито во судската менза е вкусно, дали сообраќајот е густ кога одите на работа или дали претходната ноќ сте биле задоволени. Но, добро, не треба да се генерализира, знаеме дека постојат исклучоци.
Знаеме дека кога оние кои се богати и способни влезат во вашата средина, дека нивните случаи ќе бидат милостиво судени и вратата на слободата ширум ќе им се отвори. Тоа е смислата за правдина која вие ја поседувате.
И така се носи правдината. Денеска можеме мирно да спиеме. Ордите духови на живите мртовци кои ги егзекутиравте со вашите пресуди ноќва нема да ве прогонуваат.
Почитувани господа судии, вашата правда има одвратен мирис на смрт. Вие сте гробари кои одредуваат колку формалдехид ќе се користи за да нѐ одржувате постојано во одлична состојба, да нѐ одржувате живи како музејски предмети во земја каде што времето е замрзнато. Присутни во преживувањето, отсутни од вистинскиот живот.
Ние не се криеме зад нашите прсти, ние внимаваме нашите намери да бидат јасни. Ние сме анархистички урбани герилци, непријатели на економијата, демократијата, полицијата, војската, буржоаската правда, затворите, законите, технолошката наука. На сето она што ја покорува и поробува слободата на поединецот.
Да! За нас банките се носечките столбови на економската диктатура и секогаш ќе бидат мета на нашите напади, дали по пат на експропријација на богатството за да ги зајакнеме анархистичките борби или за да ги уништиме во тек на некој протест или да ги кренеме во воздух во некој герилски напад.
Вам крајната цел на ова судење ви е да ги заштитите банките и како пример да ги казните оние кои избрале да се вооружат и да ги нападнат. Накратко, вие сте најдобар доказ колку разните моќници кои управуваат со постоечкото се меѓусебно поврзани, само со цел и понатаму да продолжат да владеат.
Но сега, со оглед дека зборуваме непосредно, дојде моментот за симнување на вашите маски. Имате храброст да нѐ осудите како пљачкаши. Но токму вие и сиот ваш чопор сте оние кои цицате години и години од животот на луѓето во име на потчинетото општество. Затоа, доколку постојат виновници тогаш тоа сте вие. А виорот на прашања без одговори се врти како секира над вашите глави.
Колку семејства сте уништиле со вашите пресуди? Колку страдања и болка сте предизвикале со институциите кои толку страствено ги штитите? Колку „самоубиства“ на затвореници сте предизвикале во вашите затвори? Колку личности се осудени на бавна смрт во затворите?
Колку години живот сте украле во текот на вашите животи? 5.000, 10.000, 20.000?
Вистина ли е дека кога ќе се вратите во привидната безбедност на вашите домови како добри родители со тоа ја миете крвта од себе? Да не ги споменуваме купиштата пари кои бароните на вашата мафија ги добиле во замена за поповолен процес. Подобро да се основа некоја „назависна“ комисија која потоа ќе ги објави резултатите на вашите истраги. Покрај тоа, во вашата работа, како и во другите, корупцијата е синоним за чесност.
Затоа сметаме дека е потребно да се каже колкава вредност за нас имаат вашите животи. Додека секојдневно ја поништувате вредноста на животот, како на нашиот така и на илјадници други, ние сметаме дека вие воопшто немате право да живеете. Можете да бидете сигурни дека кога ние би биле во посилна позиција, вие би биле прогонувани и бркани. А штом би ве нашле, веднаш би биле целосно смачкани.
Затоа одмаздете се, на ваш начин, без двоумење, за нашите навреди и закани. Бидете уверени дека во првата прилика и ние ќе го сториме истото на вас.
Маските паднаа, господа судии, и немаме намера повторно да ги ставиме за да прикриваме. Среќно со вашиот нов спектакл и неговата театарска дружина. Ние го напуштаме судењето и го отфрламе, со сиот наш презир, правото да ни простите и барате олеснителни околности. Ако имате потреба да судите, судете ги нашите празни столици. Но добро судете им, со сето ваше чувство за правда. Тоа е единственото што можете да ни го направите.
Бидејќи анархијата ја носиме во нашите глави и никогаш нема да успеете да ѝ судите, без оглед колку се трудите да нѐ закопате, без оглед колку затвори ќе изградите за да нѐ затворите, без оглед колку години казна ќе ни одредите и колку антитерористички закони бидат донесени за вашите театарски спектакли да бидат уште поригорозни.
Нашата анархија секојпат ќе успее да побегне за да се соедини со слободните духови, за да се изградат слободни односи, пронајдат нови соучесници, за да ве пронајдеме и нападнеме. Сѐ додека не се ослободиме од вас. Тоа е анархијата која ја носиме во себе.
Ако сте искрени кон самите себе, напуштете го овој теaтар на судски процес и сите ваши лакрдии и осудете нѐ однапред.
Ни чекор назад!
Сѐ за Слобода!
Да живее Анархијата!
Јанис Михаилидис и Никос Романос