Наслов: Индустриското општество и неговата иднина
Датум: 1995
Извор: Theodore Kaczynski, Technological Slavery: The Collected Writings of Theodore J. Kaczynski, a.k.a. „The Unabomber“, Feral House, 2010. theanarchistlibrary.org
Забелешки: Наслов на оригиналот: Industrial Society and Its Future. Превод: Горан Аргироски, 2013.

      Вовед

      Психологијата на модерната левица

      Чувство на инфериорност

      Прекумерна социјализација

      Процес на стекнување моќ

      Заменски активности

      Автономија

      Извори на општествените проблеми

      Нарушување на процесот на стекнување моќ во модерното општество

      Како некои луѓе се прилагодуваат

      Мотивите на научниците

      Природата на слободата

      Некои историски принципи

      Индустриско-технолошкото општество не може да биде реформирано

      Ограничувањето на слободата е неизбежно во индустриското општество

      „Лошите“ аспекти на технологијата не можат да бидат одвоени од „добрите“

      Технологијата е многу помоќна општествена сила од стремежот за слобода

      Помали општествени проблеми се покажале нерешливи

      Револуцијата е полесна од реформите

      Контрола на човечкото однесување

      Човечката раса пред крстопат

      Човечкото страдање

      Иднината

      Стратегија

      Два вида технологија

      Опасноста од левицата

      Завршна забелешка

Вовед

1. Индустриската револуција и нејзините последици беа катастрофални за човечкиот род. Тие значително го зголемија животниот век во „развиените“ земји, но го дестабилизираа општеството, го направија животот неисполнет, ги подложија луѓето на големи понижувања, доведоа до широко распространето психолошко страдање (во Третиот свет и физичко) и му нанесоа значителна штета на природниот свет. Понатамошниот развој на технологијата само ќе ја влоши состојбата. Тоа ќе ги доведе луѓето до уште поголеми понижувања и ќе му нанесе уште поголема штета на природниот свет, најверојатно ќе доведе до уште поголемо општествено нарушување и психолошко страдање, а можеби ќе доведе до зголемено физичко страдање дури и во „развиените“ земји.

2. Индустриско-технолошкиот систем може да преживее или да пропадне. Ако преживее, МОЖЕБИ со време ќе достигне низок степен на физичко и психолошко страдање, но само откако ќе помине низ долг и многу болен период на прилагодување и само по цена на трајно сведување на луѓето и многу други живи организми на инженерски производи и обични шрафови во општествената машина. Исто така, ако системот преживее, последиците ќе бидат неизбежни: овој систем не може да се рефромира или преобликува, без да ги лиши луѓето од достоинство и автономија.

3. Доколку системот пропадне, последиците ќе бидат многу болни. Но, колку повеќе се зголемува системот, толку покатастрофални ќе бидат последиците од неговото пропаѓање, па затоа подобро е да пропадне порано отколку подоцна.

4. Поради тоа, ние се залагаме за револуција против индустрискиот систем. Оваа револуција може да биде насилна или ненасилна: може да биде ненадејна, но може да биде и релативно долг процес кој би траел неколку децении. Тоа не можеме да го предвидиме. Но, можеме на многу општ начин да ги назначиме мерките кои би требало да ги преземат противниците на индустрискиот систем за да го подготват патот за револуцијата против тоа општество. Тоа нема да биде ПОЛИТИЧКА револуција. Нејзината цел нема да биде рушење на владите туку на економската и технолошката основа на денешното општество.

5. Во овој текст посветуваме внимание само на некои од негативните процеси коишто произлегуваат од индустриско-технолошкиот систем. Другите такви процеси ги споменуваме само накратко или целосно ги игнорираме. Тоа не значи дека тие други процеси ги сметаме за неважни.Од практични причини ние мораме да ја ограничиме нашата расправа на области кои заземаат многу малку простор во јавноста или за кои имаме да кажеме нешто ново. На пример, бидејќи постојат добро развиени движења за заштита на животната средина и дивината, напишавме многу малку за еколошката деградација и уништувањето на дивата природа, иако сметаме дека тие работи се исклучително важни.

Психологијата на модерната левица

6. Речиси сите ќе се согласат дека живееме во многу немирно општество. Една од најраспростанетите манифестации на лудилото на нашиот свет е левицата, па оттаму, расправата за психологијата на левицата може да послужи како вовед во расправата за проблемите на модерното општество воопшто.

7. Но, што всушност е левицата? За време на првата половина од 20-от век левицата практично беше идентична со социјализмот. Денес тоа движење е разгрането и не е многу јасно кој може со право да се нарече левичар. Кога зборуваме за левичари во овој текст, тоа главно се однесува на социјалистите, колективистите, „политички коректните“ луѓе, феминистите, активистите за правата на хомосексуалците и хендикепираните лица, активистите за правата на животните и слично. Но, не е левичар секој што е поврзан со овие движења. Она што се обидуваме да го разјасниме во оваа дискусија за левицата не е некое движење и идеологија како психолошки тип, туку како збир на поврзани типови. Оттаму, она што ние подразбираме кога велиме„левица“ ќе стане појасно за време на дискусијата за психологијата на модерната левица (погледнете ги и параграфите 227-230).

8. Дури и тогаш, нашето сфаќање за левицата нема да биде онолку јасно колку што би сакале да биде, но изгледа дека нема лек за тоа. Сѐ што се обидуваме е грубо и приближно да укажеме на две психолошки тенденции, за кои веруваме дека претставуваат главни движечки сили на модерната левица. Ние во никој случај не тврдиме дека ја изнесуваме ЦЕЛАТА вистина за левичарската психологија. Исто така, нашата дискусија е наменета само за модерната левица. Го оставаме отворено прашањето до која мера нашата дискусија може да се примени за левичарите од 19-от и почетокот на 20-от век.

9. Двете психолошки тенденции врз кои се темели модерната левица се „чувство на инфериорност“ и „прекумерна социјализација“. Чувството на инфериорност е карактеристично за модерната левица во целост, додека прекумерната социјализација е карактеристична само за одреден сегмент на модерната левица; но тој сегмент е многу влијателен.

Чувство на инфериорност

10. Под „чувство на инфериорност“ не подразбираме само инфериорност во најосновна смисла, туку цел спектар на поврзани особини: мала самодоверба, чувство на беспомошност, депресивни тенденции, дефетизам, вина, самоомраза, итн. Ние тврдиме дека модерните левичари имаат вакви чувства и дека тие чувства имаат пресудна улога во одредување на насоката на модерната левица.

11. Кога некој го смета за навредливо сето она што е кажано за него (или за групите со коишто тој се идентификува) ние можеме да заклучиме дека таа личност има чувство на инфериорност или мала самодоверба. Оваа склоност е посебно нагласена кај активистите кои се борат за правата на малцинските групи, без разлика дали припаѓаат или не на малцинските групи чиишто права ги бранат. Тие се прекумерно чувствителни на зборовите кои се користат за означување на малцинствата. Поимите „црнец“, „источњак“, „хендикепиран“, или „женска“, кои се однесуваат на Африканец, Азијат, хендикепирана личност или жена, всушност немале никаква навредлива конотација. „Женска“ или „риба“ биле едноставно женствени еквиваленти на „фраер“, или „батка“. Негативната конотација на овие термини доаѓа од самите активисти. Некои борци за правата на животните одат дотаму што го одбиваат терминот „милениче“ и инсистираат да биде заменет со „животински придружник“. Левичарските антрополози на секаков начин избегнуваат да кажат нешто за примитивните народи што би било сфатено како негативно. Тие сакаат да го заменат зборот „примитивен“ со „без писмо.“ Тие реагираат речиси параноично на сѐ што можеби би укажало дека некоја примитивна култура е инфериорна во споредба со нашата. (Ние не сакаме да кажеме дека примитивните култури СЕ инфериорни во споредба со нашата. Ние едноставно посочуваме на хиперчувствителноста на левичарските антрополози.)

12. Оние коишто се најчувствителни во врска со „политички некоректната“ терминологија не се просечните жители на црнечките гета, азиските имигранти, злоставуваните жени или хендикепираните личности, туку мал дел од активистите, од кои повеќето не припаѓаат на некоја од „угнетените“ групи, туку доаѓаат од привилигираните општествени слоеви. Политичката коректност наоѓа упориште кај универзитетските професори, коишто имаат сигурни вработувања и солидни примања, а повеќето од нив се хетеросексуалци, белци од средната класа.

13. Многу левичари страсно се поистоветуваат со проблемите на групите кои вообичаено се сметаат за слаби (жени), поразени (американски Индијанци), одбивни(хомосексуалци), или на кој било начин инфериорни. Самите левичари чувствуваат дека овие групи се инфериорни. Тие никогаш нема да си признаат себеси дека ги имаат тие чувства, но причината поради која тие се поистоветуваат со тие групи е всушност затоа што тие навистина ги гледаат како инфериорни. (Ние не сакаме да кажеме дека жените, Индијанците итн. СЕ инфериорни, ние само укажуваме на психологијата на левичарите.)

14. Феминистите очајно се обидуваат да докажат дека жените се подеднакво силни и способни како и мажите. Јасно е дека се плашат од тоа дека жените можеби НЕ СЕ подеднакво силни или способни како и мажите.

15. Левичарите имаат тенденција да мразат сѐ што изгледа силно, моќно, добро или успешно. Тие ја мразат Америка, ја мразат Западната цивилизација, мразат бели мажи, мразат рационалност. Причините поради коишто тие велат дека го мразат Западот не се поклопуваат со нивните вистински мотиви. Тие ВЕЛАТ дека го мразат Западот затоа што е воинствен, империјалистички, сексистички, етноцентричен итн. но кога истите овие проблеми се појавуваат во социјалистичките земји или примитивните народи, левичарите наоѓаат изговори за тоа, или во најдобар случај БЕЗВОЛНО признаваат дека тие проблеми постојат;додека со ЕНТУЗИЈАЗАМ ги посочуваат,а често и ги преувеличуваат овие проблеми кога ќе се појават во Западната цивилизација. Јасно е дека овие проблеми не се вистинската причина поради која левичарите ја мразат Америка и Западот. Тие ја мразат Америка и Западот затоа што се силни и успешни.

16. Зборовите како што се „самодоверба“, „сигурност“, „иницијатива“, „оптимизам“ итн., не играат голема улога во вокабуларот на либералите и левичарите. Левичарот е антииндивидуалист, проколективист. Тој сака општеството да ги реши сите негови проблеми, да се грижи за него. Тој не е тип на личност којашто има внатрешно чувство на самодоверба во сопствените можности за решавање на сопствените проблеми и за задоволување на сопствените потреби. Левичарот е антагонистички настроен кон концептот на конкуренција бидејќи, длабоко во себе, тој се чувствува како губитник.

17. Уметничките форми коишто ги привлекуваат модерните левичарски интелектуалци најчесто се фокусирани на нечистотија, пораз и очај или попримаат оргијастички тон, отфрлајќи ја рационалната контрола, како да не може ништо да се постигне со рационално размислување и сѐ што ни преостанува е да се препуштиме на уживањето во моментот.

18. Модерните левичарски филозофи имаат тенденција да го отфрлат разумот, науката и објективната стварност и инсистираат на културна релативност. Вистина е дека би можеле да се постават сериозни прашања за научното знаење и за тоа како би се дефинирал концептот за објективна стварност, ако е тоа воопшто возможно. Но, очигледно е дека модерните левичарски филозофи не се само ладнокрвни логичари кои систематски ја анализираат основата на знаењето. Нивниот напад на вистината и реалноста е длабоко емотивен. Тие ги напаѓаат овие концепти поради нивните сопствени психолошки потреби. Како прво, нивниот напад е израз на непријателство, и доколку е успешен, тој ја задоволува нивната желба за моќ. Уште поважно, левичарите ја мразат науката и рационалноста затоа што тие класифицираат одредени убедувања како исправни(успешни, супериорни), а други убедувања како погрешни (неуспешни, инфериорни). Чувството на инфериорност на левичарите оди дотаму што тие одбиваат каква било класификација на некои нешта како успешни, супериони, а други како неуспешни, инфериорни. Истото чувство стои и зад фактот дека многу левичари го отфрлаат концептот на ментална болест или значењето на коефициентот на интелигенција. Левичарите се антагонистички настроени кон генетските објаснувања за човечките способности и однесување, затоа што таквите објаснувања имаат тенденција да прикажат некои луѓе како супериорни или инфериорни во однос на другите. Левичарите претпочитаат на општеството да му ги припишат заслугите или вината за способноста на поединецот или нејзиниот недостиг. Ако некоја личност е „инфериорна“, тогаш тоа не е нејзина вина, туку на општeството и погрешното воспитување.

19. Левичарот најчесто не е личност чиешто чувство на инфериорност го прави да биде фалбаџија, егоист, насилник, самопромотер или немилосрден натпреварувач. Ваквиот вид личност ја нема изгубено целосно довербата во себе. Тој има недостиг од чувство за моќ и вредност, но сѐ уште може да се убеди себеси дека има капацитет да биде силен, а обидите да се претстави како таков доведуваат до неговото непријатно однесување.[1] Но, за левичарот тука нема надеж. Неговите чувства на инфериорност се всадени толку длабоко што тој не може да се доживее себеси како индивидуално силен или вреден. Оттаму доаѓа и колективизмот на левичарите. Тој може да се чувствува силен само како дел од голема организација или масовно движење со кое тој самиот се идентификува.

20. Треба да се забележат и мазохистичките тенденции на левичарската тактика. Левичарите протестираат со легнување пред возила, намерно ја провоцираат полицијата и расистите да ги малтретираат итн.Овие тактики често можат да се покажат како успешни, но левичарите не ги користат како средства за постигнување одредена цел, туку затоа што тие го САКААТ мазохизмот. Самоомразата е една од левичарските одлики.

21. Левичарите можат да тврдат дека нивниот активизам е мотивиран од сочувство или морални вредности; а моралните вредности играат одредена улога кај левичарите или прекумерно социјализираните личности. Но, сочувството и моралните вредности сигурно не се главните мотиви за левичарскиот активизам. Непријателството е премногу впечатлива компонента на левичарското однесување; исто така и желбата за моќ. Покрај тоа, поголемиот дел од левичарското дејствување не е рационално пресметано за да им биде од корист на луѓето на кои левичарите тврдат дека сакаат да им помогнат. На пример, ако некој верува дека афирмативното дејство е добро за црните луѓе, дали има смисла тоа дејство да биде изведено на агресивен или догматски начин? Јасно е дека би било многу попродуктивно да се заземе дипломатски или посреднички пристап којшто барем на вербален и симболичен план би направил отстапки кон белците кои сметаат дека таквото афирмативно дејство ги дискриминира. Но, левичарските активисти не заземаат таков пристап затоа што тоа нема да ги задоволи нивните емотивни потреби. Нивната вистинска цел не е да им помогнат на црните луѓе. Наместо тоа, расните проблеми им служат како изговор за нивното непријателство и фрустрирачкиот стремеж за моќ. На тој начин, тие всушност им нанесуваат штета на црните луѓе, затоа што непријателскиот став на активистите кон белото мнозинство само ја зголемува расната омраза.

22. Ако нашето општество воопшто немаше социјални проблеми, тогаш левичарите ќе мораа да ИЗМИСЛАТ проблеми само за да имаат изговор да креваат врева.

23. Нагласуваме дека горенаведеното нема за цел да биде дефинитивен опис за секој оној кој би можел да се смета за левичар. Тоа е само една груба индикација за општата тенденција на левицата.

Прекумерна социјализација

24. Психолозите го користат терминот „социјализација“ за да означат процес во кој децата се обучуваат да размислуваат и да се однесуваат според потребите на општеството. За една личност се вели дека е социјализирана ако таа верува и се потчинува на моралниот код на сопственото општество и ако добро се вклопува како составен дел на тоа општество. Можеби изгледа бесмислено да се каже дека левичарите се прекумерно социјализирани личности, затоа што левичарите се сметаат за бунтовници. Сепак, тој став може да се одбрани. Многу левичари не се толку големи бунтовници колку што изгледаат.

25. Моралниот код на нашето општество е толку сложен што никој не може да размислува, чувствува и да се однесува на целосно морален начин. На пример, не би требало никого да мразиме, но речиси сите понекогаш мразат некого, без оглед дали го признаваат тоа или не. Некои луѓе се толку многу социјализирани, што самиот обид да размислуваат, чувствуваат или да се однесуваат морално им претставува сериозна тешкотија. За да го избегнат чувството на вина, тие постојано мораат да се залажуваат себеси во врска со своите мотиви и мораат да најдат објаснувања за чувствата и дејствата кои во реалноста имаат неморално потекло. Терминот „прекумерно социјализиран“ го користиме за да ги опишеме овие луѓе.[2]

26. Прекумерната социјализација може да доведе до ниска самодоверба, чувство на беспомошност, дефетизам, вина, итн. Еден од најважните начини на кои нашето општество ги социјализира децата е да ги натера да чувствуваат срам, ако зборуваат или се однесуваат на начин кој е спротивен на очекувањата на општеството. Кога во ова се оди предалеку, или ако некое дете е особено подложно на такви чувства, тогаш тоа на крајот се срами од СЕБЕСИ. Освен тоа, мислите и однесувањето на прекумерно социјализираните личности се многу поограничени од страна на општествените очекувања отколку кај умерено социјализираните личности. Поголемиот дел од луѓето мошне често се однесуваат недолично. Тие лажат, извршуваат ситни кражби, прават сообраќајни прекршоци, забошотуваат на работното место, мразат некого, зборуваат погрдно или се служат со валкани трикови за да го потиснат оној до себе. Прекумерно социјализираната личност не може да ги прави овие работи, но ако сепак ги прави, тогаш кај неа тоа создава чувства на срам и самоомраза. Прекумерно социјализираната личност не може да доживее, без чувство на вина, мисли и чувства кои се во спротивност со општоприфатените морални вредности; таа не може да има „нечисти“ мисли. Но, социјализацијата не се однесува само на моралноста; ние сме принудени да се потчиниме на многу норми на однесување кои не спаѓаат во категоријата морални вредности. На тој начин, прекумерно социјализираната личност останува на психолошката узда и го поминува целиот живот трчајќи по шините кои општеството ги има поставено за неа. Кај многу прекумерно социјализирани личности ова може да предизвика чувство на ограниченост и беспомошност, а тоа може да биде сериозна тешкотија. Затоа, ние мислиме дека прекумерната социјализација е една од посериозните суровости кои човечките суштества си ги наметнуваат едни на други.

27. Ние тврдиме дека значаен и многу влијателен сегмент од модерната левица е прекумерно социјализиран и дека нивната прекумерна социјализација игра голема улога во одредување на насоката на модерната левица. Прекумерно социјализираните левичари најчесто се интелектуалци или припаѓаат на високата средна класа. Можете да забележите дека универзитетските интелектуалци[3] го сочинуваат најсоцијализираниот, а воедно и најлевичарскиот сегмент на нашето општество.

28. Левичарот од прекумерно социјализиран тип се труди да се ослободи од психолошката узда и да стекне автономија со бунтување. Но, најчесто тој не е доволно силен да се спротивстави дури и на најосновните вредности на општеството. Општо земено, целта на денешните левичари НЕ Е во конфликт со општоприфатените морални вредности. Напротив, левицата зема општо прифатени морални вредности, ги прифаќа како свои, а потоа го обвинува општеството за прекршување на тие вредности. Примери: расна рамноправност, полова рамноправност, помагање на сиромашните, мир наместо војна, ненасилство, слобода на изразување, љубезност кон животните. Уште поважно, должноста на поединецот да му служи на општеството и должноста на општеството да се грижи за поединецот. Сите овие вредности веќе подолго време се длабоко вкоренети во нашето општество (или барем во неговата средна и висока средна класа).[4] Овие вредности се експлицитно или имплицитно изразени во повеќето содржини кои ни ги презентираат меинстрим медиумите и образовниот систем. Левичарите, особено оние прекумерно социјализираните, вообичаено не се бунтуваат против овие вредности туку го оправдуваат нивното непријателство кон општеството (со мала доза вистинитост) со тврдењето дека општеството не се придржува до овие вредности.

29. Еве една илустрација за начинот на кој прекумерно социјализираниот левичар останува врзан за конвенционалните ставови на нашето општество, а во исто време говори дека се бори против нив. Многу левичари поддржуваат афирмативни дејства, за преместување на црнците на високо ценети работни места, за подобро образование во црнечките училишта и повеќе пари за тие училишта; начинот на живот на црнечките „ниски класи“ го сметаат за општествен срам. Тие сакаат да го интегрираат црниот човек во системот, да го направат бизнисмен, адвокат, научник, исто како белите луѓе од високата средна класа. Левичарите на тоа ќе одговорат дека последно нешто што сакаат е да го направат црниот човек копија на белиот човек; напротив, тие сакаат да ја зачуваат афроамериканската култура. Но, од што се состои тоа зачувување на афроамериканската култура? Тешко дека има нешто повеќе од само јадење црнечка храна, слушање црнечка музика, носење црнечка облека или одење во црнечки цркви или џамии. Со други зборови, тоа се однесува само на површни работи. Во однос на СУШТИНСКИТЕ работи, прекумерно социјализираниот левичар сака да го потчини црниот човек на идеалите на белата, средна класа. Тие сакаат тој да студира технички науки, да стане раководител или научник, да го помине животот искачувајќи се по општествената скала, да докаже дека црните луѓе се исто толку добри колку и белите. Тие сакаат црните татковци да ги направат „одговорни.“ Тие сакаат црнечките банди да бидат ненасилни, итн. Но, всушност ова се вредностите на индустриско-технолошкиот систем. Системот воопшто не се грижи каква музика слуша некој, каква облека носи и во која религија верува сѐ додека оди на училиште, има пристојно работно место, се искачува по општествената скала, се однесува како „одговорен“ родител, верува во ненасилство, итн. Поради тоа, без разлика колку и да го негира тоа, прекумерно социјализираниот левичар сака да го интегрира црниот човек во системот и да го натера да ги прифати неговите вредности.

30. Не сакаме да кажеме дека левичарите, дури и прекумерно социјализираните, НИКОГАШ не се бунтуваат против фундаменталните вредности на нашето општество. Јасно е дека понекогаш го прават тоа. Некои прекумерно социјализирани левичари одат дотаму што се бунтуваат против еден од најважните принципи на модерното општество со впуштање во физичко насилство. Според нив, насилството е облик на „ослободување.“ Со други зборови, тие преку насилството ги отфрлаат наметнатите психолошки ограничувања. Бидејќи се прекумерно социјализирани, тие овие ограничувања ги поднесуваат многу потешко од останатите луѓе; оттаму доаѓа нивната потреба да се ослободат од нив. Но, своето бунтовништво најчесто го оправдуваат со општоприфатени вредности. А доколку се впуштат во насилство, тогаш тие тврдат дека се борат против расизам или нешто слично.

31. Свесни сме дека можат да бидат упатени многу забелешки кон оваа груба скица на левичарската психологија. Вистинската состојба е комплексна, а за да се добие вистинска слика би биле потребни неколку тома, дури и кога би биле достапни сите потребни информации. Ние овде само грубо ги исцртавме двете најважни тенденции во психологијата на модерната левица.

32. Проблемите на левицата се еднакви на проблемите на нашето општество во целост. Ниската самодоверба, депресијата и дефетизмот не се ограничени само на левицата. Иако тие се особено воочливи кај левицата, тие се целосно распространети во нашето општество. А денешното општество се обидува да нè социјализира многу повеќе од кое било друго претходно општество. Експерти ни кажуваат како да јадеме, како да вежбаме, како да водиме љубов, како да ги воспитуваме нашите деца, итн.

Процес на стекнување моќ

33. Човечките суштества имаат потреба (најверојатно биолошка) од нешто што ние го нарекуваме „процес на стекнување моќ.“ Ова е тесно поврзано со желбата за моќ (којашто е општо прифатена,) но не е сосема исто. Процесот на стекнување моќ има четири елементи. Трите најизразени елементи се цел, напор и остварување на целта. (Секој човек има потреба од некаква цел, за чие остварување е потребен напор, и има потреба да оствари барем некои од своите цели.) Четвртиот елемент е малку потежок за дефинирање, и не секој човек има потреба од него. Ние го нарекуваме автономија и за него ќе дискутираме подоцна (параграфи 42-44).

34. Да разгледаме еден хипотетички случај на човек којшто може да добие сѐ што ќе посака. Тој човек има моќ, но набргу ќе се здобие со сериозни психолошки проблеми. На почетокот ќе му биде многу забавно, но постепено ќе западне во акутна досада и деморализираност. На крајот може да стане и клинички депресивен. Историјата покажува дека лежерната аристократија често запаѓа во декаденција. Ова не важи за борбената аристократија, која мора да се бори за да ја одржи својата моќ. Но, лежерната, безбедна аристократија која не мора да се напрега себеси, најчесто е подложна на досада, хедонизам и деморализираност, иако поседува моќ. Ова покажува дека моќта не е доволна. Потребна е цел кон која таа моќ ќе биде насочена.

35. Секој има цел; ако ништо повеќе, да ги обезбеди основните животни потреби: храна, вода и малку облека и покрив над главата, онолку колку што бараат климатските услови. Но, лежерниот аристократ ги остварува овие цели без никаков напор. Оттаму потекнува неговата досада и деморализираност.

36. Неостварувањето на важните цели може да резултира со смрт, доколку тие цели се основните животни потреби, или со фрустрација, доколку неостварувањето на тие цели е поврзано со преживувањето. Постојаниот неуспех во остварување на животните цели доведува до дефетизам, ниска самодоверба и депресија.

37. Поради тоа, за да избегне сериозни психолошки проблеми, човек мора да има цели чие остварување бара напор и мора да има значителен успех во остварувањето на своите цели.

Заменски активности

38. Но не завршуваат сите лежерни аристократи во досада и деморализираност. На пример, императорот Хирохито, наместо да потоне во декадентен хедонизам, се посветил себеси на морската биологија, дисциплина во која станал истакнат експерт. Кога луѓето не мораат да се напрегаат себеси за да ги задоволат основните животни потреби, тие често си поставуваат вештачки цели. Во многу случаи тие ги остваруваат овие цели со истата енергија и емотивна посветеност која инаку би морале да ја вложат во потрага по основните животни потреби. Поради тоа, римските аристократи имале книжевни претензии; пред многу векови, европските аристократи трошеле многу време и енергија на лов, иако месото не им било потребно; други аристократи се натпреварувале за статус преку изложување на своето богатство; а мал дел од аристократите, како Хирохито, се посветиле на науката.

39. Терминот „заменска активност“ го користиме за да опишеме активност којашто е насочена кон вештачка цел која луѓето си ја поставиле себеси само за да имаат некаква цел кон која ќе се стремат, или да речеме, само поради чувството на „исполнетост“ што ќе го доживеат со остварување на таа цел. Еве еден општ пример за заменска активност. Да замислиме дека некоја личност посветува многу време и енергија во остварување на целта Х. Запрашајте се себеси: доколку таа личност морала да го посвети поголемиот дел од своето време и енергија на задоволување на основните животни потреби, и доколку тој напор барал од неа да ги употреби своите ментални и физички способности на разновиден и интересен начин, дали таа личност би се чувствувала разочарана поради неостварување на целта Х? Ако одговорот е не, тогаш остварувањето на целта Х е заменска активност. Хирохитовото истражување на морската биологија е јасен пример за заменска активност; доколку тој морал да го посвети своето време и енергија на остварување на интересни ненаучни цели само за да ги обезбеди основните животни потреби, тогаш тој не би се чувствувал разочаран затоа што не знаел сѐ за анатомијата и животните циклуси на морските животни. Од друга страна, потрагата по секс и љубов (на пример) не е заменска активност, бидејќи повеќето луѓе, дури и кога нивното постоење е задоволително, би се чувствувале разочарани доколку никогаш во животот не биле во врска со член на спротивниот пол. (Но, потрага по прекумерен секс, повеќе од она што е потребно, може да биде заменска активност.)

40. Во модерното индустриско општество потребен е минимален напор за да се задоволат основните животни потреби. Доволно е човек да помине низ обука во која ќе се здобие со некаква техничка вештина, да доаѓа на време на работа и да вложи малку напор за да го задржи работното место. Единствените услови се да поседува скромна интелигенција и пред сѐ, ПОСЛУШНОСТ. Ако човек ги исполнува тие услови, тогаш општеството се грижи за него од колевка до гроб. (Да, тука е и ниската класа која не може толку лесно да ги задоволи основните животни потреби, но ние овде зборуваме за мнозинството во општеството). Оттаму, воопшто не изненадува фактот што модерното општество е полно со заменски активности. Ова вклучува научна работа, спортски достигнувања, хуманитарна работа, уметност и литература, искачување по општествената скала, стекнување пари и материјални добра до тој степен што тие престануваат да даваат какво било дополнително психолошко задоволство и социјален активизам којшто се однесува на работи кои немаат лично значење за самиот активист, каков што е случајот со белите активисти коишто работат за подобрување на правата на малцинствата. Тоа не се секогаш ЧИСТИ заменски активности, затоа што многу луѓе можат да бидат делумно мотивирани од потреби кои не се само потреба да се оствари одредена цел. Научната работа може да биде мотивирана од желбата за престиж, уметноста од потребата да се искажат чувствата, милитантниот општествен активизам од непријателството. Но, за повеќето луѓе тоа се заменски активности. На пример, најверојатно повеќето научници ќе се сложат дека „задоволството“ коешто го добиваат од нивната работа е поважно од парите и славата кои ќе ги стекнат.

41. За повеќето луѓе, заменските активности се помалку задоволувачки отколку потрагата по вистински цели (т.е., цели коишто луѓето би сакале да ги остварат дури и кога е задоволена нивната потреба за стекнување моќ). Доказ за ова е фактот што, во повеќето случаи, луѓето кои се длабоко инволвирани во заменски активности никогаш не се задоволни, никогаш не се мирни. Затоа личноста што се посветила на заработување пари константно се труди да заработи што е можно повеќе пари. Кога ќе реши еден проблем, научникот веднаш се префрла на друг. Тркачот на долги патеки се труди да трча што е можно подолго и побрзо. Многу луѓе коишто се занимаваат со заменски активности ќе кажат дека добиваат многу поголемо задоволство од овие активности отколку од нешто толку „обично“ како што е задоволувањето на основните животни потреби, но тоа е така бидејќи во нашето општество напорот потребен за да се остварат основните биолошки потреби е сведен на тривијалност. Уште поважно, во нашето општество луѓето не ги задоволуваат своите биолошки потреби АВТОНОМНО, туку само како дел од една огромна општествена машина. Спротивно на тоа, луѓето имаат голем степен на автономија во извршување на нивните заменски активности.

Автономија

42. Автономијата, како дел од процесот на стекнување моќ, не е обврзувачка за секоја индивидуа. Но, на повеќето луѓе им е потребен поголем или помал степен на автономија во остварување на сопствените цели. Напорот кој го вложуваат мора да биде резултат на нивната иницијатива, управување и контрола. Сепак, повеќето луѓе не мораат да ги прават овие работи индивидуално. Најчесто е доволно да се биде дел од некоја МАЛА група. Доколку пет или шест луѓе имаат заедничка цел и преземат успешен заеднички напор за остварување на таа цел, тогаш нивната потреба за стекнување моќ ќе биде задоволена. Но, доколку работат под строги наредби издадени од луѓе над нив, тогаш тоа не им остава никаков простор за самостојни одлуки и иницијатива, и нивната потреба за стекнување моќ нема да биде задоволена. Истото важи и кога одлуките се донесуваат на колективна база, ако групата којашто треба да донесе заедничка одлука е толку голема што улогата на поединецот е безначајна.[5]

43. Вистина е дека некои поединци немаат голема потреба за автономија. Или нивната потреба за стекнување моќ е многу мала или тие ја задоволуваат на тој начин што се идентификуваат себеси со многу помоќна организација на која ѝ припаѓаат. Исто така има и личности кои не размислуваат многу, животински личности кои изгледа се задоволуваат само со физичко чувство на моќ (добар војник, кој ја задоволува потребата за моќ преку стекнување на боречки вештини и послушно користење на истите по наредба на неговите претпоставени).

44. Но, повеќето луѓе мораат да минат низ процесот на стекнување моќ и пред себе да имаат некаква цел, АВТОНОМНО да вложат напор и на крајот да ја остварат таа цел - цел за која се потребни самопочит, самодоверба и чувство на моќ. Кога некоја личност нема вистинска можност да помине низ процесот на стекнување моќ, последиците се (во зависност од индивидуата и начинот на кој процесот е нарушен ) досада, деморализација, ниска самодоверба, чувства на инфериорност, дефетизам, депресија, вознемиреност, вина, фрустрација, непријателство, злоупотреба на партнерот или децата, незаситен хедонизам, абнормално сексуално однесување, нарушување на сонот, нарушување на исхраната, итн.[6]

Извори на општествените проблеми

45. Секој од овие симптоми може да се појави во секое општество, но во модерното индустриско општество тие се застапени во масовни размери. Ние не сме првите кои забележале дека денешниот свет полудел. Ова што се случува не е нормално за човечките општества. Тоа е доволно добра причина да веруваме дека примитивниот човек многу помалку страдал од стрес и фрустрација и бил многу позадоволен од својот начин на живот отколку што е модерниот човек. Точно е дека не било сѐ мед и млеко во примитивните општества. Злоупотребата на жените била честа кај австралиските Абориџини, трансексуалноста прилично вообичаена кај некои американски индијански племиња. Но, ОПШТО ЗЕМЕНО, се чини дека проблемите кои ги наведовме во претходните параграфи биле многу помалку застапени кај примитивните народи отколку кај модерните луѓе.

46. Општествените и социјалните проблеми на модерното општество му ги припишуваме на фактот дека ова општество бара од луѓето да живеат во услови многу поразлични од оние во кои се развивал човечкиот род и да се однесуваат на начини кои се во спротивност со навиките на однесување кои ги развила човечката раса во претходните услови. Според горе наведеното, јасно е дека ние го сметаме недостигот на можноста за потполно доживување на процесот на стекнување моќ како најважен од сите останати ненормални услови со кои модерното општество ги потчинува луѓето. Но, тој не е единствениот. Пред да зборуваме за нарушувањето на процесот на стекнување моќ како извор на социјални проблеми, ќе разговараме за други извори.

47. Меѓу ненормалните услови кои се присутни во модерното општество спаѓаат и густината на популацијата, изолираноста на човекот од природата, премногу брзите општествени промени и уништувањето на природните, мали заедници како што се проширеното семејство, селото и племето.

48. Добро е познато дека пренаселеноста предизвикува стрес и агресија. Степенот на пренаселеност во денешно време и изолираноста на човекот од природата се последици на технолошкиот напредок. Сите прединдустриски општества биле претежно рурални. Индустриската револуција значително ја зголемила големината на градовите и популацијата којашто живее во нив, а модерната земјоделска технологија овозможила земјата да може да поддржува многу повеќе популација од претходно. Исто така, технологијата го зголемува ефектот на пренаселеност бидејќи на луѓето им дава големи уништувачки моќи. На пример, мноштво направи коишто предизвикуваат врева: мотори со внатрешно согорување, радија, моторцикли, итн. Доколку употребата на овие направи е неограничена, луѓето кои сакаат мир и тишина се фрустрирани од таа врева. А доколку нивната употреба е ограничена, луѓето кои ги користат овие направи се фрустрирани од забраните... Но, доколку овие машини не биле воопшто измислени, немало да ги има конфликтите и фрустрациите коишто тие ги создаваат.

49. Природниот свет (кој најчесто се менува многу бавно) им пружал на примитивните општества стабилно опкружување, а со тоа и чувство на сигурност. Во модерниот свет, човечкото општество доминира со природата, а не обратно, и модерното општество се менува многу брзо благодарение на технолошкиот напредок. Поради тоа, нема стабилно опкружување.

50. Конзервативните луѓе се глупави: тие се жалат поради распаѓањето на традиционалните вредности, а сепак енергично го поддржуваат технолошкиот напредок и економскиот раст. Очигледно е дека никогаш не помислиле на фактот дека не може да има брзи, драстични промени во технологијата и економијата на општеството без тие да предизвикаат брзи промени во сите останати аспекти на општеството, и дека таквите брзи промени неизбежно ќе ги уништат традиционалните вредности.

51. Уништувањето на традиционалните вредности во извесна мера подразбира и уништување на врските кои ги одржуваат заедно малите општествени групи. Уништувањето на малите општествени групи е исто така поддржано од фактот што модерните услови често бараат или ги доведуваат во искушение поединците да се преселат на нови локации, на тој начин одделувајќи ги од нивните заедници. Исто така, технолошкото општество МОРА да ги ослаби семејните врски и локалните заедници ако сака да функционира ефикасно. Во модерното општество, лојалноста најпрвин мора да биде насочена кон системот, а потоа кон заедницата; доколку внатрешната лојалност кон заедницата е посилна од лојалноста кон системот, тогаш тие заедници би го искористиле системот за свои потреби.

52. Да претпоставиме дека некој функционер или корпорациски менаџер вработи свој роднина, пријател или сонародник на некое работно место, наместо да вработи личност којашто е квалификувана за тоа работно место. Тој дозволил сопствената лојалност да надвладее над лојалноста кон системот, а тоа е „непотизам“ или „дискриминација“, а тие две работи се сметаат за ужасни гревови во модерното општество. Несудените индустриски општества, кои слабо ја имаат подредено личната и локалната лојалност кон системот, најчесто се многу неефикасни (погледнете ја Латинска Америка.) Затоа развиеното индустриско општество може да ги толерира само оние мали заедници коишто се стерилизирани, припитомени и претворени во орудија на системот.[7]

53. Пренаселеноста, брзите промени и уништувањето на заедниците се општо прифатени како извори на општествените проблеми. Но, ние мислиме дека тоа не е доволно објаснување за големината на проблемите со коишто се соочуваме денес.

54. Само неколку прединдустриски градови биле пренаселени, но сепак нивното население не страдало од психолошки проблеми во иста мера како и модерниот човек. Во Америка сѐ уште има слабо населени рурални области, во кои можат да се најдат истите проблеми како и во урбаните области, иако таму тие проблеми се помалку акутни. Оттаму, пренаселеноста најверојатно не е одлучувачкиот фактор.

55. Во 19-от век, мобилноста на популацијата којашто живеела долж американската граница најверојатно го уништила проширеното семејство и малите општествени групи, во најмала рака во иста мера како и во денешно време. Всушност, многу нуклеарни семејства живееле доброволно во изолација, без соседи неколку километри наоколу, не припаѓајќи на ниту една заедница, без да имаат проблеми како последица на тоа.

56. Исто така, општествените промени долж американската граница биле многу брзи и длабоки. Човек можел да израсне во дрвена колиба, вон дофат на законот и редот, хранејќи се главно со дивеч; а староста да ја дочека работејќи на постојано работно место, во уредена заедница, со ефикасна законодавна власт. Ова е подлабока промена од онаа која е типична за животот на модерниот поединец, но се чини дека тоа сепак не доведувало до психолошки проблеми. Всушност, американското општество од 19-от век, за разлика од денешното, имало изразени чувства на оптимизам и самодоверба.[8]

57. Ние сметаме дека разликата е во тоа што модерниот човек има чувство (сосема оправдано) дека промената му е НАМЕТНАТА, додека човекот од 19-от век имал чувство (исто така, сосема оправдано) дека тој самиот ја создавал промената, по свој сопствен избор. Фармерот-пионер доброволно би се населил на некое парче земја и со свој труд би го претворил во фарма. Во тие времиња, цел еден округ би можел да се состои од само неколку стотици доселеници и да биде многу поизолиран и поавтономен ентитет отколку што е некоја модерна земја. На тој начин, фармерот учествувал во создавање на нова, уредена заедница, како член на релативно мала група. Прашање е дали создавањето на таквата заедница може да се смета за напредок, но во секој случај, тоа ја задоволувало потребата за стекнување моќ на тие луѓе.

58. Можеме да наведеме и други примери на општества во кои имало брзи промени или недостиг на заеднички врски без толку големи нарушувања во однесувањето, какви што можат да бидат видени во денешното модерно индустриско општество. Веруваме дека најважната причина за психолошките проблеми во модерното општество е фактот што луѓето немаат доволно можности да минат низ процесот на стекнување моќ на нормален начин. Не сакаме да кажеме дека модерното општество е единственото општество во кое е нарушен процесот на стекнување моќ. Најверојатно повеќето цивилизирани општества го попречувале тој процес, во поголема или помала мера. Но, во модерното индустриско општество тој проблем е особено акутен. Левицата, особено во нејзината понова форма (од втората половина на 20-от век) е симптом на губење на процесот на стекнување моќ.

Нарушување на процесот на стекнување моќ во модерното општество

59. Човечките потреби ги делиме на три групи: (1) Потреби коишто можат да бидат задоволени со минимален напор; (2) Потреби коишто можат да бидат задоволени само со сериозен напор; (3) Потреби коишто не можат да бидат соодветно задоволени без разлика колку голем напор е вложен. Процесот на стекнување моќ е процес на задоволување на потребите од втората група. Колку повеќе потреби има од третата група, толку повеќе има фрустрација, бес, дефетизам, депресија, итн.

60. Модерното индустриско општество настојува природните човечки потреби да ги стави во првата и третата група, додека втората група сѐ повеќе се состои од вештачки создадени потреби.

61. Во примитивните општества физичките потреби најчесто спаѓаат во втората група: тие можат да бидат задоволени, но само со сериозен напор. Но модерното општество има тенденција на сите да им ги гарантира физичките потреби[9] во замена за минимален напор, така што физичките потреби спаѓаат во првата група. (Може да има несогласувања дали напорот да се задржи работното место е „минимален“; но, најчесто, за работни места од ниско или средно ниво, единствен напор којшто е потребен е ПОСЛУШНОСТ. Седиш или стоиш каде што ти е кажано, работиш тоа што ти е кажано, на начинот на којшто ти е кажано. Ретко кога мораш да се потрудиш сериозно, а речиси и немаш никаква автономија во извршувањето на работата, па оттаму потребата за стекнување моќ не е многу задоволена.

62. Општествените потреби како секс, љубов и статус, во модерното општество често остануваат во втората група, во зависност од ситуацијата во која се наоѓа индивидуата.[10] Но, освен за луѓето коишто имаат силна потреба за статус, напорот којшто е потребен за да се остварат општествените потреби е недоволен да ја задоволи потребата за стекнување моќ.

63. Затоа се создадени одредени вештачки потреби кои спаѓаат во втората група, со цел да ја задоволат потребата за стекнување моќ. Развиени се рекламни и маркетинг техники кои ги наведуваат луѓето да посакуваат работи кои нивните дедовци не ги посакувале, ниту сонувале за нив. Потребен е сериозен напор да се заработат парите потребни за задоволување на овие вештачки потреби, па затоа тие спаѓаат во втората група. (Но, погледнете ги параграфите 80-82) Модерниот човек мора да ја задоволи својата потреба за стекнување моќ најмногу преку потрага по вештачки потреби креирани од рекламната и маркетинг индустријата,[11] и преку заменските активности.

64. Се чинидека за повеќето луѓе, можеби за мнозинството, овие вештачки форми на стекнување моќ се недоволни. Темата којашто се провлекува низ литературата на општествените критичари од втората половина на 20-от век е чувството на бесцелност кое им нанесува болка на многу луѓе во модерното општество. (Оваа бесцелност често се нарекува и „анемичност“ или „празнина на средната класа.“) Ние мислиме дека таканаречената „криза на идентитетот“ всушност е потрага по чувство за смисла, која најчесто води кон посветеност на соодветна заменска активност. Можно е егзистенцијализмот во голем дел да е одговор на бесцелноста на модерниот живот.[12] Во модерното општество многу распространета е и потрагата по „исполнетост.“ Но, ние мислиме дека повеќето луѓе не можат да бидат задоволни со некоја активност чија цел е целосна исполнетост. Со други зборови, тоа не ја задоволува во целост потребата за стекнување моќ (види го параграф 41). Таа потреба може да биде задоволена единствено преку активности кои имаат некоја надворешна цел, како што се физичките потреби, сексот, љубовта, статусот, одмаздата, итн.

65. Покрај тоа, онаму каде што целите се остваруваат со заработување пари, искачување по социјалната скала или на некој друг начинво рамките на системот, повеќето луѓе не се во можност АВТОНОМНО да ги остварат своите цели. Повеќето работници се нечии вработени, а како што посочивме во параграфот 61, тие мораат да го прават она што им е кажано, на начинот на којшто им е кажано. Дури и луѓето коишто имаат сопствен бизнис имаат многу малку автономија. Малите бизниси и претпријатија најчесто се жалат дека нивните раце се врзани од бројните владини закони. Некои од овие закони се несомнено потребни, но во најголем дел владините закони се само основни и неизбежни делови на нашето екстремно комплексно општество. Поголемиот дел од малите бизниси денес функционираат преку системот на франшиза. Во еден извештај на Wall Street Journal од пред неколку години, беше напишано дека многу од компаниите коишто издаваат франшизи бараат од нивните апликанти да пополнат тест кој е дизајниран да ги ОТФРЛИ сите оние апликанти коишто покажуваат креативност или иницијатива, бидејќи таквите личности не се доволно послушни да го почитуваат системот на франшиза. Ова од малите бизниси ги исклучува луѓето коишто имаат потреба од поголема автономија.

66. Денес луѓето повеќе живеат врз основа на она што системот го прави НАМЕСТО или ЗА нив, отколку врз основа на она што самите го прават за себе. А она што го прават за себе сѐ повеќе и повеќе е системски канализирано. Можностите најчесто се оние коишто ги обезбедува системот и тие мораат да се искористат во согласност со правилата и законите[13] и мора да се следат техниките коишто се препишани од експертите за воопшто да постои каква било шанса за успех.

67. Процесот на стекнување моќ во нашето општество е нарушен од недостaтокот на вистински цели и од недостатокот на автономија во остварување на истите. Но, исто така е нарушени од оние човечки потреби коишто спаѓаат во третата група: потреби коишто не можат да бидат задоволени без разлика колку голем напор се вложува. Една од овие потреби е потребата за сигурност. Нашите животи зависат од одлуките на другите луѓе; ние немаме контрола врз овие одлуки и најчесто воопшто не ги познаваме луѓето коишто ги носат тие одлуки. („Живееме во свет во кој многу мал број луѓе – можеби 500 или 1000 – ги носат важните одлуки“; Philip B. Heymann, Harvard Law School, цитирано од Аnthony Lewis, New York Times, 21 април, 1995.) Нашите животи зависат од тоа дали се почитуваат правилата за безбедност во нуклеарните централи; од тоа колкава количина пестицид може да продре во нашата храна или до кој степен може да се загади воздухот; од тоа колку се вешти (или неспособни) нашите доктори; дали ќе изгубиме или добиеме некое работно место зависи од одлуките коишто ќе ги донесат државните економисти или корпорациските менаџери; итн. Повеќето индивидуи не се во можност да се заштитат себеси од овие закани, освен во многу мала мера. Поради тоа, личната потрага по сигурност е уништена, а тоа води кон чувство на беспомошност.

68. Би можело да се каже дека примитивниот човек бил физички позагрозен од модерниот човек, а доказ за тоа е неговиот пократок животен век; и според тоа, модерниот човек е изложен на помал, а не на поголем степен несигурност којшто е нормален за човечките суштества. Но, психолошката сигурност не одговара сосема на физичката сигурност. Она што нѐ прави да се ЧУВСТВУВАМЕ сигурни не е објективната сигурност, туку чувството на самодоверба и вербата во нашите способности самите да се грижиме за себеси. Примитивниот човек, загрозен од некое опасно животно или глад, може да се бори во самоодбрана или да патува во потрага по храна. Тој нема никаква сигурност дека неговите напори ќе бидат успешни, но, тој во никој случај не е беспомошен против нештата кои го загрозуваат. Од друга страна пак, модерниот човек е загрозен од многу нешта против кои е беспомошен; нуклеарни напади, канцерогена храна, загадување на околината, војна, зголемување на даноците, напад на неговата приватност од големите корпорации, светски општествени и економски феномени коишто можат да го нарушат неговиот начин на живот.

69. Вистина е дека примитивниот човек е беспомошен против некои од работите што го загрозуваат; на пример, болестите. Но, тој може да го прифати тој ризик стоички. Тоа е дел од природата на нештата, не е ничија вина, освен ако вината не е во некој замислен, безличен демон. Но, заканите за модерниот човек се ОД ЧОВЕЧКА ПРИРОДА. Тие не се производ на случајност, туку се НАМЕТНАТИ од други личности врз чии одлуки тој, како индивидуа, не може да влијае. Како последица на тоа, тој се чувствува фрустриран, понижен и бесен.

70. Во најголем дел, примитивниот човек ја има својата сигурност во сопствени раце (како индивидуа или член на некоја МАЛА група) додека сигурноста на модерниот човек е во рацете на личности и организации кои се премногу далечни или премногу големи за да може да влијае на нив. Поради тоа, потребата за сигурност на модерниот човек спаѓа во групите 1 и 3; во некои области ( храна, засолниште, итн.) неговата сигурност е обезбедена со минимален напор, додека во други области тој НЕ МОЖЕ да стекне сигурност. (Горенаведеното е просто објаснување на вистинската состојба, но тоа на едноставен начин објаснува како состојбата на модерниот човек се разликува од онаа на примитивниот човек.)

71. Луѓето имаат многу минливи потреби и импулси кои мораат да бидат контролирани во модерниот живот, и поради тоа спаѓаат во третата група. Некој може да се разбесни, но модерното општество не дозволува судир. Во многу ситуации не дозволува ниту вербална агресија. Кога некој патува некаде, можеби сака да патува брзо, или можеби е расположен да патува бавно, но најчесто тој нема друг избор освен да се движи заедно со сообраќајот и да ги почитува сообраќајните знаци. Некој можеби сака да ја извршува работната задача на друг начин, но најчесто може да работи само во согласнот со правилата на работодавецот. Исто така, модерниот човек на многу други начини е опкружен од мрежа правила и регулативи (експлицитни или имплицитни) кои контролираат поголем дел од неговите импулси и го попречуваат процесот на стекнување моќ. Повеќето од овие регулативи не можат да бидат избегнати, бидејќи тие се неопходни за функционирање на индустриското општество.

72. Во одредена смисла, модерното општество е многу попустливо. Во однос на нештата кои се неважни за функционирањето на системот, ние можеме да правиме што сакаме. Можеме да веруваме во која сакаме религија (сѐ додека таа не охрабрува однесување кое е опасно за системот). Можеме да одиме во кревет со кого сакаме (сѐ додека практикуваме „безбеден секс“). Можеме да правиме сѐ што сакаме доколку тоа е НЕВАЖНО. Но, за сите ВАЖНИ работи, системот настојува да го регулира нашето однесување.

73. Однесувањето не се регулира само преку експлицитни правила и механизми на власта. Контролата често се спроведува преку индиректна принуда или преку психолошки притисок и манипулација, преку организации кои не се дел од власта, или преку системот во целина. Повеќето големи организации користат некаков вид пропаганда[14] за да манипулираат со јавното мислење и однесување. Пропагандата не е ограничена само на рекламни спотови и огласи, а понекогаш не е ниту свесно планирана како пропаганда од оние што ја создаваат. На пример, содржината на некои забавни емисии е моќна форма на пропаганда. Еден пример на индиректна принуда: нема закон којшто вели дека морате да одите на работа секој ден и да ги следите наредбите на работодавецот. Законски, не постои ништо што би нѐ спречило до одиме да живееме во дивина како примитивните луѓе или самите да започнеме некаков бизнис. Но, во реалноста, има многу малку дивина, и има многу малку место во економијата за мали бизниси. Поради тоа, повеќето од нас можат да преживеат само ако работат за некој друг.

74. Мислиме дека опсесијата на модерниот човек со долговечноста, одржувањето на физичката виталност и сексуалната привлечност се симптоми на неисполнетост кои произлегуваат од попречување на процесот на стекнување моќ. Еден од тие сиптоми е и „средовечната криза.“ Исто така, незаинтересираноста за потомство е сѐ поголема во модерното општество, но е речиси непозната во примитивните општества.

75. Во примитивните општества животот е успех во фази. Кога ќе се исполнат потребите и целите на едниот период, нема посебни препреки за преминување во следниот период. Младиот човек минува низ процесот на стекнување моќ станувајќи ловец, но тој не лови заради спорт или лично исполнување, туку да обезбеди месо коешто е неопходно за исхраната. (Кај младите жени процесот на стекнување моќ е многу покомплексен, со голем нагласок на општествената моќ; но тоа овде нема да го дискутираме). Кога успешно ќе се мине овој период, младиот човек не ја избегнува одговорноста на создавање семејство. (Спротивно на тоа, некои модерни луѓе бескрајно одложуваат да имаат деца бидејќи се зафатени со потрага по некакво „исполнување.“ Ние мислиме дека исполнувањето коешто тие го бараат е соодветно искуство на процесот на стекнување моќ — со вистински цели, наместо со вештачки цели и заменски активности.) Повторно, бидејќи успешно ги има одгледано своите деца, поминувајќи низ процесот на стекнување моќ со тоа што им ги обезбедил основните животни потреби, примитивниот човек чувствува дека неговата работа е завршена и дека е подготвен да ги прифати староста (ако преживее толку долго) и смртта. Од друга страна, многу модерни луѓе се вознемирени од сликата на смртта, а како доказ за тоа е количеството напор што го вложуваат за да ја одржат кондицијата, изгледот и здравјето. Ние мислиме дека ова се должи на фактот што тие никогаш не ги користеле своите физички моќи, никогаш не минале низ процесот на стекнување моќ користејќи ги сериозно своите тела. Примитивниот човек, кој го користи своето тело за практични цели, не е тој којшто се плаши од стареењето, туку модерниот човек, кој никогаш не го користел своето тело за практични цели, освен за одење од својот автомобил до својата куќа. Личноста чија потреба за стекнување моќ била задоволена во текот на животот, најдобро е подготвена да го прифати и нејзиниот крај.

76. Како одговор на аргументите дадени во овој дел, некои луѓе ќе речат: „Општеството мора да најде начин да им даде можност на луѓето да минат низ процесот на стекнување моќ.“ Вредноста на таа можност е уништена од самиот факт што општеството им ја дава таа можност. Она што треба луѓето да го направат е да најдат или да создадат сопствени можности. Сѐ додека системот им ги ОБЕЗБЕДУВА тие можности, тој ќе продолжи да ги држи за узди. За да стекнат автономија, луѓето мораат да се ослободат од тие узди.

Како некои луѓе се прилагодуваат

77. Не сите луѓе коишто живеат во индустриско-технолошкото општество страдаат од психолошки проблеми. Некои луѓе велат дека се сосема задоволни со постоечкото општество. Сега ќе разгледаме некои од причините зошто луѓето толку многу се разликуваат во нивните реакции кон модерното општество.

78. Без сомнение постојат разлики во силината на стремежот за стекнување моќ. Индивидуите коишто имаат слаба потреба за моќ можеби имаат мала потреба да минат низ процесот на стекнување моќ, или мала потреба за автономија во процесот на стекнување моќ. Тоа се послушни луѓе, кои би биле среќни и како „црнци“ на плантажите на стариот Југ. (Ние не сакаме да ги навредиме „црнците“ од плантажите на стариот Југ. Повеќето од робовите НЕ биле задоволни со својата положба. Но, ги презираме луѓето кои се задоволни со тоа некому да служат.)

79. Некои луѓе можат да имаат исклучителна потреба за моќ, а преку процесот на стекнување моќ тие ја задоволуваат таа своја потреба. На пример, оние луѓе коишто имаат неверојатно голема потреба за социјален статус можат да го поминат целиот живот во искачување по општествената скала, а таа игра да не им здодее.

80. Сите луѓе не се подеднакво подложни на рекламните и маркетинг техниките. Некои луѓе се толку многу подложни на тие техники што, дури и ако заработат многу пари, не можат да ја задоволат својата потреба за новите играчки кои ги произведува маркетинг индустријата. Оттаму, тие секогаш се под финансиски притисок, дури и кога имаат големи приходи, а нивната потреба останува незадоволена.

81. Некои луѓе се многу малку подложни на рекламните и маркетинг техниките. Нив не ги интересираат парите. Материјалните добра немаат никакво значење во нивната потреба за стекнување моќ.

82. Луѓето кои се просечно подложни на рекламните и маркетинг техниките можат да заработат доволно пари за да ги задоволат своите потреби за добра и услуги, но само со сериозен напор (работејќи прекувремено или на уште една работа, борејќи се за унапредување, итн.) Материјалните добра ја задоволуваат нивната потреба за стекнување моќ. Но, не значи дека нивната потреба е целосно задоволена. Тие можеби немаат доволно автономија во процесот на стекнување моќ (нивната работа може да се состои од следење наредби), а некои од нивните потреби можат да бидат потиснати (агресија, безбедност). Свесни сме за претераното поедноставување на работите во параграфите 80-82, бидејќи тргнавме од претпоставката дека желбата за стекнување материјални добра во целост е производ на рекламната и маркетинг индустријата. Се разбира, тоа не е толку едноставно.

83. Некои луѓе делумно ја задоволуваат својата потреба за моќ со тоа што се идентификуваат со моќни организации или масовни движења. Индивидуата на која ѝ недостигаат цели или моќ се придружува на некое движење или организација, ги прифаќа целите на таа организација како свои, и потоа работи на остварување на тие цели. Кога некои од целите се остварени, иако нејзините лични напори одиграле многу мала улога во остварување на истите, индивидуата се чувствува (преку својата идентификација со движењето и организацијата) како да минала низ процесот на стекнување моќ. Овој феномен го искористувале фашистите, нацистите и комунистите. Го користи и нашето општество, иако не толку сурово. Пример: Мануел Нориега претставуваше препрека за САД (цел: да се казни Нориега.) САД ја нападнаа Панама (напор) и го казнија Нориега (остварување на целта.) САД минаа низ процесот на стекнување моќ и многу Американци, кои се поистоветуваат себеси со САД, силно го доживеаја процесот на стекнување моќ. Затоа инвазијата на Панама имаше огромна јавна поддршка; таа им даде на луѓето чувство на моќ.[15] Истиот феномен може да се види и кај армиите, корпорациите, политичките партии, хуманитарните организации, религиозните или идеолошките движења. Во основа, левичарските движења привлекуваат луѓе кои бараат да ја задоволат нивната потреба за моќ. Но за повеќето луѓе идентификувањето со големи организации и масовни движења не ја задоволува целосно нивната потреба за моќ.

84. Друг начин на којшто луѓето ја задоволуваат својата потреба за стекнување моќ е преку заменски активности. Како што објаснивме во параграфите 38-40, заменската активност е насочена кон вештачка цел која индивидуата се обидува да ја оствари поради „исполнувањето“ коешто го добива од остварувањето на таа цел, а не затоа што мора да ја оствари таа цел. На пример, нема практична причина за огромни мускули, ставање мало топче во дупка или собирање поштенски марки. И покрај тоа, многу луѓе во нашето општество страсно се посветуваат на бодибилдинг, голф и колекционерство. Некои луѓе се повеќе насочени кон „нешто друго,“ и со самото тоа се подготвени да ја искажат важноста на заменската активност едноставно поради тоа што другите луѓе ја третираат како важна или затоа што општеството им вели дека е важна. Тоа е причината зошто некои луѓе се многу сериозни во суштински неважни работи како што се спорт, шах или езотерични академски истражувања, додека оние трезвените во тоа гледаат само заменски активности и никогаш нема да се обидат на тој начин да ја задоволат својата потреба за стекнување моќ. Останува уште да се нагласи дека за многу луѓе начинот на кој заработуваат пари исто така е заменска активност. Но, не е ЧИСТА заменска активност, бидејќи дел од мотивот за активноста е обезбедување на основните животни потреби и (за некои луѓе) општествен статус и луксузни работи кои им ги наметнува рекламната индустрија. Но, многу луѓе вложуваат многу повеќе напор отколку што е потребно за да заработат доволно пари и статус, и тој екстра напор е заменска активност. Тој екстра напор, заедно со емотивната посветеност, е меѓу најголемите сили кои придонесуваат за континуиран развој и усовршување на системот, со негативни последици кон личната слобода (види го параграф 131). За повеќето научници и инженери, работата е заменска активност. Тоа е толку важно што заслужува посебно внимание, и наскоро ќе зборуваме за тоа (параграфи 87-92).

85. Во овој дел објаснивме како повеќето луѓе во модерното општество ја задоволуваат својата потреба за стекнување моќ. Но, ние мислиме дека повеќето луѓе не ја задоволуваат во целост потребата за стекнување моќ. Пред сѐ, луѓето коишто поседуваат незаситна желба за моќ или кои се „зависни“ од одредена заменска активност, или кои се идентификуваат доволно силно со некоја организација или движење кое ја задоволува нивната потреба за моќ, се исклучоци. Останатите не се целосно задоволни со заменските активности или со поистоветување со некоја организација (параграфи 41-64.) Исто така, системот наметнува прекумерна контрола преку експлицитни правила или социјализација, а тоа резултира со недостиг на автономија, но и со фрустрација која се должи на неможноста од остварување одредени цели и потребата од ограничување на многу импулси.

86. Но, дури и кога повеќето луѓе во индустриско-технолошкото општество би биле задоволни, ние (FC) сѐ уште би биле против него, бидејќи (покрај останатото) ние мислиме дека е понижувачки да се задоволува потребата за стекнување моќ преку заменски активности или преку поистоветување со некоја организација, наместо остварување на вистински цели.

Мотивите на научниците

87. Науката и технологијата се најважните примери за заменски активности. Некои научници тврдат дека се мотивирани од „љубопитност“ или од желбата за „благосостојба на човештвото.“ Но, лесно е да се забележи дека ова не се основните мотиви на научниците. Што се однесува до „љубопитноста,“ тоа е просто апсурдно. Повеќето научници работат на високоспецијализирани проблеми кои не се предмет на нормална љубопитност. На пример, дали астрономот, математичарот или ентомологот се љубопитни за својствата на изопропитриметилметанот? Секако дека не се. Само хемичарот е љубопитен за такво нешто, а тој е љубопитен затоа што хемијата е неговата заменска активност. Дали хемичарот е љубопитен за правилната класификација на некој нов вид на инсект? Не. Тоа прашање го интересира само ентомологот, затоа што ентомологијата е неговата заменска активност. Доколку хемичарот и ентомологот би морале сериозно да се потрудат да ги задоволат нивните основни животни потреби, и кога тој напор би ги ангажирал нивните способности на интересен начин, нив воопшто не би ги интересирале својствата на изопропилтриметилметанот или класификацијата на инсектите. Да претпоставиме дека недостигот средства за постдипломски студии го натерале хемичарот да стане осигурителен агент. Во тој случај тој многу повеќе би се интересирал за „осигурување“ отколку за изопропитриметилметан. Во секој случај, не е нормално да се вложи толкав напор и време само за да се задоволи љубопитноста, како што прават научниците. „Љубопитноста“, како објаснување за мотивите на научниците, едноставно отпаѓа.

88. „Благосостојба на општеството“ исто така нема многу смисла. Одредени научни работи немаат никаква врска со благосостојба на човечката раса – на пример, поголемиот дел од археологијата или компаративната лингвистика. Сепак, научниците од овие области ја работат со истиот ентузијазам со кој работат и научниците кои развиваат вакцини или го проучуваат загадувањето на воздухот. Да го погледнеме случајот на д-р Едвард Телер (Edward Teller), кој бил емотивно посветен на промовирање на нуклеарните централи. Дали оваа посветеност произлегува од желбата да придонесе за благосостојбата на човештвото? Ако одговорот е да, тогаш зошто д-р Телер не се посветил толку емотивно на други „хуманитарни“ цели? Ако бил толку голем хуманитарец, тогаш зошто помагал во развојот на хидрогенската бомба? Исто како и многу други научни достигнувања, прашање е колку нуклеарните централи придонесуваат за благосостојба на општеството. Дали евтината енергија е поважна од акумулирањето нуклеарен отпад и ризикот од несреќи? Д-р Телер ја видел само едната страна на прашањето. Јасно е дека неговата емотивна посветеност на нуклеарната енергија не произлегувала од желбата за „благосостојба на човештвото“, туку од личното задоволство кое го добивал од неговата работа и нејзината практична примена.

89. Истото важи и за повеќето научници. Со ретки исклучоци, мотивот на научниците не е ниту љубопитноста ниту желбата за благосостојба на човештвото, туку потребата да минат низ процесот на стекнување моќ: да се има цел (научен проблем кој треба да се реши), да се вложи напор (истражување) и да се оствари целта (решение на проблемот). Науката е заменска активност бидејќи научниците најчесто работат поради задоволството коешто го добиваат од самата работа.

90. Се разбира, не е толку едноставно. Кај многу научници присутни се и други мотиви. На пример, пари и статус. Некои научници можеби се личности кои имаат незаситна желба за моќ (параграф 79) и тоа може да претставува главен мотив за нивната работа. Нема сомнение дека повеќето научници, исто како и поголемиот дел од населението, се подложни на рекламните и маркетинг техниките и потребни им се пари за да ја задоволат нивната потреба за материјални добра и услуги. Затоа науката не е ЧИСТА заменска активност. Но, во најголем дел е заменска активност.

91. Исто така, науката и технологијата претставуваат моќно масовно движење, и многу научници ја задоволуваат својата потреба за моќ преку поистоветување со ова масовно движење (параграф 83).

92. И така, науката продолжува да напредува слепо, без никаков обѕир кон вистинска благосостојба на човечката раса и кон кој било друг стандард, освен кон психолошките потреби на научниците, владините функционери и корпорациските менаџери кои ги обезбедуваат средствата за истражување.

Природата на слободата

93. Ние тврдиме дека индустриско-технолошкото општество не може да биде реформирано на начин кој ќе го спречи загрозувањето на човечката слобода. Но, „слобода“ е збор кој може да биде сфатен на многу начини, и затоа мораме да разјасниме за каква слобода зборуваме.

94. Под „слобода“ ние подразбираме можност да се мине низ процесот на стекнување моќ, со вистински цели, а не со вештачки цели и заменски активности, и без попречување, манипулација и надзор од некој друг, особено од некоја голема организација. Слобода значи да имаш контрола (како индивидуа или како дел од МАЛА група) над прашањата кои се однесуваат на животот и смртта; храна, облека, засолниште и одбрана од сите можни закани во одредено опкружување. Слобода значи да се има моќ; но не моќ да се контролираат другите луѓе, туку моќ да се контролираат околностите на сопствениот живот. Човекот не е слободен доколку некој друг (а особено некоја голема организација) има контрола врз неговиот живот, без разлика колку таа контрола е благонаклона, толерантна и попустлива. Многу е важно слободата да не се сфати едноставно само како попустливост (параграф 72).

95. Ни велат дека живееме во слободно општество бидејќи имаме одреден број уставно загарантирани права. Но, тоа не е толку важно колку што изгледа. Степенот на лична слобода којшто постои во општеството повеќе е одреден од економската и технолошката структура на општеството отколку од законите или обликот на владеење.[16] Повеќето индијански народи од Нова Англија биле монархии, а повеќето од градовите од италијанската Ренесанса биле контролирани од диктатори. Но читајќи за овие општества се добива впечаток дека тие дозволувале многу поголема лична слобода отколку што дозволува нашето општество. Тоа делумно било така затоа што тие имале недостиг од ефикасни механизми за наметнување на волјата на диктаторот: немало модерни, добро организирани полициски сили, немало камери за надгледување, немало средства за далечна комуникација, немало досиеја за животите на просечните граѓани. Оттаму, било доста лесно да се избегне контролата.

96. Што се однесува до нашите уставни права, погледнете го примерот со слободата на печатот. Ние не сакаме да го отфрлиме тоа право: тоа е многу важна алатка за ограничување на концентрацијата на политичката моќ и за контрола на оние коишто имаат политичка моќ со јавно разоткривање на нивното несоодветно однесување. Но, слободата на печатот има многу мало значење за просечниот човек. Големите медиуми најчесто се под контрола на големите организации коишто се интегрирани во системот. Секој што има малку пари може да објави нешто, или да го дистрибуира преку интернет или на некој друг начин, но она што тој има да го каже ќе се изгуби помеѓу големиот број материјали кои ги објавуваат медиумите, и затоа нема да има некаков практичен ефект. Поради тоа, речиси е невозможно индивидуите и малите групи да влијаат врз општеството со зборови. Земете нè нас (FC) за пример. Доколку не направевме нешто насилно и го доставевме овој материјал на некој издавач, тој најверојатно немаше да биде објавен. Доколку беше прифатен и објавен, најверојатно немаше да привлече многу читатели, бидејќи е многу позабавно да се гледа некоја интересна медиумска програма отколку да се прочита трезвен есеј. Дури и овој материјал да има многу читатели, тие најверојатно многу брзо би заборавиле што прочитале затоа што нивните умови се преплавени од мноштвото материјали кои ги објавуваат медиумите. За да ја изнесеме нашата порака во јавност, со цел да постигнеме долготраен ефект, ние моравме да убиваме луѓе.

97. Уставните права се корисни до одреден степен, но тие не гарантираат многу повеќе од она што можеме да го наречеме „буржоаско сфаќање на слободата.“ Според буржоаското сфаќање, „слободниот“ човек во основа е составен дел од општествената машина и има одреден збир дозволени и ограничени слободи; слободи создадени да служат на потребите на општествената машина, а не на потребите на поединецот. Оттаму, буржоаскиот „слободен“ човек има економска слобода, бидејќи таа промовира раст и напредок; има слобода на печат, бидејќи јавните критики го ограничуваат несоодветното однесување на политичките лидери; има право на фер судење бидејќи затворањето само врз основа на самоволието на владејачките класи е лошо за системот. Ова очигледно бил ставот на Симон Боливар. Според него, луѓето заслужувале слобода само доколку ја користеле за промовирање на напредокот (онаков каков што го сфаќа буржоазијата). Други буржоаски мислители исто така ја гледале слободата како средство за остварување колективни цели. Честер Тан (Chester C. Tan, „Chinese Political Thought in the Twentieth Century“, стр. 202), ја објаснува филозофијата на лидерот Ху Хaн-мин (Hu Han-min): Поединецот има права затоа што е дел од општеството и затоа што животот во заедница има потреба од такви права. Ху под заедница го подразбирал целото општество, како нацијата. А на страница 259, Тан тврди дека, според Карсун Чанг (Chang Chun-mai, лидер на Државната социјалистичка партија на Кина) слободата треба да се користи во интерес на државата и луѓето во целост. Но, каква е таа слобода, ако може да се користи само на начин којшто другите го препишуваат? Сфаќањето на слободата на FC е многу поразлично од она на Боливар, Ху, Чанг или некој друг буржоаски мислител. Проблемот со ваквите мислители е тоа што од развојот и примената на општествените теории тие направиле своја заменска активност. Како последица на тоа, теориите се создадени за да им служат на потребите на мислителите, а не на потребите на луѓето коишто не се доволно среќни да живеат во општество чија основа се таквите теории.

98. Овде треба да се нагласи уште нешто: не треба да се претпоставува дека некоја личност има доволно слобода само затоа што ВЕЛИ дека има доволно слобода. Слободата е делумно ограничена со психолошка контрола за која луѓето не се свесни; исто така, и идеите на повеќето луѓе за тоа што всушност претставува слободата се регулирани од општествените конвенции, а не од нивните вистински потреби. На пример, можно е поголем дел од прекумерно социјализираните левичари да речат дека повеќето луѓе, вклучувајќи ги и нив самите, не се доволно социјализирани, но сепак, прекумерно социјализираниот левичар плаќа голема психолошка цена за неговото високо ниво на социјализација.

Некои историски принципи

99. Историјата можеме да ја сфатиме како збир од два составни дела: непредвидлив дел, кој се состои од настани кои не следат никаква разбирлива шема и нормален дел, којшто се состои од долгорочни историски трендови. Нас нѐ интересираат долгорочните трендови.

100. ПРВ ПРИНЦИП. Ако некоја МАЛА промена влијаела врз некој долгорочен историски тренд, тогаш ефектот од таа промена речиси секогаш ќе биде минлив – трендот наскоро ќе се врати во својата првобитна положба. (Пример: реформистичкото движење кое е создадено да ја исчисти политичката корупција во општеството најчесто има краткотраен ефект; порано или подоцна реформистите се опуштаат и корупцијата повторно се враќа. Степенот на корупцијата во дадено општество има тенденција да биде константен, или да се менува бавно со еволуцијата на општеството. Се разбира, политичката чистка ќе биде трајна само доколку е придружена од сеопфатни општествени промени; мала промена во општеството нема да биде доволна). Ако некоја мала промена во долгорочен историски тренд е трајна, тоа е така бидејќи промената се движи во насоката во која се движи самиот тренд, така што трендот не е изменет, туку само е поттурнат чекор напред.

101. Првиот принцип е речиси тавтологија. Ако трендот не е стабилен во однос на малите промени, тој ќе се движи без насока и нема да следи дефинитивни насоки; со други зборови, воопшто нема да биде долгорочен тренд.

102. ВТОР ПРИНЦИП. Ако некоја промена е доволно силна трајно да го измени долгорочниот тренд, тогаш таа ќе го промени општеството во целост. Со други зборови, општеството е систем во кој сите делови се поврзани, така што ниту еден важен дел не може да биде трајно променет, а да не влијае и врз останатите делови.

103. ТРЕТ ПРИНЦИП. Ако некоја промена е доволно голема трајно да промени еден долгорочен тренд, тогаш последиците кон општеството во целост не можат однапред да се предвидат. (Освен ако други општества не минале низ истата промена и ги доживеале истите последици, во тој случај врз основа на емпириско истражување може да се предвиди дали некое општество кое минува низ истите промени ќе доживее слични последици.)

104. ЧЕТВРТ ПРИНЦИП. Ново општество не може да се дизајнира на хартија. Со други зборови, не може да се планира нов облик на општеството однапред, потоа тоа да се воспостави и да се очекува дека ќе функционира како што било замислено.

105. Третиот и четвртиот принцип произлегуваат од комплексноста на човечките општества. Промената во човечкото однесување ќе влијае врз економијата на општеството и неговата физичка околина; економијата ќе влијае врз околината и обратно, а промените во економијата и околината ќе влијаат врз човечкото однесување на комплексни, непредвидливи начини; итн. Мрежата причини и последици е премногу голема за да се отплетка и разбере.

106. ПЕТТИ ПРИНЦИП. Луѓето не ја избираат свесно и рационално формата на нивното општество. Општествата се развиваат преку процеси на општествена еволуција кои не подлежат на рационална човечка контрола.

107. Петтиот принцип е последица на претходните четири.

108. Илустрација: според првиот принцип, најопшто земено, обидот за општествени промени или делува во насока во која општеството веќе се развива (всушност, само ја забрзува промената која секако би се случила) или има само минлив ефект, и потоа општеството се враќа на стариот колосек. За да може трајно да се промени насоката на развој на некој значаен аспект на општеството, реформите се неефикасни и потребна е револуција. (Револуцијата не секогаш подразбира вооружено востание или рушење на власта.) Според вториот принцип, револуцијата не менува само еден аспект на општеството, таа го менува целото општество; а според третиот принцип, се случуваат промени кои никогаш не биле очекувани или посакувани од револуционерите. Според четвртиот принцип, кога револуционерите или утопистите воспоставуваат ново општество, тоа никогаш не функционира онака како што било планирано.

109. Американската револуција не го докажува спротивното. Американската „револуција“ не била револуција според нашите сфаќања, туку војна за независност проследена со прилично далекусежни политички реформи. Основачите не ја промениле насоката на развој на американското општество, ниту тоа била нивната намера. Тие само го ослободиле развојот на американското општество од влијанијата на британското владеење. Нивната политичка реформа не променила ниту еден основен тренд, туку само ја поттурнала американската политичка култура долж нејзиниот природен развоен тек. Британското општество веќе подолго време се движело во правец на претставничка демократија. А уште пред Војната за независност, Американците веќе практикувале одреден степен на претставничка демократија во своите колонијални собранија. Политичкиот систем промовиран од Уставот бил обликуван според Британскиот систем и според примерот на колонијалните собранија. Сѐ било значајно изменето; нема сомнение дека основачите направиле значаен чекор. Но, тоа бил чекор долж патот по кој веќе се движел англосаксонскиот свет. Доказ за тоа е фактот што Британија и сите нејзини колонии во коишто доминирало британското население завршиле со системи на претставничка демократија многу слична на онаа на САД. Ако Основачите ги изгубеле нервите и не ја потпишеле Декларацијата за независност, нашите животи денес не би биле значително поразлични. Можеби ќе имавме поблиски врски со Британија и можеби ќе имавме Парламент и Премиер наместо Конгрес и Претседател. Голема работа. Оттаму, примерот на американската револуција не им противречи на нашите принци, туку тој е нивна одлична илустрација.

110. Сепак, треба разумно да ги употребиме овие принципи. Тие се изразени со непрецизен јазик кој дозволува различни интерпретации, а можат да се најдат исклучоци од тие правила. Затоа не ги претставуваме како непроменливи закони, туку како скица или насока за размислување, кои можат да бидат делумен противотров на наивни идеи за иднината на општеството. Овие принципи треба константно да ги имаме на ум и секогаш кога некој ќе дојде до спротивни заклучоци, би требало уште еднаш да го преиспита својот став и да го задржи својот заклучок само под услов ако има добри аргументи за тоа.

Индустриско-технолошкото општество не може да биде реформирано

111. Горенаведените принципи ни покажуваат колку тежок може да биде обидот за реформирање на индустрискиот систем на начин на кој ќе го спречиме да ја загрози нашата сфера на слобода. Постои константна тенденција, која датира уште од Индустриската револуција, во која технологијата го зајакнува системот, но по цена на личната слобода и локалната автономија. Но, секоја промена создадена да ја заштити слободата од технологијата би била спротивна на основниот тренд на развој на нашето општество. Од тоа произлегува дека таквата промена би била минлива – многу брзо би заминала во историјата – или, доколку е доволно голема да биде постојана, тогаш би го изменила целото наше општество. Ова е според првиот и вториот принцип. Исто така, поради тоа што општеството ќе биде изменето на начин којшто не може да се предвиди однапред (трет принцип), тоа ќе биде многу опасно. Промени доволно големи да предизвикаат трајни промени во корист на слободата нема да бидат воспоставени, бидејќи тоа длабоко ќе го вознемири системот. Дури и да бидат воспоставени промени доволно големи да предизвикаат трајни промени, тие ќе бидат повлечени кога ќе бидат забележани нивните вознемирувачки ефекти. Затоа, трајни ефекти во корист на слободата можат да бидат предизвикани само од личности кои се подготвени да прифатат радикални, опасни и непредвидливи измени на целиот систем. Со други зборови, револуционери, а не реформисти.

112. Луѓето кои се нетрпеливи да ја спасат слободата без да ги жртвуваат наводните придобивки на технологијата ќе измислуваат наивни шеми за некоја нова форма на општество кое ќе ги здружи слободата и технологијата. Луѓето кои даваат такви предлози, ретко предложуваат практични начини со кои би се воспоставило новото општество; и според четвртиот принцип, дури и да се воспостави тоа општество, тоа или ќе се сруши или ќе има резултати многу поразлични од очекуваните.

113. Според тоа, изгледа многу неверојатно дека може да се пронајде начин за промена на општеството кој ќе ги здружи слободата и модерната технологија. Во следните неколку делови ќе дадеме поспецифични причини зошто слободата и технолошкиот напредок се некомпатибилни.

Ограничувањето на слободата е неизбежно во индустриското општество

114. Како што е објаснето во параграфите 65-67, 70-73, модерниот човек е ограничен од мрежа правила и регулативи, и неговата судбина зависи од дејствата на далечни личности врз чии одлуки не може да влијае. Тоа не е случајно, ниту е резултат на волјата на некои арогантни бирократи. Тоа е неопходно и неизбежно во секое технолошко напредно општество. Системот МОРА да го регулира човечкото однесување за да може да функционира. На работните места, луѓето мораат да го прават тоа што им е кажано, во спротивно, производството би потонало во хаос. Бирократијата МОРА да биде водена според ригидни правила. Да се дозволи каква било лична дискреција на бирократите би го нарушило системот и би довело до обвинувања за неправедност поради разликите на начинот на кој индивидуалните бирократи ја практикуваат својата дискреција. Вистина е дека одредени ограничувања на нашата слобода можат да се елиминираат, но ОПШТО ЗЕМЕНО, обликување на нашите животи од големи организации неопходно е за функционирање на индустриско-технолошкото општество. Резултатот од тоа е чувство на немоќ на просечниот човек. Сепак, можно е формалното обликување да биде заменето со психолошки средства кои ќе направат ние самите да бараме да го правиме она што системот го бара од нас. (Пропаганда, забелешка 14, образовни техники, „ментално здравје“, програми, итн.)

115. Системот МОРА да ги принудува луѓето да се однесуваат на начини кои значително се оддалечуваат од природното човечко однесување. На пример, системот има потреба од математичари, научници и инженери. Не може да функционира без нив. Затоа децата се изложуваат на голем притисок да бидат насочени кон овие полиња. Не е природно за еден адолесцент поголемиот дел од времето да го минува во седење и учење. Нормален адолесцент сака времето да го минува во активен контакт со реалниот свет. Кај примитивните народи, децата учат работи кои се во хармонија со природните човечки импулси. Кај американските Индијанци, на пример , машките деца се обучуваат во активности на отворено – нешто што сите машки деца го сакаат. Но во нашето општество децата се приморани да учат технички работи, кои децата ги извршуваат безволно.

116. Поради сѐ поголемиот притисок на системот да го обликува однесувањето на луѓето, има сѐ повеќе луѓе кои не можат или не сакаат да се прилагодат на барањата на системот: луѓе кои живеат од социјална помош, улични банди, култови, антивладини востаници, радикални еколошки саботери и бунтовници од секаков вид.

117. Во секое напредно технолошко општество, судбината на индивидуата МОРА да зависи од одлуки врз кои не може многу да влијае. Технолошкото општество не може да биде распределено на мали, автономни заедници, бидејќи производството зависи од соработката на голем број луѓе. Кога некоја одлука влијае, да речеме на милион луѓе, тогаш секој во просек има еден милионити удел во донесувањето на одлуката. Тоа што се случува во практиката е дека одлуките ги донесуваат јавни службеници и корпорациски менаџери, или технички професионалци, но дури и кога јавноста гласа за некоја одлука, бројот на гласачи е преголем за да може гласот на кој било од нив поединечно да биде значаен.[17] Оттаму, поголемиот дел од луѓето не можат доволно да влијаат на важните одлуки кои влијаат на нивните животи. Во напредното технолошко општество нема реално решение за овој проблем. Системот се обидува да го „реши“ овој проблем користејќи пропаганда за да ги натера луѓето да ги САКААТ одлуките коишто се донесени за нив, но дури и кога таквото „решение“ би успеало во својата цел да направи луѓето да се чувствуваат подобро, тоа сепак би било деградирачко.

118.Конзервативците и останатите се залагаат за повеќе „локална автономија.“ Локалните заедници некогаш навистина имале автономија, но таквата автономија станува сѐ поневозможна бидејќи локалните заедници сѐ повеќе се приклучуваат и стануваат зависни од големите системи, како што се јавните установи, компјутерските и сообраќајните мрежи, масовните медиуми, модерниот здравствен систем. Против локалната автономија делува и фактот што технологијата применета на едно место, често влијае и на голема оддалеченост. Употребата на хемикалии и пестициди во близина на некој поток може да ја затруе водата неколку стотици милји низводно, а ефектот на стаклената градина влијае врз целиот свет.

119. Системот не може и не постои за да ги задоволи човечките потреби. Напротив, човечкото однесување треба да биде обликувано во согласност со потребите на системот. Ова нема никаква врска со политичката или општествената идеологија која можеби има тенденции да управува со технолошкиот систем. Технологијата е виновна за тоа, бидејќи системот не е воден од идеологија, туку од техничка неопходност.[18] Се разбира дека системот задоволува многу човечки потреби, но општо гледано, тоа го прави доколку самиот има корист од тоа. Потребите на системот се тие кои се од исклучителна важност, а не потребите на човечките суштества. На пример, системот им обезбедува храна на луѓето бидејќи нема да може да функционира ако сите гладуваат; се грижи за психолошките потреби колку што му е ПОТРЕБНО, бидејќи нема да може да функционира доколку луѓето станат депресивни или бунтовни. Но системот, од добри, солидни, практични причини мора да извршува константен притисок врз луѓето да го обликуваат своето однесување кон потребите на системот. Премногу ѓубре? Владата, медиумите, образовниот систем, еколозите, сите нѐ опсипуваат со масовна пропаганда за рециклирање. Потребен е повеќе технички персонал? Хор од гласови ги убедува децата да студираат технички науки. Никој не се запрашува дали е нехумано да се принудуваат адолесцентите да минуваат поголем дел од своето време учејќи предмети коишто ги мразат. Кога квалификуваните работници ја губат својата работа поради технички иновации и мораат да минат низ „преквалификација“, никој не се запрашува дали тоа можеби е понижувачко за нив. Едноставно се подразбира дека секој мора да се потчини на техничката неопходност. И тоа со добра причина: доколку човечките потреби се стават пред техничката неопходност ќе има економски проблеми, невработеност, кусоци или многу полоши работи. Концептот за „ментално здравје“ во најголем дел е одреден според тоа колку поединецот се однесува во согласност со потребите на системот, а притоа да не покажува симптоми на стрес.

120. Напорите да се создаде чувство за вредност и автономија во рамки на системот се обична шега. На пример, една компанија, наместо да ја распредели изработката на својот каталог, таа одобрила секоја група вработени да изработи сопствен каталог, со цел да им обезбеди на вработените чувство на вредност и достигнување. Некои компании се обиделе да им дадат повеќе слобода на работниците во нивната работа, но од практични причини ова може да биде направено само до одреден степен. Исто така, нив никогаш не им е дадена слобода во одредување на крајните цели – „автономните“ напори никогаш не можат да бидат насочени кон цели кои работниците самостојно би ги избрале, туку можат да бидат насочени само кон целите на работодавецот, како што се опстанок и раст на компанијата. Секоја компанија набрзо би пропаднала кога би дозволила вработените да се однесуваат спротивно од нејзината насока. Слично на тоа, во сите претпријатија во социјалистичкиот систем, работниците мораат да ги насочат своите напори кон целите на претпријатието, инаку претпријатието нема да ѝ служи на својата цел како дел од системот. Уште еднаш, од чисто технички причини, не е возможно повеќето индивидуи или помали групи да имаат поголема автономија во индустриското општество. Дури и малите претпријатија најчесто имаат само мала автономија. Покрај обврзувачките законски регулативи, нив ги обврзува и неопходното потчинување на економскиот систем, кон чии потреби мора да се прилагодат. На пример, кога некој ќе развие нова технологија, малите претпријатија мораат да ја употребуваат таа технологија доколку сакаат да останат конкурентни.

„Лошите“ аспекти на технологијата не можат да бидат одвоени од „добрите“

121. Друга причина поради која индустриското општество не може да биде реформирано во корист на слободата е тоа што модерната технологија е единствен систем во кој сите делови се меѓусебно зависни. Не можете да се ослободите само од „лошите“ делови на технологијата и да ги задржите „добрите.“ На пример, модерната медицина. Напредокот во модерната медицина зависи од напредокот во хемијата, физиката, биологијата, компјутерската наука и други полиња. Напредните медицински третмани имаат потреба од скапа, технолошки напредна опрема, која може да биде достапна само во технолошко напредно, економски богато општество. Јасно е дека не може да има голем напредок во медицината без целиот технолошки систем и сѐ што доаѓа со него.

122. Дури и да може да се одржи медицинскиот напредок без остатокот од технолошкиот систем, тоа сепак би донело одредени проблеми. Да претпоставиме дека е откриен лек за дијабет. Луѓето со генетска предиспозиција кон дијабет ќе можат да преживеат и да се размножуваат како сите останати. Природната селекција против гените за дијабет ќе ослабе и тие гени ќе се рашират низ популацијата. (До одреден степен, ова се случува и сега, иако нема лек за дијабетот, тој сепак може да биде контролиран со употреба на инсулин.) Истото ова ќе се случи со предиспозициите на многу други болести, што ќе доведе до генетска деградација на популацијата. Единствено решение би било некаква евгенетска програма или интензивен генетски инженеринг, така што човекот во иднина повеќе нема да биде креација на природата, случајноста или Божја креација (во зависност од вашите религиозни или филозофски ставови), туку вештачки производ.

123. Ако мислите дека власта СЕГА премногу се меша во вашите животи, што ќе биде кога ќе започне да ја регулира генетската конституција на вашите деца? Таквата регулатива неизбежно ќе доведе до генетски програмирани човечки суштества, затоа што последиците од таквото програмирање, ако не бидат регулирани, ќе бидат катастрофални.[19]

124. Вообичаен одговор на овие приговори се приказните за „медицинската етика.“ Но, етичкиот код нема да ја заштити слободата во екот на медицинскиот напредок; тој само ќе ја влоши состојбата. Применет во генетскиот инженеринг, етичкиот код ќе биде само средство за регулирање на генетската конституција на човечките суштества. Некои луѓе (најчесто високата-средна класа) ќе одлучат дека одредени апликации на генетичкиот инженеринг се „етички“, а други не и со тоа ќе ги наметнат сопствените вредности на генетската конституција на пошироката популација. Дури и ако етичкиот код биде избран врз сосема демократска основа, мнозинството ќе ги наметнува своите вредности врз малцинството кое можеби ќе има различно мислење за тоа што претставува „етичка“ употреба на генетскиот инженеринг. Единствениот етички код кој навистина би ја заштитил слободата е оној кој би забранил СЕКАКОВ генетски инженеринг на човечките суштества, а можете да бидете сигурни дека таков код никогаш нема да биде применет во технолошкото општество. Никаков код кој би го намалил значењето на генетскиот инжинеринг не би можел долго да преживее, затоа што искушението од огромната моќ на биотехнологијата би било неодоливо, особено затоа што на повеќето луѓе апликациите ќе им изгледаат очигледно и неспорно добри (елиминирање на физички и ментални болести, стекнување способности кои им се потребни на луѓето за да преживеат во денешниот свет). Неизбежно, генетскиот инженеринг ќе биде широко применуван, но само во согласност со потребите на индустриско-технолошкиот систем.[20]

Технологијата е многу помоќна општествена сила од стремежот за слобода

125. Не е возможно да се направи ДОЛГОТРАЕН компромис помеѓу технологијата и слободата бидејќи технологијата е многу помоќна општествена сила и константно ја напаѓа слободата преку РЕПЕТИТИВНИ компромиси. Замислете си случај на два соседа, кои на почетокот поседуваат еднаква површина на земја, но едниот е многу помоќен од другиот. Помоќниот бара парче земја од другиот. Послабиот одбива. Помоќниот вели: „Во ред, да направиме компромис. Дај ми половина од она што го побарав.“ Послабиот нема избор освен да се согласи. Подоцна помоќниот сосед бара уште едно парче земја и повторно има компромис, и така натаму. Со форсирање на долга серија компромиси, помоќниот сосед на крајот ја добива сета земја. Истото ова важи и за конфликтот помеѓу технологијата и слободата.

126. Сега ќе објасниме зошто технологијата е многу помоќна општествена сила од стремежот за слобода.

127. Технолошки напредок кој на почетокот наизглед не ја загрозува слободата, најчесто подоцна се покажува како сериозна закана. На пример, моторизираниот превоз. Човекот порано можел да оди пеш каде и да посакал, по свој ритам, без да обрнува внимание на сообраќајни закони и бил независен од технолошката поддршка. Кога првпат биле претставени моторизираните возила, на прв поглед изгледало дека ја зголемуваат човечката слобода. Тие не ја одземале слободата на пешаците, никој не морал да поседува автомобил ако не сакал, а секој којшто ќе одберел да купи автомобил можел да патува подалеку и побрзо од пешакот. Но воведувањето на моторизираниот превоз набрзо го изменило општеството на начин на кој во голема мера го ограничило движењето на човекот. Кога се зголемила бројката на автомобили, било неопходно во голема мера да се регулира нивната употреба. Додека е во автомобил, особено во густо населени области, човекот не може да оди каде што ќе посака, движењето е регулирано од текот на сообраќајот и сообраќајните знаци. Човекот е ограничен од многу обврски: возачка дозвола, возачки тестови, обновување на регистрацијата, осигурување, одржување на возилото поради безбедност,итн. Исто така, употребата на моторизираниот превоз повеќе не е прашање на избор. Со воведувањето на моторизираниот превоз изгледот на нашите градови се изменил толку многу што поголемиот дел од луѓето живеат многу далеку од своите работни места, трговските центри и местата за рекреација, и затоа МОРААТ да бидат зависни од автомобилите запревоз. Или мораат да употребуваат јавен превоз, а во тој случај имаат многу помала контрола на движењето отколку кога користат автомобил. Дури и слободата на пешакот е многу ограничена. Во градот тој мора непрестано да застанува на семафори кои се дизајнирани во голема мера да му служат на автомобилскиот сообраќај. На село, моторизираниот сообраќај прави да биде опасно и непријатно да се движите покрај автопатот. (Забележете ја оваа важна работа којашто ја прикажавме во случајот со моторизираниот превоз: Кога некој нов технолошки пронајдок е претставен како избор кој индивидуата може да го прифати или не по своја волја, не значи дека засекогаш ќе биде прашање на избор. Во многу случаи технологијата го менува општеството на начин на кој луѓето се ПРИСИЛЕНИ да ја користат истата.)

128. Додека технолошкиот надредок КАКО ЦЕЛИНА континуирано ја уништува нашата сфера на слобода, секое ново технолошко достигнување САМО ПО СЕБЕ изгледа пожелно. Електрична енергија, водовод, средства за брза комуникација... како може некој да се спротивставува на овие работи, или против која било од многубројните технички погодности кои го сочинуваат модерното општество? На пример, би било апсурдно да се спротивставуваме на воведувањето на телефонот. Тој нуди многу предности, а нема маани. Сепак, како што објаснивме во параграфите 59-76, сите овие технички погодности заедно креираат свет во кој судбината на просечниот човек повеќе не е во негови раце или во рацете на неговите соседи и пријатели, туку во раце на политичарите, корпорациските менаџери и далечните, анонимни техничари и бирократи врз кои тој како индивидуа не може да влијае.[21] Овој процес ќе продолжи и во иднина. Генетскиот инженеринг, на пример. Малку луѓе ќе се спротивстават на генетските техники кои елиминираат наследни болести. Не предизвикува видлива штета и спречува големо страдање. Сепак, голем број на генетски подобрувања заедно ќе го направат човечкото суштество инженерски производ, а не слободна, случајна креација (или креација на Бог, во зависност од вашите религиозни верувања).

129. Друга причина зошто технологијата е толку моќна општествена сила е тоа што, во контекст на одредено општество, технолошкиот напредок маршира само во една насока; не може да се пренасочи назад. Кога ќе биде претставен некаков технолошки производ, луѓето најчесто стануваат зависни од него, доколку не е заменет со уште понапреден производ. Не стануваат само луѓето како индивидуи зависни од некој нов технолошки производ, туку целиот систем станува зависен. (Замислете што би се случило денес со системот доколку, на пример, би биле елиминирани компјутерите). Поради тоа, системот може да се движи само во една насока, кон поголема технологизација. Технологијата постојано ја принудува слободата да се врати еден чекор назад, но технологијата не може да се врати еден чекор назад – освен во случај на отфрлање на технолошкиот систем во целина.

130. Технологијата напредува со голема брзина и ја загрозува слободата на многу точки истовремено (пренаселеност, правила и регулативи, зависност на поединците од големи организации, пропаганда и други психолошки техники, генетски инженеринг, нарушување на приватноста преку средства за надгледување и компјутери, итн.) За да се спречи секоја закана по слободата потребна е долга и тешка општествена борба. Оние луѓе коишто сакаат да ја заштитат слободата сенадсилени од големиот број на нови напади и брзината со која тие се развиваат, па затоа стануваат апатични и повеќе не се спротивставуваат. Да се борите против сите тие закани поединечно е невозмножно. Може да се постигне успех само со борба против технолошкиот систем во целина; но тоа е револуција, а не реформа.

131. Техничарите (овој термин го користиме во најширока смисла за да ги означиме сите оние кои извршуваат специјализирани задачи за кои е потребна обука) настојуваат толку многу да се посветат на својата работа (нивната заменска активност) што кога ќе дојде до конфликт помеѓу нивната техничка работа и слободата, тие речиси секогаш одлучуваат во корист на својата техничка работа. Ова е очигледно во случајот со научниците, но исто така се јавува и на други места: едукатори, хуманитарни групи; организациите за заштита на животната средина не се двоумат да ја користат пропагандата и други психолошки техники во остварување на своите возвишени цели. Корпорациите и владините агенции, кога е тоа корисно за нив, не се двоумат да собираат информации за луѓето без да обрнат внимание на нивната приватност. Агенциите за примена на законите често доаѓаат до заклучок дека уставните права на осомничените или потполно недолжните луѓе им пречат во работата и прават сѐ што можат (легално или нелегално) за да ги ограничат тие права. Поголемиот дел од едукаторите, владините службеници и полицајците веруваат во слободата, приватноста и уставните права, но кога овие се испречуваат на нивната работа, тие најчесто мислат дека нивната работа е поважна.

132. Познато е дека луѓето работат посветено и подобро кога за тоа добиваат некаква награда, отколку кога се обидуваат да избегнат казна или негативни последици. Научниците и техничарите најчесто се мотивирани од наградите кои ги добиваат преку нивната работа. Но, оние луѓе кои се спротивставуваат на технолошката инвазија на слободата, работат само за да ги избегнат негативните последици; а со самото тоа, малку од нив посветено и добро ја извршуваат таа обесхрабрувачка задача. Доколку реформистите некогаш успеат да остварат само една победа која би делувала како цврста препрека на понатамошната ерозија на слободата пред налетот на технолошкиот напредок, повеќето од нив би се опуштиле и би се посветиле на позадоволителни цели. Но, научниците ќе продолжат да работат во своите лаборатории, а технолошкиот напредок, покрај сите препреки, ќе пронајде начини да воспостави поголема контрола врз поединците и да ги направи зависни од системот.

133. Никакви општествени аранжмани, било тоа да се закони, институции, обичаи или етички кодови, не можат да понудат трајна заштита од технологијата. Историјата покажува дека сите општествени аранжмани се минливи; сите со тек на времето се менуваат или пропаѓаат. Но технолошкиот напредок е траен во контекст на одредена цивилизација. Да претпоставиме дека е возможно да достигнеме општествен аранжман кој ќе спречи генетскиот инженеринг да биде применет врз човечките суштества, или да го спречи да биде употребен на начин кој ќе ја ограничи човечката слобода и достоинство. Но, технологијата и понатаму ќе биде тука и ќе чека погоден момент. Порано или подоцна, општествениот аранжман ќе пропадне. Најверојатно порано, со оглед на темпото со кое се менуваат работите во нашето општество. Тогаш генетскиот инженеринг ќе почне да ја нарушува нашата сфера на слобода и таа инвазија ќе биде неповратна (освен во случај да пропадне целата технолошка цивилизација). Сите илузии за постигнување траен резултат преку општествени аранжмани би требало да исчезнат кога ќе погледнеме што се случува со постоечките еколошки закони. До пред неколку години се чинеше дека постојат сигурни легални препреки кои спречуваат барем НЕКОИ од најлошите форми на уништување на животната средина. Мала промена во политичката насока и тие препреки почнуваат да се рушат.

134. Поради сите горенаведени причини, технологијата е многу помоќна општествена сила од стремежот за слобода. Но, оваа изјава треба посериозно да се разгледа. Се чини дека во наредните неколку децении индустриско-технолошкиот систем ќе мине низ сериозни потреси поради економски и еколошки проблеми, особено проблеми со човечкото однесување (отуѓеност, бунтовништво, непријателство, разни општествени и психолошки тешкотии). Се надеваме дека потресите низ кои ќе мине системот ќе предизвикаат тој да се распадне, или доволно да ослабе за да може да биде возможна револуција. Ако се случи таква револуција и таа биде успешна, тогаш во тој даден момент стремежот за слобода ќе се покаже како помоќен од технологијата.

135. Во параграфот 125 употребивме аналогија на слаб сосед кој ја губи сета земја низ серија компромиси наметнати од помоќен сосед. Но, да претпоставиме дека помоќниот сосед се разболува и не може да се брани себеси. Послабиот сосед може да го принуди помоќниот сосед да му ја врати земјата или да го убие. Ако му дозволи на помоќниот човек да преживее и само го принуди да му ја врати земјата, тогаш тој е глупав, бидејќи кога моќниот човек ќе оздраве тој повторно ќе ја земе сета земја за себе. Единствената разумна алтернатива за послабиот човек е да го убие помоќниот додека сѐ уште има шанса. Слично на тоа, додека индустрискиот систем е болен, ние мораме да го уништиме. Доколку правиме компромиси со него и му дозволиме да оздраве, тогаш тој постепено ќе ни ја одземе сета слобода.

Помали општествени проблеми се покажале нерешливи

136. Доколку некој сѐ уште си замислува дека е возможно да се измени системот на начин на кој ќе ја заштити слободата од технологијата, тогаш нека размисли колку трапаво и во најголем дел неуспешно, нашето општество се справува со други општествени проблеми кои се поедноставни и полесни. Покрај останатото, системот не успеал да го запре уништувањето на животната средина, политичката корупција, трговијата со дрога и семејното насилство.

137. Да ги земеме, на пример, еколошките проблеми. Тука конфликтот на вредности е едноставен: економска корист сега, наспроти зачувување на природните ресурси за нашите внуци.[22] Но, на оваа тема слушаме само празни ветувања и извртени изговори од луѓето кои имаат моќ, а ништо што би личело на јасен и целовит план на делување и продолжуваме да ги натрупуваме еколошките проблеми со кои нашите внуци ќе треба да живеат. Обидите да се реши еколошкото прашање се состојат од борби и компромиси помеѓу различни фракции, некои од нив преовладуваат во одреден момент, некои во друг момент. Линијата на борба се менува со промените во ставот на јавното мислење. Ова не е рационален процес, ниту е процес кој води до трајно и успешно решение на проблемот. Големите општествени проблеми, доколку некогаш воопшто бидат „решени“, многу ретко или речиси никогаш не се решаваатврз основа на рационален, сестран план. Тие најчесто се решаваат самите од себе преку процес во кој различни спротивставени групи бркајќи го својот (најчесто краткотраен) интерес[23] доаѓаат до состојба на повеќе или помалку стабилен модус вивенди. Всушност, принципите кои ги формулиравме во параграфите 100-106 укажуваат на голем сомнеж дали рационалното долгорочно општествено планирање воопшто НЕКОГАШ може да биде успешно.

138. Според тоа, јасно е дека човечката раса, во најдобар случај, има ограничен капацитет за решавање на едноставни општествени проблеми. Како ќе го реши тогаш многу потешкиот и посуптилен проблем на здружување на слободата со технологијата? Технологијата презентира јасни материјални придобивки, додека слободата е апстракција која значи различни работи за различни луѓе, а нејзиниот губиток може лесно да се прикрие со пропаганда и убави зборови.

139. Обрнете внимание на оваа важна разлика: можно е еколошките проблеми (на пример) еден ден да бидат решени на основа на некој рационален, целовит план; но ако тоа се случи, тоа ќе биде само затоа што системот има долгорочен интерес да ги реши тие проблеми. Но, НЕ е во интерес на системот да ја зачува слободата или автономијата на малите групи. Напротив, во интерес на системот е да го контролира човечкото однесување колку што може повеќе.[24] Оттаму, ако практични размислувања можат евентуално да го принудат системот да преземе рационален, мудар пристап кон еколошките проблеми, еднакво практични размислувања ќе го принудат системот уште повеќе да го регулира човечкото однесување (најчесто преку индиректни средства кои ќе го прикријат нападот врз слободата). Ова не е само наше мислење. Познати општествени научници (на пример, Џејмс Вилсон/James Q. Wilson) го истакнуваат значењето на поефикасно „социјализирање“ на луѓето.

Револуцијата е полесна од реформите

140. Се надеваме дека успеавме да го убедиме читателот дека системот не може да биде реформиран на начин на кој ќе ја здружи слободата со технологијата. Единствено решение е отфрлање на индустриско-технолошкиот систем во целина. Ова подразбира револуција, но не нужно и вооружено востание, но секако радикална и фундаментална промена на природата на општеството.

141. Луѓето најчесто мислат дека е многу тешко да се изведе револуција, бидејќи таа подразбира многу поголеми промени од реформата. Причината за тоа е што револуционерното движење може да инспирира интензитет на посветеност каков што реформистичкото движење не може да инспирира. Реформистичкото движење нуди само решение на одреден општествен проблем. Револуционерното движење нуди решение на сите проблеми со еден удар и создавање на нов свет; нуди идеал за кој луѓето ќе преземат големи ризици и ќе бидат подготвени на големи жртви. Поради овие причини, најлесно е да се отфрли целиот технолошки систем отколку да се постават ефективни, трајни ограничувања на развој или апликација на кој било сегмент од технологијата, како на пример, генетскиот инженеринг. Малку се луѓето кои страсно ќе се посветат на наметнување и одржување на ограничувањата на генетскиот инженеринг, но во одредени околности, голем број на луѓе можеби страсно ќе се посветат себеси на револуција против индустриско-технолошкиот систем. Како што наведовме во параграфот 132, реформистите барајќи начини да ограничат одредени аспекти на технологијата ќе работат на избегнување на негативни последици. Но револуционерите работат да добијат моќна награда – остварување на нивната револуционерна визија и затоа работат понапорно и со многу поголема посветеност отколку реформистите.

142. Реформата е секогаш ограничена од стравот од болни последици ако промените отидат предалеку. Но кога револуционерната треска ќе го зафати општеството, луѓето се подготвени да поднесат огромни искушенија. Тоа јасно може да се согледа во Француската и Руската револуција. Можно е во такви случаи само мал дел од населението навистина да биде посветено на револуцијата, но ова малцинство е доволно големо и активно да стане доминантна сила во општеството. Повеќе за револуцијата ќе зборуваме во параграфите 180-205.

Контрола на човечкото однесување

143. Од почетокот на цивилизацијата, организираните општества вршеле притисок врз човечките суштества со цел општествениот организам да може да функционира. Тие притисоци значајно варираат од едно општество до друго. Некои од притисоците се физички (лоша исхрана, прекумерна работа, загадување на животната средина), некои се психолошки (врева, пренаселеност, обликување на човечкото однесување според потребите на општеството). Во минатото, човечката природа била прилично константна, или варирала само во одреден распон. Со самото тоа, општествата можеле да ги притискаат луѓето само до одредени граници. Кога ќе се премине прагот на човечката издржливост, почнуваат да се случуваат лоши работи: бунтовност, криминал, корупција, избегнување на работата, депресија и други ментални проблеми, зголемен степен на смртност, намален наталитет или нешто друго, така што општеството или пропаѓа или функционирањето станува толку неефикасно што тоа (брзо или постепено, преку освојување, ерозија или еволуција) бидува заменето со поефикасна форма на општество.[25]

144. Поради тоа, човечката природа во минатото поставувала одредени ограничувања во развојот на општествата. Луѓето можеле да бидат притиснати само до одредени граници. Но денеска ова се менува бидејќи модерната технологија развива начини за модифицирање на човечките суштества.

145. Замислете си општество кое ги принудува луѓето да живеат во услови кои ги прават ужасно несреќни, а потоа им дава лекови за да можат да ги отфрлат тие чувства. Научна фантастика? До одреден степен ова веќе се случува во нашите општества. Добро е познато дека степенот на клиничка депресија е многу голем последните неколку децении. Ние веруваме дека причината за тоа е нарушување на процесот на стекнување моќ, како што е објаснето во параграфите 59-76. Но, дури и да не сме во право, зголемениот степен на депресија секако е резултат на НЕКОИ услови кои постојат во денешното општество. Наместо да ги отстрани работите кои ги прават луѓето депресивни, модерното општество им дава антидепресивни лекови. Во основа, антидепресивите се средства за менување на внатрешната состојба на поединецот со цел да може да ги поднесе општествените услови кои инаку би ги сметал за неподносливи. (Да, знаеме дека депресијата често има генетско потекло. Ова се однесува на оние случаи во кои околината има предоминантна улога.)

146. Лековите кои влијаат на мозокот се само еден пример од новите методи за контролирање на човечкото однесување кое модерното општество ги развива. Да погледнеме некои од другите методи.

147. За почеток, тука се техниките за надгледување. Скриените видео камери веќе се вообичаена глетка во продавниците и многу други места, компјутерите се користат за собирање и обработување огромен број информации за поединците. Тие информации значително ја зголемуваат ефикасноста на физичката принуда (т.е., силата на законот).[26] Потоа, тука се пропагандните методи, а масовните комуникациски медиуми им служат како ефикасносредство за ширење на истите. Развиени се ефикасни техники за добивање на избори, продавање производи, влијаење на јавното мислење. Забавната индустрија е важна психолошка алатка на системот, дури и кога произведува огромни количини на секс и насилство. Забавата е важно средство за бегство на модерниот човек. Обземен од телевизијата, видеата, итн., тој може да заборави на стресот, вознемиреноста, фрустрацијата, незадоволството. Многу примитивни луѓе, кога немаат никаква работа, можат да седат со часови и ништо да не прават, бидејќи се во мир со себеси и со светот. Но повеќето модерни луѓе мораат константно да бидат преокупирани или забавувани, инаку се чувствуваат „здодевно“, ги обзема немир, непријатност, раздразливост.

148. Други техники продираат подлабоко од горенаведените.Образованието повеќе не е едноставна работа на удирање на задникот на детето кога не ја научило лекцијата, или милување по главата кога ја научило истата. Денешното образование е научна техника за контрола на детскиот развој. Центрите на Силван (Sylvan Learning Centers), на пример, имаат голем успех во мотивирање на децата да учат, а психолошки техники со поголем или помал успех се употребуваат во многу конвенционални училишта. „Воспитни“ техники, наменети за родителите, се создадени за децата да ги прифатат основните вредности на системот и да се однесуваат на начини кои системот ги смета за прифатливи. Програмите за „ментално здравје“, техниките за интервенција, психотерапијата итн., првично се создадени за корист на поединецот, но во пракса тие најчесто служат како методи за поттикнување на поединците да мислат и да се однесуваат според потребите на системот. (Во тоа нема контрадикција, поединецот чии ставови и однесување го доведуваат во конфликт со системот, се соочува со сила која е премногу моќна да ја освои или да избега од неа, и затоа, најверојатно ќе страда од стрес, фрустрација, пораз. Неговиот пат ќе биде многу полесен ако размислува и се однесува како што сака системот. Во таа смисла, системот делува во корист на поединецот, перејќи му го мозокот до степен на целосен конформизам.) Злоупотребата на деца во нејзините најгруби и очигледни облици е недозволива во речиси сите култури. Мачење на детето поради некоја тривијална причина или без никаква причина е нешто што е неприфатливо за повеќето луѓе. Но многу психолози пошироко го интерпретираат концептот на злоупотреба. Дали ќотекот, како форма на рационален и доследен систем на дисциплина, е форма на злоупотреба? Конечниот одговор ќе зависи од тоа дали ќотекот произведува однесување кое ќе ја вклопи личноста во постоечкиот систем на општеството, или нема да ја вклопи. Во основа, зборот „злоупотреба“ има тенденција да биде употребуван за секој метод на воспитување на детето кој произведува однесување спротивно на потребите на системот. И така, во настојувањето да спречат очигледна, бесмислена суровост, програмите за спречување на „злоупотреба на децата“ се насочуваат кон контрола на човечкото однесување во корист на системот.

149. Најверојатно, истражувањата ќе продолжат да го зголемуваат ефектот на психолошките техники за контрола на човечкото однесување. Но ние мислиме дека технолошките техники нема да бидат доволни да ги прилагодат човечките суштества кон општеството што го создава технологијата. Најверојатно ќе треба да бидат користени биолошки методи. Веќе ја споменавме употребата на лековите. Неврологијата може да обезбеди простор за модификување на човечкиот ум. Генетскиот инженеринг веќе се случува во облик на „генетска терапија“и нема причина да се претпоставува дека таквите методи нема да бидат искористени во обликување на оние аспекти на телото кои влијаат врз менталните функции.

150. Како што кажавме во параграфот 134, индустриското општество најверојатно ќе навлезе во период на сериозен стрес, делумно поради проблеми во човечкото однесување, делумно поради економски и еколошки проблеми. Аголем дел од економските и еколошките проблеми на системот произлегуваат од начинот на кој се однесуваат човечките суштества. Отуѓување, ниска самодоверба, депресија, непријателство, бунтовништво, деца кои не сакаат да учат, малолетни банди, злоупотреба на дрога, силување, злоупотреба на деца, небезбеден секс, малолетна бременост, раст на популацијата, политичка корупција, расна омраза, огорчени идеолошки конфликти (проабортус наспроти антиабортус) политички екстремизам, тероризам, саботажа, антивладини групи. Сите овие го загрозуваат постоењето на системот. Затоа системот ќе биде ПРИНУДЕН да користи практични средства за контрола на човечкото однесување.

151. Општественото нарушување кое денес го гледаме не е случајно. Тоа може да биде последица само на условите на живот кои ги наметнува системот. (Рековме дека најважно е нарушувањето на процесот на стекнување моќ.) Ако системот успее да наметне доволна контрола врз човечкото однесување за да го обезбеди сопствениот опстанок, ќе дојде до нова перспектива во човечката историја. Додека претходно ограничувањата на човечката издржливост наметнувале ограничувања во развојот на општествата (како што објаснивме во параграфите 143-144), индустриско-технолошкото општество ќе може да ги надмине тие ограничувања со модификувани човечки суштества, со помош на психолошки или биолошки методи. Во иднина, општествените системи нема да ги задоволуваат потребите на човечките суштества. Напротив, човечките суштества ќе ги задоволуваат потребите на системот.[27]

152. Општо гледано, технолошката контрола врз човечкото однесување нема да биде спроведена со тоталитарни намери или преку свесна желба за ограничување на човечката слобода.[28] Секој нов чекор во наметнување контрола на човечкиот ум ќе биде рационален одговор на проблем со кој се соочува општеството, како што е лекување на алкохолизмот, намалувањето на стапката на криминал, или охрабрување на младите луѓе да се посветат на науката и техничките занимања. Во многу случаи ќе се користи хуманистичко оправдување. На пример, кога психијатарот препишува антидепресант на депресивен пациент, тој очигледно му прави услуга. Би било нехумано да не се даде лекарство некому кому му е потребно. Кога родителите ги праќаат своите деца во центрите на Силван да бидат изманипулирани да учат подобро, тие го прават тоа затоа што се загрижени за своите деца. Можеби некои родители не сакаат нивните деца да минуваат низ специјална обука за да можат да најдат работа или не сакаат нивното дете да стане компјутерски идиот. Но, што можат да сторат? Не можат да го променат општеството, а можеби нивното дете ќе остане невработено ако не поседува одредени вештини. Затоа го праќаат во Силван.

153. Оттаму, контролата над човечкото однесување нема да биде спроведена од пресметана одлука на авторитетите, туку преку процес на општествена еволуција (но, БРЗА еволуција). Ќе биде невозможно да се одолее на процесот, затоа што секое достигнување, самото по себе, ќе изгледа корисно, или барем злото инволвирано во остварувањето на достигнувањето ќе изгледа помало во споредба со последиците кои би настанале доколку не се остварело одреденото достигнување (види го параграф 127). На пример, пропагандата се употребува во многу добри цели, како обесхрабрување на злоупотреба на децата или расната омраза (види ја забелешка 14). Сексуалното образование е корисно, но ефектот на сексуалното образование (до степенот до кој е успешно) е обликување на сексуалните ставови надвор од семејството и ставање во рацете на државата, како што е претставено од јавниот училишен систем.

154. Да претпоставиме дека е откриен биолошки фактор кој ги зголемува шансите детето да стане криминалец и да претпоставиме дека одреден вид генетска терапија може да го отстрани тој фактор.[29] Се разбира дека родителите на децата кои го поседуваат тој фактор ќе ги натераат да одат на терапија. Би било нехумано да го направат спротивното, затоа што детето ќе има мизерен живот ако стане криминалец. Но, повеќето примитивни општества имаат низок степен на криминал во споредба со нашето општество, иако немаат никакви модерни методи ниту толку суров систем на казнување. Бидејќи нема основа да се претпоставува дека модерниот човек има посилни предаторски тенденции од примитивниот човек, високиот степен на криминал во нашето општество сигурно е последица на притисоците кои модерните услови им ги наметнуваат на луѓето, кон кои многу луѓе не сакаат или не можат да се прилагодат. Затоа третманот создаден да ги отстрани потенцијалните криминални тенденции на одреден начин претставува реинженеринг на луѓето во склад со потребите на системот.

155. Нашето општество има тенденција да го смета за „болест“ секој облик на мисла или однесување кое не е во согласност со системот, и тоа е разбирливо, бидејќи кога поединецот не се вклопува во системот,тоа кај него предизвикува болка, а за системот проблеми. Оттаму, манипулацијата на поединецот да се прилагоди кон системот се гледа како „лек“ за „болеста“ и затоа е корисна.

156. Во параграфот 127 посочивме дека ако употребата на некој нов производ на технологијата ПРВЕНСТВЕНО не е обрзувачка, не значи дека така ќе ОСТАНЕ и во иднина, бидејќи новата технологија има тенденција да го измени општеството на начин на кој станува тешко или невозможно поединецот да функционира без употреба на таа технологија. Ова важи и за технологијата на човечкото однесување. Во свет во кој повеќето деца минуваат низ програми кои се создадени да ги натераат да учат, родителите се речиси присилени да ги вклучат нивните деца во тие програми, бидејќи ако не го направат тоа, кога ќе пораснат, децата ќе бидат незнајковци и ќе останат невработени. Или да претпоставиме дека е откриен биолошки третман кој, без непожелни последици, го намалува психолошкиот стрес од кој страдаат многу луѓе во нашето општество. Ако голем број на луѓе се согласат да поминат низ тој третман, тогаш степенот на стрес во нашето општество ќе биде намален, и ќе биде возможно системот да ги зголеми притисоците кои предизвикуваат стрес. Всушност, нешто слично веќе се случува со едно од најважните психолошки средства со кои располага ова општество, а кое им овозможува на луѓето да го намалат (или привремено да го избегнат) стресот, а тоа е забавната индустрија (види го параграф 147). Употребата на забавната индустрија е по сопствен избор: не постои закон којшто нѐ принудува да гледаме телевизија, да слушаме радио, да читаме списанија. Сепак забавната идустрија е средство за бегство и намалување на стресот од кое поголемиот дел од луѓето се зависни. Сите зборуваат дека телевизијата е ѓубре, но речиси сите гледаат телевизија. Некои луѓе ја имаат отфрлено телевизијата, но тешко е да се најде личност која не користи НИТУ ЕДЕН облик на забавната индустрија. (Сепак, до неодамна во човечката историја, луѓето живееле без друга забава освен онаа која локалната заедница ја создавала за себе.) Без забавната индустрија системот најверојатно нема да може да создава толку големи притисоци кои предизвикуваат стрес, како што тоа го прави денес.

157. Доколку индустриското општество преживее, можно е технологијата да постигне целосна контрола над човечкото однесување. Познато е дека човечката мисла и однесување имаат биолошка основа. Како што покажуваат експериментите, чувствата како што се глад, задоволство, бес и страв, можат да бидат вклучени или исклучени со електрична стимулација на одредени делови на мозокот. Сеќавањето може да биде избришано со оштетување на одредени делови на мозокот, или да биде исфрлено на површина со електрична стимулација. Наркотичните средства можат да предизвикаат халуцинации, или промена во расположението. Можеби постои, а можеби не, нематеријална човечка душа, но доколку постои, очигледно е дека е помалку моќна од биолошките механизми на човечкото однесување. Доколку тоа не е така, тогаш истражувачите нема да можат толку лесно да манипулираат со човечките чувства со помош на наркотични средства и електрична стимулација.

158. Би билонепрактично сите луѓе да имаат електроди на нивните глави за да можат да бидат контролирани од авторитетите. Но фактот што човечките чувства и мисли се толку лесно подложни на биолошки интервенции покажува дека проблемот на контролирање на човечкото однесување во основа е технички проблем; проблем на неврони, хормони и комплексни молекули; проблем кој е отворен за научна интервенција. Со оглед на тоа дека е постигнат неверојатен успех во решавањето на техничките проблеми во нашето општество, многу веројатно е дека голем успех ќе биде постигнат и на полето на контрола на човечкото однесување.

159. Дали јавниот отпор ќе ја спречи технолошката контрола на човечкото однесување? Најверојатно би го направил тоа доколку таквата контрола биде воведена веднаш. Но, бидејќи технолошката контрола ќе биде воведена постепено, нема да има рационален и ефикасен јавен отпор (параграфи 127, 132, 153).

160. Сите коишто мислат дека ова звучи како научна фантастика, посочуваме дека вчерашната научна фантастика е денешна реалност. Индустриската револуција радикално ја измени човечката средина и начин на живот, а можеме да очекуваме дека со сѐ поголемата употреба на технологијата врз човечкото тело и ум, и самиот човек ќе биде изменет онолку радикално колку што ќе биде изменет и неговиот начин на живот.

Човечката раса пред крстопат

161. Но, ние малку избрзавме со нашата приказна. Едно е да се создадат во лабораторија серија на психолошки и биолошки техники за обликување на човечкото однесување, а сосема друго тие техники да се интегрираат во функционален општествен систем. Вториот проблем е многу потежок од првиот. На пример, иако техниките на едукативна психологија несомнено функционираат одлично во „лабораториите“ каде што се создадени, воопшто не е лесно да се воведат во образовниот систем. Сите знаеме какви се повеќето наши училишта. Учителите се презафатени за да можат да ги воведат децата во најновите техники кои ќе ги направат компјутерски бубалици. Затоа, и покрај сите технички достигнувања, системот не е премногу успешен во контролирање на човечките суштества. Луѓето чиешто однесување е под контрола на системот, се тип на луѓе коишто можат да се наречат „буржоаски.“ Но има огромен број на луѓе кои на еден или друг начин се бунтуваат против системот: луѓе кои живеат од социјална помош, малолетни банди, култови, сатанисти, радикални екологисти итн.

162. Системот моментално е вклучен во очајна борба да надмине одредени проблеми кои го загрозуваат неговото постоење, меѓу кои проблемите со човечкото однесување се едни од најважните. Доколку системот успее да воспостави контрола доволно брзоврз човечкото однесување, тој најверојатно ќе преживее. Во спротивно, ќе се распадне. Ние мислиме дека ова прашање ќе биде одговорено во наредните неколку децении, да речеме за 40 до 100 години.

163. Да претпоставиме дека системот ќе ја приживее кризата во наредните неколку децении. Во меѓувреме тој ќе мора да ги реши, или да ги контролира, основните проблеми со кои се соочува, најмногу во „социјализирање“ на човечките суштества; да ги направи доволно послушни за нивното однесување повеќе да не може да го загрозува системот. Доколку тоа биде постигнато, нема да има видлива препрека за развојот на технологијата и најверојатно ќе напредува кон нејзиниот логичен крај, а тоа е целосна контрола на Земјата, вклучувајќи ги човечките суштества и сите останати важни организми. Системот можеби ќе стане унитарна, монолитна организација, или можеби ќе биде повеќе или помалку разгранет и составен од бројни организации коишто коегзистираат во врска којашто вклучува елементи на соработка и конкуренција, каков што денес е случајот со владата, корпорациите и останатите големи организации кои соработуваат и се натпреваруваат едни со други. Човечката слобода ќе исчезне, бидејќи поединците ќе бидат немоќни наспроти големите организации вооружени со супертехнологија и арсенал од напредни психолошки и биолошки алатки за манипулирање на човечките суштества, покрај инструментите за надгледување и физичка принуда. Само мал број на луѓе ќе имаат вистинска слобода, а најверојатно и тие ќе имаат многу ограничена слобода, бидејќи нивното однесување исто така ќе биде регулирано; исто како што денес нашите политичари и корпорациски менаџери можат да ја задржат својата позиција на моќ само доколку нивното однесување е во рамки на одредени праволиниски граници.

164. Немојте да мислите дека системот ќе престане да развива понатамошни техники за контрола на човечките суштества и природата кога кризата во наредните неколку децении ќе заврши, а зголемената контрола нема да биде потребна за опстанок на системот. Напротив, кога ќе помине кризата, системот ќе ја зголеми својата контрола врз луѓето и природата уште побрзо, бидејќи нема да биде попречуван од тешкотиите со коишто моментално се соочува. Преживувањето не е основниот мотив за зголемување на контролата. Како што објаснивме во параграфите 87-90, техничарите и научниците ја извршуваат својата работа најчесто како заменска активност; то ест, тие ја задоволуваат нивната потреба за моќ преку решавање на технички проблеми. Тие ќе продолжат да го прават тоа со неверојатен ентузијазам, а помеѓу најинтересните и најпредизвикувачките проблеми за решавање ќе бидат оние проблеми кои се однесуваат на разбирање на човечкото тело и ум и интервенирање во нивниот развој. За „доброто на човештвото,“ се разбира.

165. Но, да претпоставиме дека потресите во наредните децении ќе бидат премногу за системот. Доколку системот се распадне, можеби ќе има период на хаос, „проблематични времиња“, како оние што ги забележала историјата низ различни епохи во минатото. Невозможно е да се предвиди што ќе произлезе од тие проблематични времиња, но на човечката раса ќе ѝ биде дадена нова шанса. Најголемата опасност е што индустриското општество може да започне со реконструкција уште во првите години после падот. Секако дека ќе има многу луѓе (најчесто луѓе гладни за моќ) кои ќе бидат нетрпеливи повторно да ги обноват фабриките.

166. Затоа, оние луѓе коишто го мразат ропството кое индустрискиот систем му го наметнува на човечкиот род мораат да се соочат со две задачи. Прво, мораме да работиме на зголемување на општествените тензии кои го напаѓаат системот, за да ги зголемиме шансите тој да се распадне, или доволно да ослабе за да може да биде возможна револуција. Второ, неопходно е да се развие и прошири идеологија која се спротивставува на технологијата и индустрискиот систем, во моментите кога системот значително ќе ослабе. И таа идеологија ќе се погрижи, кога индустриското општество ќе се распадне, неговите остатоци да бидат така разбиени, за системот да не може да се обнови. Фабриките треба да бидат уништени, техничките книги запалени, итн.

Човечкото страдање

167. Индустрискиот систем нема да се распадне само како резултат на револуционерна активност. Тој нема да биде ранлив на револуционерните напади, освен ако неговите внатрешни проблеми на развој не го вовлечат во посериозни тешкотии. Значи, ако системот се распадне, тоа ќе биде или спонтано или преку процес кој ќе биде делумно спонтан но, и потпомогнат од револуционерите. Ако падот е брз, многу луѓе ќе умрат, бидејќи светската популација е толку многу зависна што повеќе не може самата да се прехрани без напредна технологија. Дури и ако падот е доволно бавен за да може намалувањето на популацијата да се случи преку намалување на наталитетот, отколку зголемување на смртноста, процесот на деиндустријализација ќе биде многу хаотичен и ќе вклучува големо страдање. Наивно е да се мисли дека технологијата може да биде отфрлена на мирен, уреден начин, затоа што технофилите ќе се борат тврдоглаво на секој чекор. Оттаму, дали е сурово да се работи на уништување на системот? Можеби, но можеби и не. Како прво, револуционерите нема да можат да го уништат системот доколку тој веќе не е во доволна опасност самиот да се уништи себеси; а колку системот е поголем, толку поразорувачки ќе бидат последиците од неговото уништување; оттаму, можеби револуционерите кои работат на уништување на системот,всушност го намалуваат степенот на катастрофата.

168. Како второ, човекот треба да ја избалансира борбата и смртта наспроти губењето на слободата и достоинството. За многу од нас, слободата и достоинството се поважни од долг живот или избегнување на физичка болка. Освен тоа, сите ќе умреме еден ден, а можеби е подобро да се умре борејќи се за опстанок или за цел, отколку да се живее долг, но празен и бесцелен живот.

169. Како трето, не е сигурно дека опстанокотна системот ќе доведе до помало страдање отколку падот на истиот. Системот веќе има причинето, и продолжува да причинува, огромно страдање низ светот. Древните култури, кои стотици години им овозможувале на луѓето задоволувачки однос со блиските и опкружувањето, биле уништени по контактот со индустриското општество, а тоа како последица имало економски, еколошки, општествени и психолошки проблеми. Една од последиците од ширењето на индустриското општество е пореметување на поголемиот дел од традиционалните начини на контрола на популацијата. Оттаму доаѓа експлозијата на популацијата и сите нејзини последици. Потоа, тука е и психолошкото страдање кое е целосно раширено во наводно среќните земји на Западот (параграф 44-45). Никој не знае кои ќе бидат последиците од уништувањето на озонската обвивка, ефектот на стаклената градина и други еколошки проблеми кои не можат да бидат предвидени. А како што покажува ширењето на нуклеарното оружје, новата технологија не може да се држи подалеку од рацете на диктаторите и неодговорните нации. Што мислите дека ќе направат Ирак и Северна Кореја со генетскиот инженеринг?

170. „Ох!,“ велат технофилите, „Науката ќе го реши сето тоа. Ќе ја победиме гладта, ќе го елиминираме психолошкото страдање, ќе ги направиме сите среќни и здрави.“ Да, секако. Тоа го рекоа пред 200 години. Индустриската револуција требаше да ја елиминира сиромаштијата, да ги направи сите среќни, итн. Резултатот е многу поинаков. Технофилите се безнадежно наивни (или се залажуваат себеси) во нивното разбирање на општествените проблеми. Тие се несвесни за (или избираат да го игнорираат) фактот дека кога големи промени, дури и навидум корисни, ќе бидат претставени во општеството, тоа води кон долга низа на други промени, а повеќето од тие промени е невозможно да се предвидат (параграф 103). Резултатот од тоа е пореметување во општеството. Оттаму, многу е веројатно дека во нивните обиди да им стават крај на сиромаштијата и болестите, да произведат послушни, среќни личности и така натаму, технофилите ќе создадат општествени системи кои се многу проблематични, дури повеќе од постоечките. На пример, научниците велат дека ќе ѝ стават крај на гладта со создавање нови, генетски модифицирани растенија. Но, тоа ќе ѝ овозможи на човечката популација да се шири бескрајно, а добро е познато дека пренаселеноста доведува до зголемен стрес и агресија. Ова е само еден од ПРЕДВИДЛИВИТЕ проблеми кои ќе произлезат. Ние нагласуваме дека, како што покажува минатото искуство, техничкиот напредок ќе доведе до други нови проблеми кои НЕ МОЖАТ однапред да се предвидат (параграф 103). Всушност, од почетокот на Индустриската револуција, технологијата создава нови проблеми за општеството многу побрзо отколку што ги решава старите. Затоа ќе биде потребен долг и тежок период на испитувањеза технофилите да можат да ги отстранат грешките на нивниот Храбар Нов свет (ако воопшто успеат во тоа). Оттаму, воопшто не е јасно како опстанокот на индустриското општество ќе доведе до помало страдање отколку падот на истото. Технологијата ја има доведено човечката раса во позиција од која нема лесен излез.

Иднината

171. Но, да претпоставиме дека индустриското општество ќе преживее во наредните неколку децении и дека ќе успее да ги отстрани грешките на системот за да може совршено да функционира. Каков систем ќе биде тоа? Ќе разгледаме неколку можности.

172. Прво, да напоменеме дека компјутерските научници веќе успеаја да создадат интелигентни машини кои можат да ги извршуваат сите работи многу подобро од човечките суштества. Во тој случај, најверојатно целата работа ќе ја извршуваат огромни, добро организирани системи на машини и нема да биде потребен човечки напор. Можни се две сценарија: на машините да им биде дозволено самите да донесуваат одлуки или да биде задржана човечката контрола над машините.

173. Ако им биде дозволено на машините да донесуваат сопствени одлуки, нема да можеме да влијаеме на резултатите, бидејќи е невозможно да се претпостави како ќе се однесуваат машините. Сакаме само да кажеме дека судбината на човечката раса ќе биде во рацете на машините. Може да се каже дека човечката раса нема никогаш да биде толку глупава и да им ја препушти целата моќ на машините. Но, ние не велиме дека луѓето доброволно ќе им ја препуштат моќта на машините, ниту дека машините самоиницијативно ќе ја преземат моќта. Ние велиме дека човечката раса може многу лесно да си дозволи себеси да се доведе во состојба на голема зависност од машините, а во таква состојба ќе нема друг избор освен да ги прифати сите одлуки на машините. Како што општеството и проблемите со кои се соочува стануваат сѐ покомплексни, а машините стануваат сѐ поинтелегентни, луѓето сѐ повеќе ќе им дозволуваат на машините да носат одлуки наместо нив, од едноставна причина што одлуките донесени од машините ќе донесат подобри резултати од оние на луѓето. Со тек на време, можеби ќе дојдеме до степен кога одлуките потребни за одржување на системот ќе бидат толку комплексни што човечките суштества нема да можат да ги носат доволно интелигентно. Во тој случај, машините ќе имаат целосна контрола. Луѓето нема да можат да ги исклучат, затоа што тие ќе бидат толку зависни од нив што исклучувањето би било еднакво на самоубиство.

174. Од друга страна пак, возможно е да биде зачувана човечката контрола над машините. Во тој случај, обичниот човек ќе може да има контрола над одредени приватни машини во негова сопственост, како на пример неговата кола или персоналниот компјутер, но контролата врз големи системи на машини ќе биде во рацете на мала елита – како и денес, но со две разлики. Поради подобрените техники, елитата ќе има поголема контрола врз масите; а бидејќи човечката сила повеќе нема да биде потребна, масите ќе бидат вишок, непотребен товар на системот. Ако елитата е сурова таа едноставно може да одлучи да го уништи поголемиот дел од човештвото. Ако е хумана, таа може да користи пропаганда или други психолошки или биолошки техники да го намали степенот на раѓање додека не исчезне поголемиот дел од човештвото, оставајќи го светот на елитата. Или, ако елитата е составена од либерали со меко срце, тогаш тие можат да одлучат да ја играат улогата на добар пастир на остатокот од човечката раса. Тие ќе се погрижат да бидат задоволени физичките потреби на сите луѓе, сите деца да израснат во психолошки чисти услови, сите да имаат некакво хоби, асите кои ќе бидат незадоволни да минат низ „третман“ кој ќе го реши нивниот „проблем“. Се разбира, животот ќе биде бесмислен и луѓето ќе мораат да бидат биолошки или психолошки обликувани за да се отстрани нивната потреба за стекнување моќ, или да бидат принудени да ја „пренасочат“ нивната желба за моќ кон некое безболно хоби. Овие обликувани човечки суштества можеби ќе бидат среќни во такво општество, но секако нема да бидат слободни. Ќе бидат сведени на обични домашни животни.

175. Но, да претпоставиме дека компјутерските научници нема да успеат да создадат вештачка интелигенција, а човечката сила и натаму ќе биде потребна. И покрај тоа, машините ќе ги извршуваат поголемиот дел од едноставните задачи, а поради тоа ќе има зголемен вишок на човечки работници со низок степен на способности. (Ова веќе се случува. Има луѓе коишто не можат да најдат работа, бидејќи од интелектуални или психолошки причини тие не можат да го достигнат нивото на обука потребно за да бидат корисни во сегашниот систем.) Од друга страна пак, на вработените ќе им бидат поставувани сѐ поголеми побарувања: ќе мораат сѐ повеќе да се обучуваат, да стекнуваат нови способности и ќе треба да бидат сѐ повеќе доверливи, прилагодливи и послушни, бидејќи се повеќе ќе личат на клетки на еден огромен организам. Нивните работни задачи ќе бидат сѐ повеќе специјализирани, така што нивната работа, во одредена смисла, ќе изгуби контакт со реалноста и ќе биде концентрирана само на мал дел од реалноста. Системот ќе мора да се служи со сите расположливи средства, психолошки и биолошки, да ги направи луѓето послушни, да стекнат способности кои му се потребни на системот и да ја „пренасочи“ нивната потреба за моќ кон некоја специјализирана задача. Но, изјавата дека луѓето во такво општество ќе мораат да бидат послушни бара додатно објаснување. Општеството можеби ќе смета дека конкуренцијата е корисна, доколку бидат најдени начини да се насочи конкурентскиот дух кон канали кои служат на потребите на системот. Можеме да си замислиме идно општество во кое владее бескрајна конкуренција за престиж и моќ. Но, многу малку луѓе ќе стигнат до врвот, каде што се наоѓа вистинската моќ (види го крајот на параграф 163). Општеството во кое личноста може да ја задоволи својата потреба за моќ само ако гази сѐ пред себе и другите луѓе ги лишува од НИВНАТА можност да стекнат моќ, навистина би било одбивно.

176. Можеме да замислиме сценарија кои ги вклучуваат елементите што предмалку ги разгледавме. На пример, можно е машините да ги преземат повеќето работи од вистинско, практично значење, ана луѓето да им бидат дадени релативно неважни работи. На пример, индустријата за услуги може да обезбеди работа за човечките суштества. Луѓето ќе го минуваат времето во чистење на чевлите едни на други, возење такси, изработување ракотворби, послужување во ресторани, итн. Ова нам ни изгледа како многу беден крај за човечкиот род и се сомневаме дека луѓето ќе имаат исполнителни животи извршувајќи вакви бесмислени работи. Тие ќе бараат други, опасни активности (дрога, криминал, култови, итн) освен ако не бидат психолошки или билошки обликувани да се прилагодат на тој начин на живот.

177. И покрај тоа, горенаведените сценарија не ги исцрпуваат сите можности. Тие само упатуваат на крајните резултати кои нам ни изгледаат најверојатни. Но, не можеме да предвидиме сценарија кои би биле поневеројатни од оние кои ги наведовме. Многу е веројатно дека ако индустриско-технолошкиот систем преживее во наредните 40-100 години, тој ќе развие одредени општи карактеристики: Поединците (барем оние од „буржоаскиот“ тип, кои се интегрирани во системот и управуваат со него, и кои ја поседуваат сета моќ) ќе бидат многу повеќе зависни од големите организации; ќе бидат многу повеќе „социјализирани“, а нивните физички и ментални квалитети, до одреден степен (најверојатно до многу голем степен) ќе бидат вештачки обликувани наместо што ќе бидат резултат на случајност (или Божја волја, или нешто друго); а она што можеби ќе остане од дивата природа ќе бидат остатоци зачувани за научни истражувања и ќе бидат надгледувани и управувани од научниците (и поради тоа повеќе нема да бидат вистински диви). Гледано долгорочно (да речеме, во наредните неколку векови) најверојатно ниту човечката раса ниту другите важни организми нема да изгледаат како што изгледаат денес, бидејќи кога еднаш ќе се започне со генетско модифицирање на организмите нема посебна причина да се запре, и модификациите ќе продолжат сѐ додека човекот и другите организми не бидат потполно изменети.

178. Што и да се случи, јасно е дека технологијата создава физичка и општествена околина за човечките суштества која е радикално поразлична од спектарот на услови кон кои природната селекција физички и психолошки ја прилагодила човечката раса. Доколку човекот не се прилагоди кон новата средина со помош на вештачки инженеринг, тогаш ќе се прилагоди преку долг и болен процес на природна селекција. Првата можност е многу поверојатна.

179. Подобро ќе биде да го уништиме целиот проклет систем и да се соочиме со последиците.

Стратегија

180. Технофилите нѐ водат во крајно неодговорна авантура во непознатото. Многу луѓе разбираат што сѐ има направено тешнолошкиот напредок, но сепак заземаат пасивен став бидејќи мислат дека тоа е неизбежно. Но ние (FC) не мислиме дека е неизбежно. Ние мислиме дека тоа може да се запре, и сега ќе објасниме како планираме да го направиме тоа.

181. Како што кажавме во параграфот 166, двете главни задачи се предизвикување општествени потреси и нестабилност во индустриското општество и развивање и ширење на идеологија која се спротивставува на технологијата и индустрискиот систем. Кога системот ќе биде доволно нестабилен, ќе бидевозможна револуција против технологијата. Начинот ќе биде сличен на Француската и Руската револуција. Француското општество и Руското општество, неколку децении пред нивните револуции, покажувале знаци на стрес и слабост. Во меѓувреме, биле развиени идеологии кои понудиле нов поглед на светот, потполно различен од оној стариот. Во Русија, револуционерите активно работеле на рушење на стариот систем. Потоа, кога системот бил подложен на додатен стрес (финансиската криза во Франција, воениот пораз во Русија) тој бил уништен од револуцијата. Ние предложуваме нешто слично на тоа.

182. Може да се забележи дека Француската и Руската револуција биле неуспешни. Но повеќето револуции имаат две цели. Едната е да се уништи стариот облик на општеството, а другата е да се воспостави нова форма на општество замислено од револуционерите. Француската и Руската револуцијане успеале (за среќа!) да создадат нов тип на општество, но биле доста успешни во уништување на старото. Ние немаме илузии за можностите на создавање на некое ново, идеално општество. Нашата цел е да го уништиме постоечкиот облик на општеството.

183. Но, идеологијата која сака да добие силна поддршка мора да има позитивен идеал, исто како што има и негативен; мора да биде ЗА нешто исто како што е ПРОТИВ нешто. Нашиот позитивен идеал е Природата. Поточно, ДИВАТА природа: оние аспекти на функционирање на Земјата и живите суштества кои се независни од човечко управување и слободни од човечка контрола. Под дива природа подразбираме и човечка природа, односно оние аспекти на функционирање на човечкото суштество кои не се подложни на обликување од организирано општество, туку се резултат на случајност или слободна волја или Бог (во зависност од вашите религиозни и филозофски сфаќања).

184. Природата е совршен контраидеал на технологијата од неколку причини. Природата (која е надвор од моќта на системот) е спротивна на технологијата (која сака бескрајно да ја прошири моќта на системот). Повеќето луѓе ќе се сложат дека природата е прекрасна; таа секако има огромна привлечност. Радикалните еколози ВЕЌЕ промовираат идеологија која ја воздигнува природата и се противи на технологијата.[30] Не е неопходно во името на природата да се воспостави некоја нова утопија или нов облик на општество. Природата се грижи сама за себе: Таа е спонтана креација која постои долго пред човечкото општество, а во текот на безброј векови многу различни облици на човечки општества коегзистирале со природата без да ѝ нанесат значителна штета. Дури со доаѓањето на Индустриската револуција последиците од човечкото општество стануваат навистина уништувачки. Не е потребно создавање на специјален облик на општествен систем за да се олесни притисокот врз природата, неопходно е само да се отстрани индустриското општество. Секако, ова нема да ги реши сите проблеми. Индустриското општество веќе има направено огромна штета на природата и ќе биде потребно долго време за раните да зацелат. Покрај тоа, и прединдустриските општества можат да предизвикаат значителна штета на природата. Сепак, отстранувањето на индустриското општество ќе заврши голема работа. Ќе го олесни најголемиот притисок врз природата за да можат раните да почнат да зацелуваат. Ќе го уништи капацитетот на организираното општество да ја зголемува својата контрола врз природата (вклучувајќи ја и човечката природа). Сигурно е дека по падот на индустрискиот систем луѓето ќе живеат во близок допир со природата, затоа што во отсуство на напредна технологија нема друг начин на којшто МОЖАТ да живеат. За да можат да се прехранат, тие мораат да бидат селани, сточари, риболовци, ловци, итн. И, општо земено, локалната автономија ќе се зголеми, бидејќи недостигот на технологии и брзата комуникација ќе го ограничи капацитетот на власта и останатите големи организации да ги контролираат локалните заедници.

185. Што се однесува до негативните последици од елиминирањето на индустрискиот систем – знаете како велат, не можете да го изедете колачот и истовремено да го имате. За нешто да добиете, нешто морате и да жртвувате.

186. Повеќето луѓе мразат психолошки конфликт. Поради тоа, тие избегнуваат сериозно да размислуваат за тешки општествени проблеми и сакаат тие проблеми да им бидат претставени на едноставен, црно-бел начин; ОВА е добро, а ОНА е лошо. Затоа револуционерната идеологија треба да се развива на две нивоа.

187. На пософистицираното ниво, идеологијата треба да им се обраќа на луѓето кои се интелигентни, разумни и рационални. Целта треба да биде да се создаде јадро на луѓе кои ќе се спротивставуваат на индустрискиот систем на рационална, сеопфатна основа со целосно разбирање на проблемите и тешкотиите кои се јавуваат, како и за цената која треба да биде платена за ослободување од системот. Многу е важно да се привлечат луѓето од овој тип, бидејќи тоа се способни луѓе кои можат да влијаат на другите. Нив треба да им се обратиме на рационално ниво. Фактите не смеат да бидат намерно искривувани, а вжештените говори би требало да се избегнуваат. Тоа не значи дека не треба да се обраќаме со емоции, но тоа обраќање не смее да ја искривува вистината или да направи нешто што би го загрозило интелектуалниот кредибилитет на идеологијата.

188. На второто ниво, идеологијата треба да биде претставена во поедноставна форма, а тоа ќе им овозможи на пошироките маси да го воочат конфликтот помеѓу технологијата и природата на недвосмислен начин. Но дури и на ова ниво, идеологијата не смее да биде претставена со ефтин, ирационален говор, кој ќе ги одбие рационалните и разумните луѓе. Ефтината, неумерена пропаганда има импресивен, но краткотраен ефект, но на подолги патеки подобро е да се комуницира со мал број на интелигентни и посветени луѓе отколку да се разгорат страстите на простата, превртлива маса која ќе го промени својот став кога ќе се појави некој со подобри пропагандни трикови. Сепак, страсната пропаганда можеби ќе биде неопходна кога системот ќе се доближи до својот крај и кога ќе има конечна борба помеѓу спротивставените идеологии, која ќе одлучи кој ќе биде доминантен кога стариот свет ќе исчезне.

189. Пред таа конечна борба, револуционерите не треба да очекуваат мнозинството да биде на нивна страна. Историјата се создава од активно, решително малцинство, а не од мнозинството, кое ретко кога има јасна и целовита идеја што навистина сака. Додека не дојде времето за конечниот исчекор кон револуцијата[31], задачата на револуционерите не треба да биде добивање на плитка поддршка од мнозинството, туку градење на мало јадро на длабоко посветени луѓе. А за мнозинството ќе биде доволно да биде свесно за постоењето на новата идеологија и често да биде потсетувано за нејзиното постоење; иако, се разбира, ќе биде пожелно да се добие поддршка од мнозинството до степен кој нема да го ослаби јадрото на сериозно посветените луѓе.

190. Секој вид на социјален конфликт помага во дестабилизирање на системот, но треба да бидеме внимателни какви конфликти охрабруваме. Линијата на конфликтот треба да биде повлечена помеѓу поголемиот дел од луѓето и моќната елита на индустриското општество (политичари, научници, бизнисмени, владини службеници, итн.) НЕ треба да биде повлечена помеѓу револуционерите и поголемиот дел од луѓето. На пример, ќе биде лоша стратегија за револуционерите да ги осудуваат Американците за нивните потрошувачки навики. Наместо тоа, просечниот Американец треба да се гледа како жртва на маркетинг индустријата, која го навлекла да купува ѓубре што не му треба, а кое е сиромашен надоместок за неговата изгубена слобода. Секој пристап е доследен на фактите. Прашање на став е дали ќе ја обвините рекламната индустрија за манипулирање на јавноста или ќе ја обвините јавноста затоа што дозволила да биде изманипулирана. Стратешки гледано, треба да се избегнува обвинување на јавноста.

191. Треба добро да се размисли пред да се охрабри некој друг конфликт освен оној помеѓу моќната елита (којашто ја поседува технологијата) и пошироката јавност (врз која технологијата ја практикува својата моќ). Како прво, останатите конфликти имаат тенденција да го оттргнат вниманието од важните конфликти (помеѓу моќната елита и обичните луѓе, помеѓу технологијата и природата); друго, останатите конфликти можеби ќе ја охрабрат технологизацијата, бидејќи секоја страна во конфликтот сака да ја користи технолошката моќ за да добие предност над противникот. Ова јасно се гледа во конфликтите помеѓу нациите. Исто така, се појавува и во внатрешните меѓуетнички конфликти. На пример, во Америка многу црни лидери се нетрпеливи да стекнат моќ за Афроамериканците со поставување на црни луѓе во технолошката елита. Тие сакаат да има повеќе црни владини службеници, научници, корпорациски менаџери, итн. На овој начин тие помагаат во вклучување на афроамериканската култура во технолошкиот систем. Општо земено, треба да се охрабруваат само оние конфликти кои можат да бидат ставени во рамката на конфликти помеѓу моќната елита и обичните луѓе, технологијата и природата.

192. Но, начинот да се обесхрабри етничкиот конфликт не е преку милитантно заговарање на малцински права (параграфи 21,29). Наместо тоа, иако малцинствата страдаат од помали или поголеми неправди, револуционерите треба да нагласат дека овие неправди се од споредно значење. Нашиот вистински непријател е индустриско-технолошкиот систем, а етничките разлики не се важни во борбата против системот.

193. Револуцијата на која мислиме не мора да вклучува вооружено востание против владата. Физичкото насилство можеби ќе биде вклучено, а можеби нема, но тоа нема да биде ПОЛИТИЧКА револуција. Нејзинииот фокус ќе биде кон технологијата и економијата, а не политиката.[32]

194. Најверојатно револуционерите треба да ИЗБЕГНУВААТ стекнување политичка моќ, преку легални или нелегални средства, сѐ додека системот не биде ослабен до критична точка, и не биде согледан како неуспех во очите на поголемиот дел од луѓето. Да претпоставиме дека некоја „зелена“ партија ќе ја освои власта во Америка на следните избори. За да не ја изневери или разводени својата идеологија, таа ќе мора да преземе драстични мерки да го намали економскиот раст. Последиците од тие мерки ќе бидат катастрофални за просечниот човек: голема невработеност, недостигот на добра, итн. Дури и да можат да бидат избегнати лошите ефекти со натчовечко вешто управување, луѓето ќе треба да почнат да се откажуваат од луксузните работи од кои се зависни. Незадоволството ќе се зголемува, „зелената“ партија ќе ја изгуби власта, а револуционерите ќе претрпат тежок удар. Од оваа причина револуционерите не треба да стекнат политичка моќ сѐ додека системот не се доведе себеси во таква положба што сите потешкотии ќе бидат согледани како неуспеси на индустрискиот систем, а не на политичкото делување на револуционерите. Револуцијата против индустрискиот систем најверојатно ќе треба да биде револуција на аутсајдери, револуција одоздола, а не одозгора.

195. Револуцијата мора да биде интернационална и светска. Не може да се изведува од нација до нација. На пример, кога некој ќе предложи дека САД треба да го намалат технолошкиот напредок или економскиот раст, луѓето стануваат хистерични и почнуваат да врескаат дека ако заостанеме во развојот на технологијата, Јапонците ќе нѐ претекнат. Свети роботи! Планетата ќе излета од својата орбита ако Јапонците продадат повеќе автомобили од нас! (Национализмот е моќен промотор на технологијата.) Некои потрезвени луѓе тврдат дека диктатори ќе завладеат со целиот свет ако релативно демократските нации заостанат во технолошкиот развој, додека диктаторските нации како Кина, Виетнам или Северна Кореја продолжат да напредуваат. Затоа индустрискиот систем треба да биде нападнат истовремено во сите нации, доколку е тоа возможно. Навистина, нема гаранција дека индустрискиот систем може да биде уништен истовремено низ целиот свет, и возможно е обидот да се отфрли системот да доведе до состојба во која диктаторите ќе ја преземат контролата над системот. Тоа е ризик кој мора да се преземе. И вреди да се преземе, бидејќи разликата помеѓу „демократскиот“ индустриски систем и оној контролираниот од диктаторие мала, во споредба со разликата помеѓу индустрискиот систем и неиндустрискиот систем.[33] Дури може да се каже дека индустрискиот систем предводен од диктатори е пожелен, бидејќи таквите системи најчесто се неефикасни, и затоа има поголеми шанси да се распаднат. Погледнете ја Куба.

196. Револуционерите можеби треба да ги поддржат мерките кои имаат тенденција да ја поврзат во целост светската економија. Договорите за слободна трговија како NAFTA или GATT се најверојатно штетни за околината на кратки патеки, но на долги патеки тоа може да има предности затоа што ја зголемува зависноста помеѓу нациите. Ќе биде полесно да се уништи индустрискиот систем на светско ниво доколку светската економија е толку единствена што падот на една моќна нација ќе доведе до пад на сите индустриски нации.

197. Некои луѓе велат дека модерниот човек има преголема моќ, преголема контрола над природата; тие поддржуваат пасивно однесување на човечката раса. Во најдобар случај, овие луѓе се изразуваат нејасно, бидејќи тие не прават разлика помеѓу моќта на ГОЛЕМИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ и моќта на ПОЕДИНЦИТЕ и МАЛИТЕ ГРУПИ. Погрешно е да се поддржува немоќта и пасивноста, бидејќи луѓето имаат ПОТРЕБА од моќ. Модерниот човек како колективен ентитет – то ест, индустрискиот систем – има огромна моќ над природата, и ние (FC) мислиме дека тоа е лошо. Но модерните ПОЕДИНЦИ и МАЛИТЕ ГРУПИ имаат многу помала моќ од примитивниот човек. Општо земено, огромната моќ на „модерниот човек“ над природата не е во рацете на поединците и малите групи, туку во рацете на големите организации. Просечниот модерен ПОЕДИНЕЦ може да располага со моќите на технологијата само до одредени граници, и само под надзор и контрола на системот. (За сѐ е потребна дозвола, а со дозволата доаѓаат правила и регулативи.) Поединецот ги поседува само оние технолошки моќи кои системот ги одобрува. Неговата ЛИЧНА моќ над природата е мала.

198. Примитивните ПОЕДИНЦИ и МАЛИТЕ ГРУПИ всушност имале значителна моќ над природата; или можеби е подобро да се каже дека имале моќ ВНАТРЕ во природата. Кога примитивниот човек имал потреба од храна, тој знаел каде да најде и како да подготви корења што се јадат, како да го следи дивечот и да го улови со рачно изработени оружја. Тој знаел како да се заштити себеси од топлина, студ, дожд, опасни животни, итн. Но примитивниот човек направил релативно мала штета на природата, бидејќи КОЛЕКТИВНАТА моќ на примитивното општество е безначајна во споредба со КОЛЕКТИВНАТА моќ на индустриското општество.

199. Наместо да поддржуваме немоќ и пасивност, треба да ја уништиме моќта на ИНДУСТРИСКИОТ СИСТЕМ, а тоа значително ќе ја ЗГОЛЕМИ моќта на ПОЕДИНЕЦОТ и МАЛИТЕ ГРУПИ.

200. Сѐ додека индустрискиот систем не биде целосно распарчен, уништувањето на тој систем мора да биде ЕДИНСТВЕНАТА цел на револуционерите. Другите цели ќе го оттргнат вниманието и енергијата од главната цел. Уште поважно, доколку револуционерите си дозволат себеси да имаат други цели освен уништувањето на технологијата, тие ќе дојдат во искушение да ја употребат технологијата како алатка за остварување на другата цел. Ако подлегнат на тоа искушение, тие повторно ќе паднат во технолошката замка, бидејќи модерната технологија е единствен, цврсто организиран систем, во кој, ако сакате да користите НЕКОЈА технологија, морате да ги задржите ПОВЕЌЕТО други технологии, така што, на крајот жртвувате само симболични делови на технологијата.

201. Да претпоставиме дека револуционерите ќе ја земат „социјалната правда“ за своја цел. Познавајќи ја човечката природа, социјалната правда нема да дојде спонтано; таа ќе мора да биде применета со сила. За да ја применат, револуционерите ќе мораат да ја задржат централната организација и контрола. За да го направат тоа, ќе им биде потребен брз транспорт и комуникација на огромни далечини, а со тоа и целата технологија потребна за поддршка на транспортните и комуникациските системи. За да ги нахранат и облечат сиромашните луѓе тие ќе мораат да ја користат земјоделската и производствената технологија. И така натаму. Обидот да обезбедат социјална правда ќе ги принуди да задржат поголем дел од технолошкиот систем. Ние немаме ништо против социјалната правда, но не треба да дозволиме да се меша со напорот за отстранување на индустрискиот систем.

202. Би било безнадежно револуционерите да се обидат да го нападнат системот без да користат НЕКАКВА модерна технологија. Ако ништо друго, треба да ги користат комуникациските медиуми да ја рашират нивната порака. Но, треба да ја користат технологијата само за ЕДНА цел: напад на технолошкиот систем.

203. Замислете си алкохоличар со буре вино пред него. Да претпоставиме дека ќе почне да размислува на следниов начин: „Виното не е лошо ако се користи умерено. Всушност, во мала количина е здраво! Нема да ми наштети ако се напијам малку...“ Па, знаете што ќе се случи. Немојте никогаш да заборавите дека човечката раса со технологија е исто што и алкохоличар со буре вино.

204. Револуционерите треба да имаат што повеќе деца. Има силен научен доказ дека општествените ставови до одреден степен се наследни. Не велиме дека општествените ставови на една личност се директна последица на генетскиот состав, но карактерните црти се делумно наследни и дека одредени карактерни црти, во контекст на нашето општество, имаат тендеција да направат личноста да прифати одредени општествени ставови. Овие докази се оспорувани, но тие забелешки се слаби и се чини се идеолошки мотивирани. Во секој случај, децата најчесто поддржуваат општествени ставови слични на ставовите на своите родители. Од наша гледна точка, не е важно дали ставовите се пренесени генетски или преку воспитување. Во секој случај тие СЕ пренесени.

205. Проблемот е што многу луѓе кои се против индустрискиот систем се исто така загрижени за проблемите со популацијата, и затоа често имаат малку или воопшто немаат деца. На овој начин тие му го предаваат светот на луѓе кои го поддржуваат или го прифаќаат индустрискиот систем. За да се осигура силата на следната генерацијана револуционери, денешната генерација треба обилно да се размножува. Тоа многу малку ќе го влоши проблемот со популацијата. Најважниот проблем е отстранување на индустрискиот систем, бидејќи кога ќе го нема индустрискиот систем светската популација ќе се намали (параграф 167); но, доколку индустрискиот систем преживее, тој ќе продолжи да развива нови техники на производство на храна кои ќе овозможат светската популација да се зголемува бескрајно.

206. Во однос на револуционерната стратегија, единственото нешто на кое апсолутно инсистираме е дека најважната цел е уништување на модерната технологија, и не треба да се дозволи ниту една друга цел да се натпреварува со неа. За останатото, револуционерите треба да заземат емпириски пристап. Доколку искуството покаже дека препораките во горенаведените параграфи не даваат добри резултати, тогаш тие препораки треба да бидат отфрлени.

Два вида технологија

207. Аргументот кој најверојатно ќе биде упатен против нашата револуција е дека таа е осудена на пропаст, бидејќи (така се тврди) низ историјата технологијата секогаш напредувала, никогаш не се враќала назад и затоа технолошката регресија е невозможна. Ова тврдење е погрешно.

208. Ние разликуваме два вида технологија и ги нарекуваме мала технологија и организациско-зависна технологија. Малата технологија е технологија која може да се користи од мали заедници без надворешна помош. Организациско-зависната технологија е технологија која зависи од голема општествена организација. Не знаеме за ниту еден случај на регресија во малата технологија. Но, организациско-зависната технологија доживува регресија доколку пропадне општествената организација од која зависи. Пример: кога пропаднала Римската империја, малата технологија на Римјаните преживеала бидејќи секој вешт селски занаетчија можел да изгради, на пример, воденица, секој вешт ковач можел да изработи челик по римски методи, итн. Но, римската организациско-зависна технологија НАВИСТИНА доживеала регресија. Нивните аквадукти биле уништени и никогаш не биле обновени. Нивните техники за изградба на патишта биле изгубени. Римскиот систем на урбана канализација бил заборавен, така што канализациските системи на европските градови дури неодамна го достигнаа нивото на антички Рим.

209. Причината зошто изгледа дека технологијата постојано напредува е затоа што до почетокот на Индустриската револуција поголемиот дел од технологијата била мала технологија. Но поголемиот дел од технологијата по Индустриската револуција е организациско-зависна технологија. Земето го на пример ладилникот. Без фабрички произведени делови или услугите на постфабричките машински работилници, групалокални занаетчиинемаат никаква шанса за произведат ладилник. Ако случајно им успее да произведат ладилник, тој ќе биде неупотреблив без доверлив извор на електрична енергија. Значи, тие ќе треба да изградат брана и генератор. Генераторите бараат огромни количини на бакарна жица. Пробајте да направите бакарна жица без модерна технологија. И каде ќе најдат погоден гас за ладилникот? Би било многу полесно да изградат мразарникили храната да ја чуваат со сушење и димење, како што се правело пред појавата на ладилникот.

210. Значи, јасно е дека ако пропаднеиндустрискиот систем, технологијата за изработка на ладилници ќе биде изгубена. Истото важи и за другата организациско-зависна технологија. А ако оваа технологија биде изгубена за време на една генерација, ќе бидат потребни векови да се обнови, исто како што биле потребни векови да се создаде. Преостанатите технички книги ќе бидат малубројни и расфрлани. Индустриско општество кое од почеток се гради без надворешна помош, може да биде изградено единствено низ неколку фази: потребни ви се алатки за да произведете алатки за да произведете алатки за да произведете алатки... Долг процес на економски развој и напредок во општественатаорганизација. Дури и во недостиг на идеологија која се спротивставува на технологијата, нема причина да веруваме дека некој би бил заинтересиран за повторна изградба на индустриското општество. Ентузијазмот за „напредок“ е феномен својствен за модерната форма на општество и се чини дека не постоел пред 17-от век.

211. Во доцниот Среден век имало четири големи цивилизации кои биле еднакво „напредни“: Европа, Исламскиот свет, Индија и Далечниот исток (Кина, Јапонија, Кореја). Три од тие цивилизации останале прилично стабилни, а само Европа станала динамична. Никој не знае зошто Европа станала динамична во тоа време; историчарите имаат свои теории, но тоа се само претпоставки. Во секој случај, јасно е дека брзиот развој кон технолошка форма на општество се случува само во посебни услови. Затоа, нема причина да претпоставиме дека не може да се случи долготрајна технолошка регресија.

212. Дали општеството ПОВТОРНО ќе се развие кон индустриско-технолошка форма? Можеби, но нема потреба да се грижиме за тоа, бидејќи не можеме да предвидиме настани што ќе се случат за 500 или 1000 години во иднината. Со тие проблеми ќе треба да се справуваат луѓето кои ќе живеат во тоа време.

Опасноста од левицата

213. Поради нивната потреба за бунтовништво и членство во некое движење, левичарите или личностите од сличен психолошки тип често не ги привлекува бунтовното и активистичкото движење чии цели и членство не се примарно левичарски. Влијанието на левичарите може многу лесно да пренасочи некое движење од нелевичарско во левичарско, и да ги замени или измени целите на движењето.

214. За да се избегне ова, движењето кое ја воздигнува природата и се спротивставува на технологијата мора да заземе антилевичарски став и мора да избегнува секаква соработка со левичарите. Левицата на долги патеки е неспоива со дивата природа, со човечката природа и со уништувањето на модерната технологија. Левицата е колективистичка; таа сака да го обедини целиот свет (природата и човечката раса) во единствена целина. Но, тоа вклучува управување со природата и со човечкиот живот од страна на организирано општество, и потребна е напредна технологија. Не можете да имате обединет свет без брз транспорт и комуникација, не можете да ги натерате сите луѓе да се сакаат меѓусебно без софистицирани психолошки техники и не можете да имате „планирано општество“ без неопходната технолошка основа. Над сѐ, левицата е водена од потребата за моќ, а левичарот се стреми кон моќта на колективна основа, преку идентификување со масовно движење или организација. Најверојатно левицата никогаш нема да се откаже од технологијата, бидејќи технологијата е премногу вреден извор на колективна моќ.

215. Анархистот[34] исто така бара моќ, но тој ја бара на индивидуална основа или на основа на мала група; тој сака поединците и малите групи да ги контролираат условите на нивните сопствени животи. Тој се спротивставува на технологијата бидејќи таа ги прави малите групи зависни од големите организации.

216. Некои левичари можеби се спротивставуваат на технологијата, но тие се спротивставуваат сѐ додека се аутсајдери и технолошкиот систем е контролиран од нелевичари. Ако левицата стане доминантна во општеството, така што технологијата ќе стане алатка во рацете на левичарите, тие ентузијастички ќе ја користат и ќе го поддржуваат нејзиниот раст. Со ова левицата ќе го следи образецот кој отсекогаш го следела. Кога болшевиците во Русија биле аутсајдери, тие енергично се спротивставувале на цензурата и тајната полиција, поддржувале самоопределба на етничките малцинства, итн; но кога ја преземале власта, тие спровеле поцврста цензура и создале побрутална тајна полиција отколку која било претходно, и ги угнетувале етничките малцинства исто колку и нивните претходници. Во САД, пред неколку децении, кога левичарите беа малцинство на нашите универзитети, левичарските професори беа енергични поддржувачи на академската слобода, но денес, во универзитетите во кои преовладуваат левичарите, тие покажуваат дека се подготвени да ја одземат академската слобода на другите луѓе. (Ова е „политичка коректност.“) Истото ќе се случи со левицата и технологијата. Тие ќе ја користат за потиснување на сите останати доколку успеат да ја преземат контрола врз неа.

217. Во поранешните револуции, левичарите кои биле најмногу жедни за моќ, секогаш прво соработувале со нелевичарските револуционери и левичарите со полиберални убедувања, а подоцна ги измамувале сите за да можат самите да ја преземат власта. Робеспјер тоа го направил во Француската револуција, комунистите во Шпанија во 1938 и Кастро и неговите следбеници во Куба. Знаејќи ја историјата на левицата, ќе биде крајно глупаво денешните нелевичарски револуционери да соработуваат со левичарите.

218. Многу филозофи посочувале дека левицата е некој вид на религија. Левицата не е религија во буквална смисла, бидејќи левичарската доктрина не произлегува од постоењето на натприродно суштество. Но, за левичарите, левицата има психолошка улога исто како што религијата има за некои луѓе. Левичарот има ПОТРЕБА да верува во левицата; тоа е од огромна важност за неговата психолошка економија. Логиката и фактите не можат лесно да ги променат неговите верувања. Тој е длабоко убеден дека левицата е морално Исправна, со големо И, и дека тој нема само право туку и обврска да ги наметнува левичарските морални вредности. (Меѓутоа, многу луѓе кои ги нарекуваме „левичари“ не се сметаат себеси за левичари и не би го опишале својот вредносен систем како левичарски. Ние го користиме зборот „левица“ бидејќи не знаеме посоодветен збор за да го опишеме спектарот на слични верувања кој ги вклучува движењата за правата на хомосексуалците, феминистите, политички коректните луѓе, итн; но и затоа што овие движења покажуваат голем афинитет кон старата левица. Види ги параграфите 227-230).

219. Левицата е тоталитарна сила. Кога е на власт, левицата има тенденција значително да ја наруши приватноста и да ја обликува секоја мисла во левичарскиот калап. Тоа делумно е поради квазирелигиозниот карактер на левицата; секое верување спротивно на левицата претставува Грев. Уште поважно, левицата е тоталитарна сила поради потребата за моќ на левичарите. Левичарот бара да ја задоволи својата потреба за моќ преку идентификување со општествени движења и тој се обидува да мине низ процесот на стекнување моќ преку остварување на целите на движењето (параграф 83). Но, без разлика колку далеку ќе отиде движењето во остварувањето на своите цели, левичарот никогаш не е задоволен, бидејќи неговиот активизам е заменска активност (параграф 41). Со други зборови, вистинскиот мотив на левичарот не е да ги оствари целите на левицата; во реалноста тој е мотивиран од чувството за моќ кое го стекнува преку остварување на некоја општествена цел.[35] Поради тоа, левичарот никогаш не е задоволен со целите кои веќе ги постигнал; неговата потреба за моќ го наведува постојано да бара некоја нова цел. Левичарот сака еднакви можности за малцинствата. Кога ќе го постигне тоа, тој инсистира на статистичка еднаквост во постигнувањата на малцинствата. И сѐ додека некоја личност во својот ум има негативни ставови за некое малцинство, левичарот мора да го превоспита. Но, етничките малцинства не се доволни; никој не смее да има негативни ставови кон хомосексуалците, дебелите луѓе, старите луѓе, грдите луѓе, итн. Не е доволно јавноста да биде информирана за штетноста од пушењето; предупредување мора да биде ставено на секоја кутија цигари. Рекламирањето на цигарите мора да биде ограничено или забрането. Активистите нема никогаш да се задоволат сѐ додека тутунот не биде прогласен за незаконски, а потоа следува алкохолот, брзата храна, итн. Активистите жестоко се борат против злоупотреба на децата, што е разбирливо. Но, тие сега сакаат да го спречат и најмалиот ќотек. Кога ќе го постигнат тоа, тие ќе сакаат да забранат нешто друго кое го сметаат за недозволиво, а потоа нешто друго, итн. Тие нема да се задоволат сѐ додека не постигнат целосна контрола над воспитувањето на децата. А потоа ќе се префрлат на некоја друга цел.

220. Да претпоставиме дека сте побарале од левичарот да состави листа на СИТЕ работи кои се погрешни во општеството, а потоа да претпоставиме дека сте ја задоволиле СЕКОЈА општествена промена којашто тие ја побарале. Речиси со сигурност може да се каже дека за неколку години мнозинството левичари ќе најдат некоја нова причина да се жалат, да исправат некоја нова општествена „неправда“, бидејќи, повторно, левичарот е помалку мотивиран од проблемите на општеството отколку од потребата да ја задоволи сопствената моќ со наметнување на неговите решенија за проблемите на општеството.

221. Поради ограничувањата во нивното размислување и однесување како последица на нивниот висок степен на социјализација, многу левичари од прекумерно социјализиран тип не можат да стекнат моќ на начин на кој тоа го праватостанатите луѓе. За нив, потребата за моќ има единствен морално прифатлив излез, а тоа е борбата за наметнување на нивната моралност на сите луѓе.

222. Левичарите, особено оние од прекумерно социјализиран тип, се Вистински верници, како од книгата на Ерик Хофер, „Вистинскиот верник“ (Eric Hoffer, The True Believer). Но, сите Вистински верници немаат ист психолошки профил како левичарите. Најверојатно некој тврдокорен нацист, например, е психолошки многу поразличен од некој тврдокорен левичар. Поради нивната посветеност на една цел, Вистинските верници се корисна, можеби неопходна, состојка на секое револуционерно движење. Ова претставува проблем со кој ние не знаеме како да се справиме. Не знаеме како да ја насочиме енергијата на Вистинскиот верник кон револуцијата против технологијата. Во моментов можеме само да кажеме дека ниту еден Вистински верник нема да биде добар регрут за револуцијата доколку неговата посветеност не е насочена само кон уништување на технологијата. Доколку е посветен и на друг идеал, тој можеби ќе сака да ја употреби технологијата во остварување на тој идеал (види ги параграфите 220, 221).

223. Некои луѓе можеби ќе речат, „Целата оваа приказна за левицата е глупост. Познавам луѓе кои се левичари и тие немаат тоталитарни тенденции.“ Точно е дека многу левичари, можеби и бројното мнозинство, се чесни луѓе кои веруваат во толеранција на туѓите верувања (до одреден степен) и не употребуваат екстремни методи во остварување на своите општествени цели. Нашите забелешки за левицата не се однесуваат на секој поединечен левичар, туку на општиот карактер на левицата како движење. А општиот карактер на движењето не е секогаш одреден од бројниот однос на различните луѓе вклучени во тоа движење.

224. Луѓето кои се издигнуваат до позиција на моќ во левичарските движења се најчесто левичари кои се гладни за моќ, бидејќи луѓето кои се гладни за моќ најмногу се трудат да дојдат на власт. Кога овие луѓе ќе ја преземат контролата на движењето, сѐ уште има многу левичари кои не ги одобруваат повеќето дејствија на лидерите, но не можат да им се спротивстават. Ним им е ПОТРЕБНА вербата во движењето, а бидејќи не можат да се откажат од оваа верба тие продолжуваат да ги следат водачите. Навистина, НЕКОИ левичари имаат храброст да се спротивстават на тоталитарните тенденции кои произлегуваат, но тие најчесто губат, бидејќи луѓето гладни за моќ се подобро организирани и побрутални и макијавелистички настроени, и се погрижиле да изградат силна основа на својата власт.

225. Овој феномен јасно е воочлив во Русија и останатите земји во кои завладеале левичарите. Слично на тоа, пред распадот на комунизмот во СССР, левичарите од Западот ретко ја критикуваа таа земја. Испровоцирани,тие би признале дека СССР направила многу лоши работи, но потоа би се обидувале да најдат оправдувања за комунистите и би започнале да зборуваат за грешките на Западот. Тие секогаш се спротивставуваа на западниот воен отпор на комунистичката агресија. Левичарите низ целиот свет енергично протестираа против војната во Виетнам, но кога СССР го нападна Авганистан тие не направија ништо. Тоа не значи дека тие ги оправдуваа дејствата на СССР; но поради нивната левичарска верба, тие не можеа да се спротивстават на комунизмот. Денес, на универзитетите каде што доминира „политичката коректност“, најверојатно има многу левичари кои не го одобруваат ограничувањето на академската слобода, но не преземаат ништо против тоа.

226. Тоа е причината поради која левичарите кои се умерени и толерантни луѓе не се спротивставуваат на левицата кога таа има тоталитарни тенденции.

227. Нашата дискусија за левицата има сериозна слабост. Сѐ уште е далеку од јасно што мислиме кога ќе го употребиме зборот „левичар.“ Но, се чини дека не можеме да сториме многу во врска со тоа. Денес левицата е разделена на цел спектар од левичарски движења. Сепак, сите активистички движења не се левичарски, а некои движења (на пример, радикалната екологија), вклучуваат личности од левичарски и личности од нелевичарски тип, кои би требало да знаат подобро отколку да соработуваат со левичарите. Многу левичари постепено стануваат нелевичари, и затоа, често е многу тешко да одлучиме дали некоја личност е левичар или не е. Нашето сфаќање за левицата е изложено во овој текст и на читателот можеме само да му дадеме совет самиот да процени кој е левичар.

228. Но, ќе биде корисно да наведеме неколку критериуми за препознавање на левицата. Критериумите не можат да бидат применети механички. Некои личности можеби ќе поседуваат некои критериуми без да бидат левичари, а некои левичари нема да поседуваат ниту еден критериум. Уште еднаш, ќе морате самите да процените.

229. Левичарот е ориентиран кон масовен колективизам. Тој ја истакнува должноста на поединецот да му служи на општеството и должноста на општеството да се грижи за поединецот. Тој има негативен став кон индивидуалноста. Тој често користи морален тон. Тој поддржува контрола на оружјето, сексуално образование и други психолошко „просветлени“ образовни методи, општествено планирање, афирмативни акции, мултикултурализам. Се поистоветува со жртвите. Тој е против конкуренција и насилство, но често наоѓа оправдување за левичарите кои користат насилство. Тој ги користи често употребуваните фрази на левицата како, расизам, сексизам, хомофобија, капитализам, империјализам, ноеколонијализам, геноцид, општествена промена, социјална правда, општествена одговорност. Можеби најдобрата карактеристика која го претставува левичарот е неговата симпатија кон следниве движења: феминизам, права на хомосексуалците, етнички групи, права на животните, политичка коректност. Секој оној кој покажува силна наклонетост кон СИТЕ овие движења речиси сигурно е левичар.[36]

230. Многу поопасните левичари, оние кои се гладни за моќ, често се арогантни или имаат догматски пристап кон идеологијата. Меѓутоа, наојпасните левичари можеби се одредени прекумерно социјализирани личности кои избегнуваат агресивност, и работат тивко и ненаметливо во промовирање на колективистички вредности, „возвишени“ психолошки техники за социјализирање на децата, зависност на поединецот од системот, итн. Овие криптолевичари (како што ги нарекуваме)во однос на практичното делување наликуваат на одредени буржоаски личности, но се разликуваат во нивната идеологија, психологија и мотивација. Обичниот буржуј се обидува да ги стави луѓето под своја контрола за да го заштити својот начин на живот, или затоа што неговите ставови се конвенционални. Криптолевичарот се обидува да ги стави луѓето под контрола на системот, бидејќи тој е Вистински верник во колективистичката идеологија. Криптолевичарот се разликува од просечниот прекумерно социјализиран левичар по тоа што неговиот бунтовнички импулс е послаб и е многу повеќе социјализиран. Тој се разликува од просечниот буржуј по тоа што има длабока празнина во себе која го принудува да се посвети себеси на некоја цел и да се вклучи во колектив. И можеби неговата (добро сублимирана) потреба за моќ е посилна од онаа на просечниот буржуј.

Завршна забелешка

231. Во овој текст изнесовме најразлични тврдења, а некои од тие тврдења можеби се погрешни. Недостигот на доволно информации и потребата за итност направија да биде невозможно попрецизно да ги формулираме нашите тврдења или да ги додадеме сите потребни квалификации. И, секако, во ваква дискусија човек мора силно да се потпира на интуицијата, која понекогаш може да згреши. Затоа овој текст изнесува само груб приказ на вистината.

232. И покрај тоа, ние сме сигурни дека општите тврдења кои ги изнесовме се прилично точни. Мораме да споменеме само една слаба точка. Ја претставивме левицата во нејзината модерна форма како феномен својствен за нашето време и како симптом на нарушување на процесот на стекнување моќ. Но, можеби не сме во право. Прекумерно социјализираните личности кои се обидуваат да ја задоволат својата потреба за моќ преку наметнување морални вредности постојат веќе подолго време. Но, ние МИСЛИМЕ дека пресудната улога претставена од чувствата на инфериорност, ниската самодоверба, немоќта, поистоветувањето со жртвите од страна на луѓето кои самите не се жртви, е својствена за модерната левица. Поистоветувањето со жртвите од страна на луѓето кои самите не се жртви може до одреден степен да се согледа во левицата од 19-от век и раното христијанство, но симптомите на ниска самодоверба, итн., не биле ниту приближно толку видливи во овие движења, или во кои било други движења, како што се видливи во модерната левица. Но не можеме да тврдиме дека такви движења не постоеле пред појавата на модерната левица. Ова е важно прашање на кое одговор ќе треба да дадат историчарите.

 

 

[1] Не тврдиме дека СИТЕ, или повеќето силеџии и безмислосни натпреварувачи страдаат од чувство на инфериорност.

[2] За време на Викторијанската ера, многу прекумерно социјализирани личности страдале од сериозни психолошки проблеми како резултат на потиснување или обиди за потиснување на нивните сексуални чувства. Фројд најверојатно своите теории ги засновал на луѓе од овој тип. Денес фокусот на социјализација е преместен од сексот кон агресијата.

[3] Нужно не ги вклучува и специјалистите-инженери или оние од „сериозните“ науки.

[4] Има многу поединци од средната и високата класа кои се спротивставуваат на овие вредности, но нивниот отпор најчесто е прикриен. Таков отпор се појавува во масовните медиуми само до одреден степен. Главниот удар на пропагандата во нашето општество е во корист на споменатите вредности. Главната причина зошто овие вредности станале официјални вредности на нашето општество е бидејќи тие се корисни за индустрискиот систем. Насилството се обесхрабрува бидејќи го нарушува функционирањето на системот. Расизмот се обесхрабрува бидејќи етничките конфликти го нарушуваат системот, а дискриминацијата го уништува талентот на припадниците на малцинските групи кои можат да бидат корисни за системот. Сиромаштијата мора да биде „излекувана“ бидејќи ниската класа создава проблеми за системот, а контактот со ниската класа го уништува моралот на другите класи. Жените се охрабрувани да имаат кариери бидејќи нивниот талент е корисен за системот, и уште поважно, со тоа што имаат постојана работа, жените се подобро интегрирани во системот и се врзани директно за него, наместо за своите семејства. (Лидерите на системот велат дека сакаат да го зајакнат семејството, но тие всушност сакаат семејството да служи како ефикасна алатка за социјализирање на децата во согласност со потребите на системот. Ние во параграфите 51,52 тврдиме дека системот не може да си дозволи семејството или другите мали општествени групи да бидат силни и автономни.)

[5] Може да се каже дека повеќето луѓе не сакаат самите да носат одлуки, туку сакаат лидерите да размислуваат за нив. Има вистина во тоа. Луѓето сакаат да носат сопствени одлуки за мали работи, но носењето одлуки за тешки, фундаментални работи подразбира психолошки конфликт, а повеќето луѓе мразат психолошки конфликт. Но, тоа не значи дека тие сакаат наметнати одлуки без да имаат можност да влијаат на тие одлуки. Повеќето луѓе се следбеници, не водачи, но сакаат да имаат директен пристап до нивните водачи, да можат да извршат влијание врз нивните водачи и да учествуваат до одреден степен во донесување на некои од тешките одлуки. Барем до тој степен им е потребна автономија.

[6] Некои од наведените симптоми се слични на симптомите на заробените животни. Да објасниме како настануваат тие симптоми во однос на процесот на стекнување моќ: разумното сфаќање на човечката природа ни кажува дека недостигот на цели за чие остварување е потребен напор води кон досада, а таа досада, доколку е долготрајна, води кон депресија. Неуспехот во остварување на целите води кон фрустрација и мала самодоверба. Фрустрацијата води кон лутина, лутината кон агресија, често во форма на злоупотреба на децата или партнерот. Докажано е дека долготрајната фрустрација најчесто води кон депресија, а таа депресија предизвикува чувство на вина, нарушување на сонот, нарушување на исхраната и мала самодоверба. ЗА луѓето кои тежнеат кон депресија, задоволството е нивниот противотров; оттаму доаѓа незаситниот хедонизам и прекумерниот секс, често со переверзии кои треба да пружат дополнителни задоволства. Досадата исто така предизвикува прекумерна потрага по задоволства, бидејќи во недостиг на други цели, луѓето често го користат задоволството како цел. Горенаведените објаснувања се едноставни. Реалноста е покомплексна, а секако, нарушувањето на процесот на стекнување моќ не е ЕДИНСТВЕНАТА причина за наведените симптоми. Исто така, кога споменуваме депресија не мислиме секогаш на депресија која е доволно сериозна да биде лекувана од психијатар. Често се присутни само умерени форми на депресија. А кога зборуваме за цели, не мислиме нужно на долгорочни, осмислени цели. За повеќето луѓе низ историјата, непосредната егзистенција (обезбедување храна за себе и своето семејство) била доволна цел.

[7] Делумен исклучок може да се направи за неколку пасивни, повлечени групи, како што се Амишите, кои имаат многу мало влијание врз поширокото општество. Покрај овие, во Америка постојат некои мали, автентични заедници. На пример, малолетните банди или „култовите.“ Сите ги сметаат за опасни, и тие навистина се опасни, бидејќи членовите на групата најчесто се лојални пред сѐ едни на други, а потоа на системот, и затоа системот не може да ги контролира. Или, на пример, Циганите. Циганите најчесто се извлекуваат со кражбите и измамите бидејќи нивната лојалност е таква што секогаш можат да најдат други Цигани кои ќе сведочат во нивна корист. Очигледно е дека системот ќе биде во опасност доколку премногу луѓе припаѓаат на такви групи. Некои кинески филозофи од почетокот на 20-от век кои сакале да ја модернизираат Кина, ја сфатиле потребата од уништување на малите општествени групи како што е семејството: (Според Сун Јат-Сен/Sun Yat-sen) на кинескиот народ му е потребна нова доза патриотизам, кој ќе доведе до префрлување на лојалноста од семејството кон државата... (Според Ли Хуанг/Li Huang) Традиционалната поврзаност, особено кон семејството, треба да биде напуштена доколку сакаме во Кина да се развие национализмот (Chester C. Tan, Chinese Political Thought in the Twentieth Century, стр. 125, 297).

[8] Да, знаеме дека Америка во 19-от век имала проблеми, и тоа сериозни, но итноста нѐ принудува да се изразуваме едноставно.

[9] Ја оставаме настрана „ниската класа“, овде зборуваме за мнозинството.

[10] Некои општествени научници, едукатори, професионалци за „ментално здравје“ и ним слични, прават с што можат да ги стават општествените потреби во првата група, со тоа што се обидуваат на сите луѓе да им обезбедат задоволителен општествен живот.

[11] Дали потребата за бескрајно стекнување на материјални добра е вештачка креација на рекламната и маркетинг индустријата? Сигурно не е вродена. Постоеле многу култури кои посакувале малку материјални добра освен оние кои биле неопходни да се задоволат нивните физички потреби (австралиските Абориџини, традиционалната мексиканска селска култура, некои африкански култури). Но, имало и многу прединдустриски култури во кои стекнувањето материјални добра било многу важно. Затоа не можеме да тврдиме дека денешната култура е креација само на рекламната и маркетинг индустријата. Но, јасно е дека рекламната и маркетинг индустријата одиграле голема улога во создавањето на таа култура. Големите корпорации кои трошат милиони долари на реклами,не би трошеле толку многу пари ако не се сигурни дека ќе ги вратат преку зголемената потрошувачка. Еден член на FC пред неколку години сретна маркетинг менаџер кој најискрено му кажа: „Нашата работа е да ги натераме луѓето да купуваат работи кои не ги сакаат и не им се потребни“. Тој потоа му опишал како недоволно обучен нов вработен не може да продаде ништо на одредени луѓе, но обучен и искусен може да продаде многу работи на истите луѓе. Ова покажува дека луѓето се изманипулирани да купуваат работи коишто не им се потребни.

[12] Се чини дека проблемот на бесцелност станал помал во последните 15 години бидејќи луѓето сега се чувствуваат физички и економски понебезбедни од порано, а потребата за сигурност им обезбедува цел. Но, бесцелноста е заменета со фрустрациите предизвикани од тешкотиите во остварување на сигурноста. Го нагласуваме проблемот со бесцелноста бидејќи левичарите и либералите сакаат да ги решат нашите општествени проблеми со тоа што општеството ќеја гарантира сигурноста за сите; но ако тоа биде направено, повторно ќе се појави проблемот со бесцелноста. Вистинскиот проблем не е дали општеството успева да ја обезбеди сигурноста на луѓето; проблемот е што луѓето се зависни од системот за нивната сигурност,наместо да ја имаат сигурноста во свои раце. Ова е причината зошто некои луѓе го поддржуваат правото на поседување оружје; поседувањето оружје ја става нивната сигурност во нивните сопствени раце.

[13] Напорите на конзервативците да го намалат бројот на владините регулативи се од мала корист за обичниот човек. Како прво, само дел од регулативите можат да бидат отстранети бидејќи повеќето регулативи се потребни. Како второ, од отфрлувањето на регулативите најмногу корист имаат бизнисите, а не обичниот човек. А нивната главна цел е префрлување на моќта од власта кон приватните корпорации. За обичниот човек ова значи дека мешањето на власта во неговиот живот е заменето од големите корпорации, кои можат да дозволат, на пример, фрлање повеќе хемикалии во неговиот извор на вода, а како последица на тоа тој да добие рак. Конзервативците мислат дека обичниот човек е будала, и ја експлоатираат неговата огорченост од Големата влада за да ја промовираат моќта на Големиот бизнис.

[14] Кога некој ќе ја одобри употребата на пропагандата за некоја цел, тоа најчесто се нарекува „образование“ или се користи некое друго име. Но, пропагандата е пропаганда без разлика за која цел се користи.

[15] Ниту ја одобруваме, ниту ја осудуваме инвазијата на Панама. Ние само ја користиме како пример.

[16] Кога Американските колонии биле под британска власт, имало помалку ефикасни законски гаранции за слободата отколку што имало по донесувањето на американскиот Устав; но, сепак имало повеќе слобода во прединдустриска Америка, пред и по Војната за независност, отколку што имало откако Индустриската револуција ја зафатила оваа земја. Следните цитати се од „Насилството во Америка: Историска и компаративна перспектива“ (Violence in America: Historical and Comparative Perspectives, уредници Hugh Davis Graham и Ted Robert Gurr, поглавје 12, автор Roger Lane, стр. 476-478): „Прогресивното зголемување на стандардите на сопственост, а со тоа и зголемувањето на улогата на полициските органи во спроведувањето на законите (во Америка во текот на 19-от век)... биле вообичаени за целото општество... Промената во општественото однесување е долгорочна и широко распространета и укажува на поврзаноста со најзначајниот општествен процес: индустриската убранизација... Масачусетс во 1835 имал 660.940 жители, од кои 81% рурално население, главно прединдустриско и староседелско. Неговите жители имале значајна лична слобода. Без разлика дали биле превозници, селани или занаетчии, тие биле навикнати сами да си го одредуваат распоредот, а природата на нивната работа ги правела физички зависни едни од други... Индивидуалните проблеми, гревовите или криминалните дејствија, најчесто не биле причина за поголеми општествени грижи... но влијанието на овие две миграции – кон градот и кон фабриката - кои тукушто започнале да добиваат на сила во 1835, имале прогресивен ефект на човечкото однесување за време на целиот 19-от и почетокот на 20-от век. Фабриката инсистирала на правилно однесување, живот подреден на ритамот на часовникот и календарот и потребите на сопственикот и надзорникот. Во градот, потребите за живеење во густо населените населби забраниле многу дејства кои претходно биле нормални. Физичките и административните работници во големите претпријатија биле зависни од своите колеги; бидејќи сечија работа се вклопувала во работата на другиот, повеќе немало самостојност... Последиците од новата организација на животот и работата биле видливи до 1900, кога 76% од 2.805.346 жители на Масачусетс биле класифицирани како урбано население. Многу облици на насилно и непримерно однесување кои биле толерирани во произволните, независни општества повеќе не биле прифатливи во формалната, кооперативна атмосфера од подоцнежниот период... Накратко, миграцијата кон градот создала многу попослушна, посоцијализирана, ’поцивилизирана‘ генерација.“

[17] Поддржувачите на системот сакаат да наведуваат случаи во кои крајниот резултат на изборите зависел од еден или два гласа, но такви случаи се многу ретки.

[18] „Денес, во технолошки напредните земји, луѓето живеат многу слични животи и покрај географските, религиозните и политичките разлики. Секојдневниот живот на христијанскиот банкарски службеник во Чикаго, будистичкиот банкарски службеник во Токио и комунистичкиот банкарски службеник во Москва многу повеќе личат еден на друг отколку што животот на кој било од нив е сличен со животите на луѓето кои живееле пред илјада години. Овие сличности се последица на заедничка технологија...“ (L. Sprague de Camp, The Ancient Engineers, Ballantine edition, стр. 17). Животите на тројцата банкарски службеници не се ИДЕНТИЧНИ. Идеологијата има НЕКАКОВ ефект. Но, сите технолошки општества, за да преживеат, мора да еволуираат по ПРИБЛИЖНО иста патека.

[19] Некој неодговорен генетски инженер може да создаде многу терористи.

[20] Уште еден пример за несакани последици во медицинскиот напредок. Да претпоставиме дека е откриен лек за ракот. Дури и третманот да чини многу пари и да е достапен само за елитата, тоа значително ќе го намали еланот на таа елита да го спречи фрлањето канцероген отпад во природата.

[21] Бидејќи на многу луѓе можеби ќе им изгледа парадоксално што голем број на добри работи можат да предизвикаат нешто лошо, ќе употребиме една аналогија. Да претпоставиме дека господин А игра шах со господин Б. Господин Ц, велемајстор, гледа преку рамото на господин А. Се разбира, господин А сака да победи, и ако господин Ц му покаже некое добро движење, тој му прави услуга на господин А. Но, да претпоставиме дека господин Ц му кажува на господин А како да ги одигра сите движења. Во овој случај тој му прави услуга на господин А покажувајќи му како да одигра најдобро, но со тоа што му ги покажува СИТЕ движења тој ја уништува играта, бидејќи нема смисла господин А воопшто да ја игра играта доколку некој друг ги прави сите негови движења. Состојбата во која се наоѓа модерниот човек е слична на онаа на господин А. Системот му го олеснува животот на поединецот на најразлични начини, но истовремено му ја одзема контролата врз неговата сопствена судбина.

[22] Овде го разгледуваме конфликтот на вредности само кај мнозинството. Заради поедноставен приказ, ќе ги изоставиме „надворешните“ вредности како што е идејата дека дивата природа е поважна од економската состојба на луѓето.

[23] Личната корист не секогаш е МАТЕРИЈАЛНА. Може да биде задоволување на некоја психолошка потреба, на пример, промовирање на сопствената идеологија или религија.

[24] Објаснување: Во корист на системот е да дозволи одреден степен на слобода во некои области. На пример, економската слобода (со одредени ограничувања и забрани) се покажала како ефикасна во промовирање на економскиот раст. Но само планирана, ограничена слобода е во корист на системот. Поединецот мора секогаш да биде држен на узда, иако понекогаш уздата е многу долга (види ги параграфите 94, 97).

[25] Не сакаме да кажеме дека ефикасноста или потенцијалот за преживување на едно општество секогаш биле обратно пропорционални на степенот на притисок или незадоволство на кои општеството ги изложува луѓето. Тоа секако не е вистина. Има добра причина за верување дека примитивните општества ги изложувале луѓето на помал притисок отколку европските општества, но европските општества се покажале многу поефикасни отколку примитивните општества и секогаш победувале во конфликтите со овие општества поради предностите произлезени од технологијата.

[26] Ако мислите дека поефикасното спроведување на законите е добро бидејќи го спречува криминалот, тогаш запомнете дека криминалот дефиниран од системот не е нужно она што ВИЕ би го нарекле криминал. Денес, пушењето марихуана е „криминално дело,“ а исто така, во некои делови во САД, и поседувањето нерегистрирано оружје. Во иднина, поседувањето на КАКВО БИЛО оружје, регистрирано или не, можеби ќе биде криминално дело, а истото може да се случи и со непожелните методи на воспитување на децата, како на пример ќотекот. Во некои земји, искажувањето на дисидентски политички мислења е криминално дело, а нема гаранции дека тоа никогаш нема да се случи во САД, бидејќи ниту еден устав и политички систем не се вечни. Ако општеството има потреба од голема моќна сила за примена на законите, тогаш нешто не е во ред со тоа општество; тоа сигурно ги изложува луѓето на големи притисоци доколку повеќето луѓе одбиваат да ги почитуваат законите или ги почитуваат бидејќи се принудени на тоа. Многу општества во минатото функционирале со многу мала или со никаква формална сила за спроведување на законите.

[27] Секако, и минатите општества имале средства за влијание врз човечкото однесување, но тие биле примитивни и помалку ефикасни во споредба со технолошките средства кои денес се развиваат.

[28] Сепак, некои филозофи јавно го искажувале својот презир кон човечката слобода. Математичарот Клод Шанон (Claude Shannon) бил цитиран во Omni (август 1987): „Си замислувам време во кое ние ќе бидеме за роботите она што кучињата се за луѓето, а јас навивам за роботите.“

[29] Ова не е научна фантастика! По пишувањето на параграфот 154 наидовме на напис во Scientific American, според кој научниците активно развиваат техники за откривање на идни криминалци и за лекување на истите со биолошки и психолошки средства. Некои научници поддржуваат присилна примена на третманот, кој можеби ќе биде достапен во иднина. Можеби мислите дека ова е во ред бидејќи третманот ќе биде применет на оние луѓе кои можеби ќе станат насилни криминалци. Но, секако нема да застанат тука. Следно, третманот ќе биде применет на оние луѓе кои можеби ќе станат пијани возачи (и тие, исто така, го загрозуваат човечкиот живот), потоа оние кои можеби ќе ги злоупотребуваат своите деца, потоа еколозите кои можеби ќе уништуваат опрема за сечење дрва и на крајот сите чиешто однесување е неприфатливо за системот.

[30] Уште една предност на природата како контраидеал на технологијата е тоа што кај многу луѓе природата создава еден вид почитување кое е на ниво на религија, па оттаму природата можеби ќе биде идеализирана на религиозна основа. Точно е дека религијата во многу општества служела како поддршка и оправдување за владејачкиот поредок, но исто така пружала и основа за бунт. Затоа, можеби е корисно да се воведе религиозен момент во борбата против технологијата, уште повеќе што денешното Западно општество нема силна религиска основа. Денес, религијата или се употребува за ефтина и транспарентна поддршка на ограничена, кратковидна себичност (некои конзервативни луѓе ја користат на овој начин) или цинично се користи за заработка на лесни пари (од многу евангелисти) или преминала во суров ирационализам (фундаменталистички протестантски секти) или едноставно стагнира (католицизам). Најблиското нешто до силна, добро раширена динамична религија што ја видел Западот во скорешни времиња е квазирелигијата на левицата, но денешната левица е разгранета и нема јасна, единствена цел. Оттаму доаѓа и религиозниот вакуум во нашето општество кој можеби може да биде пополнет со религија посветена на природата и спротивставена на технологијата. Но, ќе биде голема грешка да се создаде вештачка религија за да ја пополни оваа празнина. Таква измислена религија најверојатно ќе биде неуспешна. Земета ја за пример, религијата „Геја“. Дали нејзините следбеници навистина веруваат во неа или само глумат? Доколку само глумат, нивната религија на крајот ќе биде само уште еден неуспех. Најдобро е да не се вклучува религијата во конфликтот на природата против технологијата, освен ако навистина не верувате во таа религија и ако таа буди длабоки, силни и искрени чувства кај другите луѓе.

[31] Да претпоставиме дека ќе дојде до таков конечен удар. Но, индустрискиот систем може да биде уништен и постепено, со мали чекори (види ги параграфите 4, 167 и забелешка 4).

[32] Можно е револуцијата да се случи само преку масовна промена на ставовите контехнологијата, а тоа ќе резултира со релативно бавно и безболно уништување на системот. Ќе имаме многу среќа ако се случи тоа. Многу поверојатно е дека транзицијата кон нетехнолошко општество ќе биде многу тешка и полна со конфликти и катастрофи.

[33] Економската и технолошката структура на општеството се многу поважни од политичката структура во одредувањето на начинот на кој ќе живее просечниот човек.

[34] Оваа изјава се однесува на одреден вид анархизам. Многу општествени ставови се нарекуваат „анархистички“, и можеби многу луѓе кои се нарекуваат анархисти нема да го прифатат нашиот став во параграфот 215. Исто така, треба да се напомене дека постои ненасилно анархистичко движење кое најверојатно нема да ги прифати FC како анархисти, а секако нема да ги прифати нашите насилни методи.

[35] Многу левичари се мотивирани од непријателство, но тоа непријателство најверојатно е последица на потребата за моќ.

[36] Важно е да сфатите дека мислиме на некој кој е симпатизер на овие ДВИЖЕЊА онакви какви што постојат денес. Оној кој верува дека жените, хомосексуалците, итн., треба да имаат еднакви права не е нужно левичар. Феминистичките, геј и другите движења кои постојат во нашето општество имаат карактеристичен тон својствен за левицата, а ако некој верува дека, на пример, жените треба да имаат еднакви права, не значи дека мора да биде симпатизер на денешното феминистичко движење.