Просечноста убива. За нас не постои среден пат. Секој оној што се нарекува анархист се соочува со одлучувачка дилема, или да делува или да се смири и да ја напушти анархијата. Бидејќи анархија на работ од законот и со умерени зборови не е можна.

1. Симболизмот во случајностите

По речиси две години, се ближи крајот на третото судење на Државата против Заговор на Огнените ќелии. Театарскиот спектакл го достигнува својот врв со „светиот“ чин на одбраната.

Симболизмот на зборовите не е случаен. Имено, за правосудната цивилизација одбраната се смета за „свето“ право на обвинетиот. Потсетува на исповед на верникот пред свештеникот. Тоа е врвниот момент на егзалтација на правосудната власт, пред пресудата. Од обвинетиот се бара да коленичи пред судиите (случајно, во Грција над главите на судиите стои слика од „Синот Божји“. Случајностите ги препуштаме на индивидуалниот суд.) и да моли за прошка за казнените гревови, за милост, па дури и за негово рехабилитирање. Во јазикот на симболизмот помили секогаш ни биле еретичните иконокласти наместо правдата на Инквизицијата. Во реалниот свет ние сме анархонихилисти и нема да се браниме пред ниту еден судија.

2. Крстопати на сеќавања и негација

Нашето одбивање да им се извиниме на судиите секако не е изолиран момент, туку дел од востаничката историја на анархоиндивидуалистите од практика. Искуствата од претходните времиња денес уште повеќе нѐ зближуваат со другарите од минатото, Емил Анри, Равашол, Клемент Дивал, Мариус Жакоб, Огист Вајан, Северини ди Џовани и десетици други вечно бунтовни души.

Овие другари тогаш судењата ги користеле за да му дадат глас на востанието и да го разбијат стравот од власта. Нивните „одбрани“ го извртеа поимот на пораз и го претворија во „обвинение“ против судиите, свештениците и властите од тоа време. Истовремено, нивната насмевка со презир пред гилотината врежа неизбришлива лузна на негација и непокор во светот на покорноста.

Меѓутоа, историското одмаздување на другарите од минатото би било наивно. Освен тоа, од одмаздувањето може единствено да произлезе свештенство и следбеници.

Сега е наше време и мораме да ги наостриме нашите предизвици во сегашноста.

Денес не мораме нужно да бидеме во судница за нашиот глас да ги пробие ѕидовите на заробеништвото. Дигиталниот технолошки фашизам, освен насилната катаклизма на преовладувачката слика и режимската интернет пропаганда, има пукнатини (и покрај напорите на властите целосно да се заштитат) кои се „заразени“ со анархистичката реч и нејзиното ширење.

Секоја епоха мора да ги открие сопствените негации. Немаме причини заради кои би останале врзани за традицијата која сака анархистичките затвореници да даваат политичка одбрана пред судиите.

Тие одбрани кои до вчера претставувале радикални гестови против судот, денес можат да бидат погубна поврзаност со традицијата или величање на минатото без никаква перспектива или развој.

Преку опседнатоста со минатото, негово идеализирање и имитирање, наместо да се искористи радикалната традиција, таа се задушува и се претвора во „религиозна“ догма. Особено денес кога голем дел од анархистичката сцена избира да се послужи со подгреан марксизам и фантазии за народни востанија, вооружената анархистичка герила нема причина да ја следи етиката на политичката пристојност која по секоја цена сака анархистите да се „бранат“ пред своите судии. Сите видови судии (конзервативци, фашисти, демократи) се институционални претставници на власта и избрале страна. Не постои простор за дијалектика, само состојба на војна помеѓу светот кои тие го претставуваат и вредностите кои ние ги изразуваме. Во овие две години колку што трае ова судење, непокајнички ги браневме сите напади на организацијата, еден по еден.

Ги истакнавме причините заради кои беа изведени, го поддржавме изборот на анархистичка урбана герила, ја демистифициравме полициската семоќност, ги разоткривме сите сплетки на антитерористичката единица, непрекинато нагласувавме дека останатите обвинети не учествувале во вооружените акции на Заговор на Огнените ќелии, меѓународно ја изразивме нашата солидарност со другарите во затвор, јавно ги поддржавме вооружените дела (на пр., бомбата на илегалната секција на ЗОЌ против директорката на затворот Коридалос), што за последица имаше да бидеме обвинети, како одмазда на државата, за поттикнување на „Проектот Феникс“, и воопшто не дозволивме ниту ронка примирје во војната против Државата.

Сето тоа се делови од немировниот избор да не му дозволиме на јазикот на нашиот непријател да го клевети, валка со лаги и искривува нашето дело. Нашите зборови и нашите ставови побегнаа од затворската судница и преку соучесништво на радикалните контраинформациски проекти и анархистичките преведувачки мрежи станаа јавни.

Затоа не ни е потребно индивидуално да се „браниме“ со лични „извинувања“. Она што го кажавме сѐ уште важи…

3. Не се каеме

Се разбира, како што веќе и напишавме, тоа е нашиот индивидуален и колективен став, а не света вистина на „супер-револуционерството“ која би сакале на сите да им ја наметнеме. За оние кои не капитулираат пред непријателот и кои преземаат одговорност за вооружената акција и анархистичката побуна, зборовите можат да се разликуваат (понекогаш и многу), но суштината на востаничкото дело е она што вреди. Оттаму, ако уште некој сака да се „брани“, дури и само заради естетска или лична сатисфакција, опсипувајќи ја правосудната власт со бура од навреди и омаловажување, ние се разбира дека ќе го поддржиме таквиот избор. Истото важи и за борците кои преку својата политичка реч во суштина ги поништуваат судиите и го истакнуваат фактот дека бунтот не може да биде ниту осуден ниту затворен… За нас вистинскиот проблем се јавува кога некој од една страна сака да го задржи својот јавен анархистички профил, а од друга сака да ги искористи законските олеснителни околности (кои ги одобрува судската власт кои таквите наводно ја отфрлаат) и се повикува на законските неправилности не само за да ја нагласи манипулацијата на репресијата туку и за пресудата да му биде поблага. И токму тогаш власта навистина триумфира и се смее на небулозите, полузборовите, изговорите и контрадикторностите на своите поранешни непријатели.

Бидејќи не постои ништо полошо од тоа како анархист прво да кажеш дека си ја разгорел војната против Државата, а потоа да молиш за милост и благост.

Се разбира, некои на тој начин можат да достигнат осакатена слобода или поблага пресуда. Но, за нас сеќавањето е нашиот најстрог „судија“. Сеќавањето на ветувањето кое сме го дале и што сме направиле. Сеќавањето на ветувањето кое сме го дале и што ќе направиме.

Затоа немаме ништо да изјавиме пред судот, освен да се прогласиме себеси за НЕПОКАЈНИЧКИ АНАРХИСТИЧКИ УРБАНИ ГЕРИЛЦИ и да ги поддржиме со сето срце и сета сила СИТЕ напади на ЗОЌ за кои нѐ обвинуваат. Тие напади се дел од нас и ние сме дел од тие напади.

Одбиваме да се извинуваме, да молиме за олеснувања, да повикуваме сведоци за лична (а не политичка) одбрана, бидејќи одбиваме да ја играме улогата на угнетените кои секогаш се во позиција на постојана одбрана.

Не го прифаќаме моралот на слабост, ниту естетиката на жртви, која секогаш налага одбрана.

Уморни сме од тоа постојано криење зад зборови кои го обезоружуваат ризикот на Анархијата преку едноставно зборување за политичкото гонење на една идеологија. Анархијата не е идеологија која гние на некоја полица за книги – таа е начин на живот против легалноста.

Кадифената рака на демократијата обично не се стреми да гони идеи, туку почесто луѓе кои, со своите акции, се обидуваат да бидат конзистентни со нивните идеи.

Ова го направивме создавајќи анархистички заговор на пријателство, другарство, напад… Вака беше родена новата анархистичка урбана герила, вака продолжува да живее Заговор на Огнените ќелии. Нашите напади ги креваат во воздух симболите и службениците на системот, ги уништуваат храмовите на парите, палат канцеларии на политичките партии, напаѓаат приватни обезбедувачи и компании за обезбедување, поставуваат бомби во затворите, судовите, центрите за притвор, фашистичките збиралишта, Парламентот, полициските станици, црквите, домовите на министрите. Праќаме експлозиви до амбасадите и државните поглавари, креваме во воздух воени возила и воени цели, палиме медиумски канцеларии и новинарски возила, одбираме да живееме на незаконската страна на животот, далеку од естетиката на парите и моралот на авторитетот, против технолошките канџи на дигиталниот свет и стадото робови, против културата на компромис и цивилизацијата на експлоатација на животните и природата.

Од мигот кога го избравме патот на анархистичката урбана герила, знаевме однапред дека постои шанса да умреме во борба или да добиеме долги затворски казни кои ќе ги минеме во заточеништво. Но, и покрај тоа што сме затвореници на власта во моментов, барем знаеме дека не живеевме како робови.

Затоа што кога затвореникот ќе најде начин да избега, тоа и ќе го направи, додека робот ќе остане во својата ќелија дури и ако вратите му се отворени.

Затоа не жалиме за ниту еден момент од нашиот заговор и од нашиот револт. И илјадапати да нѐ осудат судовите од целиот свет, илјадапати би го повториле истото. И времето да се врати назад, уште илјадапати би го избрале истиот начин на живот, со уште повеќе тензија и уште повеќе напади.

4. Против мерачите на времето и продавачите на идеали

Сега целосно ги напуштивме илузиите. Знаеме дека нашите зборови за многумина не се привлечни. Мнозинството повеќе сакаат да фантазираат за светкавиот начин на живот, кој ги продава вредностите на нивниот свет, рекламирајќи среќа во форма на нов мобилен телефон и најновиот модел на автомобил.

Но ние не сме продавачи на идеали кои се стремат да придобијат што поголема толпа на конзумери. Не сме ниту часовничари кои го мерат своето време и своите избори според часовникот на зрелите и објективни услови за наводното општествено будење. За нас, времето е сега и местото е овде. Ги повикуваме оние кои имаат уши за да слушнат и срца за да почувствуваат. Вака се создаваат можностите за индивидуално, егзистенцијално, насилно, вооружено востание кое ги поставува вистинските основи за општото уништување на постоечкото.

Сѐ друго што доаѓа од реформистичката, антигерилска тензија, е политика и оправдание со цел да се прикрие неактивноста и неделувањето.

Денес, урбаната герила во Грција мора да се соочи не само со железната репресија на Државата, туку и со анархошефовите на антигерилската тенденција внатре антиавторитарното милје. Така се објаснува големата контрадикција на нашето време. Додека бескомпромисната урбана герила презема одговорност за своите напади врз моќта, оддалечувајќи се од тажната традиција на минатите декади во кои анархистите беа вечни жртви на репресија и се криеја зад смешните изјави: „Гонет сум за моите идеи“, „Бев само случаен минувач…“, таа истовремено се соочува со полемики, маргинализација и клевети од страна на големата реформистичка струја која паразитира во анархистичките кругови и која ита кон алтернативен начин на живот, формални жалби, интровертност и самозаробување во микрокосмосот од мали островчиња на лажна слобода.

Не е случајност што денес во многу случаи реформистичките анархисти ги разоружуваат самоорганизираните структури (на пример сквотовите) и ги претвораат од средства на разнолика борба во цел сама за себе. Но, сквотот кој ја раскинува врската со насилната анархистичка директна акција и кој само се репродуцира себеси како мал остров на слобода, наскоро ќе се претвори во безопасна, алтернативна субкултура на псевдоанархистичкиот животен стил. Кога тоа ќе се случи, практиката на вооружена борба и саботажа ќе изчезне, а ќе триумфираат резигнацијата и бедата.

Во ваквиот современ дух на дефетизам, разно-разни анархошефови тврдат дека нашата бескомпромисна позиција во судот допушта кршење на нашите „права“ од страна на репресивните власти.

Вистината е дека во нашето отфрлање на компромисот одбравме „законско самоубиство“, затоа што најпрво го убивме моралниот закон во нас.

Причината поради која не нѐ интересираат нашите пресуди не е поради тоа што сме имуни на заточеништво, туку поради тоа што единственото нешто за кое сме заинтересирани е продолжувањето на нашиот бунт.

Бунт кој ниту еден затвор и ниту еден суд не можат да го потчинат.

Ако во минатиот век анархистите од практика беа испраќани на гилотина и на бесилка, денес за нас градат изолирани единици, специјални крила и затвори со висока безбедност. Значи, сме преминале од непосредна средба со џелатот до бавна смрт од бетон, железни решетки и катанци. Но, ова е местото каде повторно се среќаваме со нашите другари од минатото.

Ова е местото во кое негациите се воружуваат. Ова е местото во кое тврдоглавоста и свеста туркаат кон постојано востание. Ова е местото во кое ја одржуваме во живот насмевката на оние кои се соочиле со губилиштето, ова е местото каде ги одржуваме непроменети нивниот глас и нивните последни зборови:


„ДА ЖИВЕЕ АНАРХИЈАТА…“

ЗА НАС НИКОГАШ НЕМА ДА ПОСТОИ ПРИМИРЈЕ…

НЕКА НАШИТЕ НЕГАЦИИ

НА ОПШТЕСТВОТО НА ВЛАСТ

СЕ ПРЕСТОРАТ ВО ИЛЈАДА ВООРУЖЕНИ ГЕРИЛСКИ ЌЕЛИИ

ЗА ШИРЕЊЕ НА АНАРХИСТИЧКОТО ВОСТАНИЕ

ДА ЖИВЕЕ FAI/IRF!

ДА ЖИВЕЕ ЗАГОВОР НА ОГНЕНИТЕ ЌЕЛИИ!


Заговор на Огнените Ќелии/Ќелија на затворените членови

Јоргос Полидорос

Харис Хаџимикелакис

Кристос Цакалос

Герасимос Цакалос

Панајотис Аргиру

Михалис Николопулос

Јоргос Николопулос

Олга Економиду

Дамианос Болано

Теофилос Мавропулос